Чесноста многу ја ценам како особина на човекот, но проблемот е што се поретко се среќава кај луѓево. Сепак, многу е убаво да бидеш чесен, убаво е да спиеш без грижа на совет. Но воопшто не е убаво тоа што се повеќе и повеќе ја снемува.. иначе мое мислење е дека се исплати да се биде чесен.
Постои, ама дали се исплати.. Имам чесни луѓе во своето опкружување, бројот е премал, но ги ценам дупло повеќе од оние другите. Ценам личности што се фер и праведни, дури и со оние кои не го заслужуваат тоа. Јас, исто се сметам за чесен човек. До сега добро и не паметам да ми има донесено тоа, ама не сум се ни разочарала премногу. Потекнувам од чесна фамилија, исклучок не сум.
Ние сите ја цениме чесноста, но дали ние сме чесни секогаш? И јас ја ценам чесноста пред се, но многумина ја злоупотребуваат.
Чесноста е важна особина ама денес ќе сретнеш 1 во 1000 што е чесен.Гледам да бидам колку можам наклонета кон оваа особина и мислам дека успевам но има многу покварени луѓе.
Што видов фајде од таа што кон сите бев фер и чесна,некои дури тоа го сфаќаат за смешно,ама тоа е тоа да можам да се сменам би било
Аха чесноста е многу ретка особина сега многу ретка колку и да аи добар и чесен пак не чиниш и само те газат газат како мене на пример не е добро така но сега во кого останало чесност сите сега само за себе се грижат за себе се колку што можат грабаат не е фер тоа не е А и да си чесен никој не го цени тоа, ама не е бадијала чесен си си за себе и Господ ги сака таквите луѓе немора да си чесен за некој друг
Ако некогашната препознатлива особина и денес беше така ценета, ќе имавме пристоен и стандарден начин на живеење недопрен од лакомоста и посесивноста на поединци кои се повеќе ја сочинуваат толпата. Дегутантно е да се зборува за човечката чесност во изопачени услови кога владе фразата "Не гледај што правам, слушај што зборувам".
Чесноста ја има во се помали размери,да не речам секој ден умира по малку,како особина многу ја ценам кај онај кој се задражала сеуште.
Чесноста е една од најдоблесните човечки особини, чесниот човек никогаш нема да измами или излаже, а тоа е еден од предусловите за владеење на добродетелта во светот.