Сигурно повеќето од вас ја имале оваа лектира за обработка во 4та година средно.Позади сите тие апсурдни дејства и монотони дијалози книгата крие многу длабока порака. Владимир и Естрагон го чекаат Годо.Не се знае кој е Годо па ни зашто го чекаат. Кога го прашале Бекет кој е всушност Годо, кажал дека не знае. Претствата била одиграна пред голема публика.Дел од публиката била воодушевена и кажала дека има голема вредност, другиот дел од публиката го тврдела спротивното.Но кога претставата била одиграна пред затвореници добилна неочекувана критика.Тие биле воодушевени и кажале дека ја разбираат претставта затоа што само тие знаеле што е тоа чекање. На каков начин ја доживеавте вие оваа приказна? Според ова дело ние сите во животот чекаме нешто или некого.Кого чекате вие? Кој е Годо според вас ?
Леле, кога ќе ми текне на делово од средно..Значи, се нервирав премногу што го читав, а нели сакав да си ја задржам високата оцена, и ете ради реда го прочитав. Првенствено, мислев дека тотално потрошено ми беше времето, непродуктивно потрошено. Бескорисно дело, без особена поента, апсурдни дијалози и дејствија, без животна лекција. Ама, ја имавме најдобрата професорка, со умешната интерпретација на делото успеа да не ја открие пораката.. Како и да е, Годо не е навидум бесмислен лик и 'преварант' кој никогаш не ни дојде. Многу повеќе од тоа е. Синоним за надеж за подобро утре, и покрај сите патешествија кои ги имаме кроз животот.
Потполно се согласувам. Толку тупо нешто,разговори без везе,тапа,тули,нема дејствие,апсурд,абе но комент...па тоа ти го викале трагикокомедија...како не...ни на тоа не личи,жими Годо! Ќе се обесиме? На дрво? Може на дрво? Абе обесете се...свашта....абе глупости имаше,нервите ми ги дигна,а не расположението... *смајли шо се крсти*
@simonna.a навистина лектирата е многу досадна за читање ама фората е во тоа што Бекет преку толку досадно дело успеал да создаде убава порака
Според мене, нема лоша книга. Секоја книга си носи некаква порака и вредност. Тоа дека е малку досадна да, но пак некоја поука се извлекува од неа, значи не е залудно времето поминато во читање.
Баш оваа книга од сите дела што ги читавме во средно ми остави најголем впечаток. Баш тие "апсурдни" дијалози си ги читав со задоволство. А за силната порака на книгава не мора да спомнувам. Сите си имаме некого/нешто што го чекаме, а не се знае дали ќе го дочекаме. Одлична книга, ако погледнете малку под површината.
Мене баш ми беше интересна, во средно ја обработувавме и сакам книги кои длабоко ќе те продлабочат и ќе те замислат и уште повеќе освојат. Имаше апсурдни дијалози но сепак беше многу поучна. Јас ја сфатив како чекањето некогаш не се исплати бидејќи ризикот е голем, губиш многу нешта додека чекаш некого и незнаеш дали ќе го дочекаш. Одлична и според мене книга.
И мене ми беше досадна - тогаш, но кога ќе ја сфатиш пораката која си ја носи со себе оваа книга, всушност сфаќаш дека секој поединец има свој Годо и зависно во кој период од животот се наоѓаш - Годо е секогаш различен. Досадна е - не викам не, ама сепак добра порака која всушност ни се случува на секој од нас. Ама....да ми бил тогаш овој памет...но не ми бил зашто јас сум чекала друг Годо тогаш
Досадните дијалози или тие т.н празни разговори во книгата се таму со причина. Така јас ја сфатив книгата бидејки ја отсликува реалноста во која живееме, една болно реална слика. Секојдневно ги водиме ние самите тие празни дијалози, дискутираме за сосем небитни теми и чекаме... Чекаме некој, чекаме нешто а и ние не знаеме што. Годо е за секој различно, јас го замислив како надежта, се пронајдов во книгата. Убава книга е и верувам дека ке ми остане во секавање подолго време, вреди да се прочита и да се подразмисли на таа тема повеке.
Interesno knigice...Iako sum naviknata na "teski"knigi ovaa e isklucok koj mi se dopadnal Unikatna e Nema druga kniga so vakva sodrzina (toa go postuvam)
Godo e simbolot na toa sto ne znaeme sto sakame i sto cekame vo zivotot knigata samo povrsinski da ja citas e navistina glupost ama koga ke se obides da navlezes i razberes sto vsusnost pisuva vo nea ke izvleces dobra poraka
Не ми беше интересна бидејќи нема заплет-колуминација и пресврт. Драма на апсурдот во права смисла на зборот.
Ех! Лектирата која ја прочитав на глас... Добра е инаку, грев прават дечињата што кажуваат лоши зборови за неа. Спојлер Уште поголем оние што плукаат по култниот „Процес“ од Кафка.