Чекај ме (Пјеро Делји Антони)

Discussion in 'Книги' started by macefeminka, Jun 20, 2012.

  1. macefeminka

    macefeminka Активен член

    Joined:
    Jun 18, 2012
    Messages:
    44
    Likes Received:
    7
    Ја препорачувам на сите!!! Книгата е волшебна!

    Секоја жена ќе посака да го има тој маж до нејзе!!! Нема да зборувам многу, во прилог ви давам кратко резиме!


    Чекај ме - Пјеро Делји Антони

    Само за миг замислете си дека одите во некоја книжарница каде се продаваат стари книги и шетајќи низ рафтовите забележувате книга на чија задна корица е опишан еден мал дел од книгата, а токму тој дел е вашиот најважен момент во животот и сè е исто-како писателот да пишувал токму за вас, токму за тој ваш миг. Како ќе се почувствувате во тој момент?

    Токму ова ѝ се случува на Микола-главниот лик во овој преубав роман. Еден ден додека шета низ антикварницата за книги пронаоѓа книга, а на задната страна е опишана сцена-кога една жена поминува покрај тезга и вниманието и го привлекува една кадифена играчка-мече со сламен шешир, со тркалезни очила со црна рамка и со црвена вратоврска со точки.

    Па тоа е нејзина случка, дел од нејзиниот живот а дома го има токму тоа исто мече. Насловот на книгата која ја наоѓа Микола е - „Чекај ме”, а автор е Доменики Кверчоли (сосема непознат за неа). Микола веднаш ја купува книгата и читајќи ја сфаќа дека сè друго во неа нема никаква врска со неа освен... сцената со мечето, а таа тоа не го раскажала никому.

    Микола сега е возрасна жена со еден развод во минатото и возрасен син, но случката со книгата ја враќа назад во нејзината младост кога работела како докторка, нејзиниот син бил мал и сфатила дека сопругот ја изневерува. Па при еден конгрес таа започнува една убава љубовна приказна со Манлио, но таа љубов прерано и наеднаш е прекината-без никакво објаснување. А сега после толку време ја пронаоѓа оваа необична книга и таа започнува потрага по нејзиниот автор.

    Кој е тајниот писател на книгата?

    Е тоа ве оставам да го откриете сами ако се решите да го прочитате ова преубаво дело. Искрено мене премногу ми се допадна и овој пат навистина страниците сами се вртеа додека читав, а кога го дочитав сакав уште. Оваа книга ќе ве натера да размислувате за вистинската љубов-онаа која се случува само еднаш во животот и за која вреди да се чека и да се живее. Оваа книга ќе ве врати во најважниот ден од вашите животи!
     
    cresa-jagoda likes this.
  2. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Joined:
    Sep 5, 2010
    Messages:
    2,800
    Likes Received:
    3,270
    Gender:
    Female
    Ми се допадна премногу.
    Начинот на пишување, тоа што не тормози многу со исти нешта и опасниот пресврт на настани што ти го држи вниманието.
    Најмногу ми се допадна крајот, зашто мразам краеви што завршуваат трагично и неубаво за главниот лик ама сепак ликот е среќен и се стреми кон подобро. Тоа ми е многу патетично. Се знае, или е црно или бело. :)
     
  3. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Joined:
    Oct 1, 2010
    Messages:
    688
    Likes Received:
    192
    Gender:
    Female
    Исто и мене многу ми се допадна книгава. Лесна за читање, љубовно романче.
     
  4. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Joined:
    Nov 6, 2017
    Messages:
    940
    Likes Received:
    5,182
    Дали има филм сниман врз основа на книгава? И како е оригиналното име на книгава? :)