Најпрво честитки до Љубам за нејзиниот успех. Нека овој успех биде само уште еден во низата кои што ќе следат, и секогаш следи си ги твоите соништа, верувам дека ќе успееш уште повеќе! Честитки и до Лолита. Морам да кажам дека имам страв од тие 2 цртички, но секако претставуваат радост кога си во брак и сл. Со среќа нека ти е, и здравје како што кажа, наредно лето 2012-то, на свет ќе дојде преубаво момченце или кукличка, што и да е, само да биде здраво, живо и среќно.
Леле јас дури сега гледам и за Љубам и за Лолита. Љубам од се срце честитки, овај успех нека биде само претходник на многу други. Лолитке за тебе кога прочитав се прерадував, премило ми е, ќе имаме ново бебче на форумчево а тоа ќе има многу тетки кои ќе го сакаат премногу Еј колку ми е убаво кога ќе прочитам вакви вести, се радувам иако ни едната ни другата ве познавам.
Лолита, честитки, за бременоста, убаво и со леснина да ти минува! Љубам, честитки за наградата, многу успех и понатаму!
Честитки Љубам, од се срце ти посакувам да ти се множат успесите . Честитки и до Лолита, прекрасна вест што многу ме израдува, ти посакувам лесна бременост и конечно малата прчла повеќе нема да биде сама .
Лолита кога го прочитав постот во сдк многу ме израдува. Дали оти прв пат некој спомнува вест дека е бремен. Ме израдува веста многу, и ти посакувам лесна бременост .
Љубам, да ти семножат наградите, ти честитам Лолитке, со среќа нека ти е, со лесно да си ја поминеш бременоста
Лолита, да не пукниш ме расплака, говедо едно Фала на поканата за кумство, достојно ќе си ја реализирам задачата Со лес, што би се рекло, СловенијаЛес, Леснина Инженеринг и сите на тендерот за бебешки креветчиња. Те сакам ма, шо ми мојш?
Честитки за Лолита - и' ја посакувам и пуштам сета среќа на светов - имај лесна бременост, па да правиме гозби, макар виртуелни. Чувај се!
Честитки Лолита! Со живот нека е и со лесно, здраво и право а за пол, што сака нека биде ;] И уште две три дечиња...Гушки Бацки! Љубам душо, и на тебе ти честитам од се срце...Нека биде меѓу првите алки за успеси, кои понатака ќе додаваш на синџирот!
Лолита, ептен се израдував за оваа вест што ја прочитав !!!!!!!!! Да имаш лесна бременост, да е живо и здраво малото што и да е , од Господ е ! те бакнувам ! Честитки и до Љубам
Честитки до мама Лолита, нека и е со среќа, малата принцеза ќе добие братче или сестриче . Честитки и до Љубам за освоента награда, и уште многу такви награди да добиваш .
Кумо немој мор вака, ами шо прајме и двете плачки сне се погодиле... Дан забораам случајно...нек ти е честитО кумството... и јас те сакам џубре недно, и ти ме расплака ...елај ваму