Јас чесноста многу ја ценам кај луѓето и ми се чини ако таа е застапена кај секого поинаку би се живеело.Што мислите вие?
И јас исто, чесноста и искреноста најмногу ги ценам тие се најважни работи кај еден човек. Убаво ќе беше сите да беа чесни и искрени, но за жал од ден на ден тоа се помалку и помалку го има кај луѓето.
Кај што имаме што да кажеме,бројот на страници на темите зборуваат...трачеви,секс,изневерувања...таму совест не не гризе...тука ако пиешеме,ко киселина ќе не изгризе. Чесност,што беше тоа?! Денес тие што се чесни,се глупави.Така викаат...за жал.Другите работат само за себе.Сплеткарат,крадат,изневеруваат,користат...
Во денешно време да се биде чесен е еднакво на тоа да бидеш сметан за будала.За жал така е, се сложувам чесните луѓе се храбри луѓе, но денес таа особина, не е прифатена. Обично луѓето имаат почит кон лицемерието...сакаат да им го кажеш тоа што сакаат да го слушнат, заобиколувањето на вистината, лажењето и крадењето го гледаат како доблест, како вештина за почит. како и да е :Ако сте чесни и искрени луѓето можат да ве излажат, но сепак БИДЕТЕ ЧЕСНИ И ИСКРЕНИ.
Cesen vo ova necesno vreme e toa e cudnoto........ Sto ako si cesen koga dr ne se cesni,sepak sekoj si gleda za sebe i si pravi kako saka.... [mod-kirilica:3rkyhzn2][/mod-kirilica:3rkyhzn2]
Во денешно време ретка е оваа особина, но многу ја почитувам чесноста. Само што треба да биде позастапена...и се ќе биде подобро
koga se vo prasanje materijalnite raboti i angelot stanuva gjavol...sea mi tekna ova,me inspirira od sekojdnevieto(vesti,vesnici,TV i dr) [mod-kirilicapjmg2sq][/mod-kirilicapjmg2sq]
Поради својата совест и лична сатисфакција чесноста е најдрага особина на еден карактер. Ама за жал денес е се поретка карактерна особина.
Славица 999 , јас и ти делиме иста мисла. Ама за жал е се поретка карактерна особина , и би додала многумина не знаат за неа.
Јас познавам чесни луѓе, многу ги сакам и почитувам. Поретки се, но за среќа се’ уште не е истребен овој вид. Учам од нив, а не од нечесните.
Што е чесноста? Англискиот збор се протега од содржини како убаво, прекрасно, учтиво, директно, искрено, мирно и соодветно па сé до нежно, рамноправно и неопределено. Оној што е фер ги почитува пишаните и непишаните закони, се придржува кон принципите на достоинство, такт, навики. Онаму, каде што владее чесноста, цивилниот кураж и непримената на сила, отвореноста и љубовта не се далечни поими. Тој бара толеранција и изедначеност за да го третираме фер противникот. Но и чесноста има непријатели: лукавството и финтата, трикот и измамата. Онаму, каде се водат тешки борби, каде важно е само да се биде број еден, големо е искушението да се остави така, да се повредат правилата на игра и да се искористи сопствената предност. Зависта од победа и притисокот од успех не му оставаат простор на духот на чесност. Фер играта станува луксуз, а чесноста утопија.
Чесност? Постои? Јас се сомневам во тоа... Толку се пореметени моралните вредности што сега е позитивно се што некогаш било негативно. Денес се ФАЦА оние кои биле во затвор, сите се плашат од нив, јаки се, силни, ПОЧИТУВАНИ, ФАЦИ се оние кои им презбораат на наставниците и професорите, им го тргаат дневникот од раце... Кражбите исто така се секојдневие, проституцијата, злоупотребата на деца, педофилијата, корупцијата... и каде е чесноста? Секоја чест на оној кој е и чесен и успева во животот истовремено Мојата чест е моето достоинство и не правам ништо што би можело да го загрози.
Чесност ценам. Колку што сака времево нека забега, нека оди напред, ама оваа особина јас највисоко ја ценам. Можеби затоа што денес е толку ретка. Додека работев како келнерка(нели е општо познато дека сите келнери си ставаат во џепчето), ме тераа да ставам настрана, па после да делиме. Газдата беше навистина гад, ама мене срце не ми даваше. Мислам дека после совеста немаше да ме остави да спијам. Не сум скроена за таква работа и тоа е. Ми се чудеа сите и се обидуваа на сите начини да ме наговорат, ама нејсе. Дома така ме воспитале и тоа е. И дечко ми има работено како келнер(па кој нема на крај краева ), ама он од другиот ков беше Па, после на мое настојување прекрати со таа работа. Или почна да ме лаже, уште не сум на чисто. Како и да е, ова беше само прост пример за чесноста која се повеќе ја нема. Може ќе дојде ден да не посои зборот чесност, да го нема во речник
(нели е општо познато дека сите келнери си ставаат во џепчето) И јас едно време работев како келлнерка, и да и јас се соочував со тој проблем, никако неможев да го земам она што не е мое. Многу луге кои доаѓаа ми останаа добри пријатели само поради таа особина, исто како и газдите и од многу други места каде што сум работела. Иако заради таа чесност и праведност, многупати сум била и злоупотребена, сепак се гордеам што ја поседувам и барем навечер можам мирно да спијам. Сепак, еден ден, сите тие неправедности излегуваат на виделина
Чесноста ја ценам како особина, ама денеска ретко е да најдеш чесен човек. Чесно заработените пари треба најмногу да се ценат, ама има милјиони начини на нечесна заработа и тоа пак за наша штета, за луѓето. Некој и да е чесен пак ќе се зафркне од некој што не поседува ни Ч од чеснот. Во денешно време пак вреди да си чесен само заради тебе и твоите блиски, за тие што не се чесни кон тебе врати им со иста мера на крајот на краиштата кој сака да прави од него будала и да не добие ни малку благодарност за тоа што му помогнал на другиот. Никој не е часна сестра, секој има по некој грев, ама леб да вадиш чесно, чесно да се однесуваш кон личноста што ја сакаш не е грев нити карактеристика на будала.
Да, можам да се сместам во групата на чесни луѓе и да знаете, порано или подоцна, се исплатува секогаш
Ќе ја ценам ако ја пронајдам кај некој. Во денешно време ги немаме ваквите личности во изобилие. Познавам 2-3 вакви, но мислам дека тие мора да се чесни спрема мене. Other than that, no.