Shana честито 10-годишнина од брак! Отсега па натаму годините да ви бидат уште поубави, уште побогати со љубов, мислост, мир, благослов врз дечињата, снабдување и секое добро!!
за милата Серафима, За многу години денов Честитки на Пуфи-Цуфи за керкичката, да е здрава и жива, и честитки на Шана, да ви се множат и сите сребрени, златни, платинести, какви и да се свадби да ги истерате
Лолита честитки многу се израдував кога прочитав. Пуфи-цуфи да е жива и здрава малата принцеза. Шана ти посакувам уште многу години успешен и среќен брак.
Пуфи Цуфи честито, да е жива и здрава ќеркичката и се најубаво! Шана честито годишнина од брак, да си дочекате уште мноооооогу години исполнети со љубов и хармонија. И честито Лолита, ти посакувам лесна бременост!
Честито 10-годишнина од брак Шана! Ви посакувам уште многу моменти исполнети со заедничка среќа и љубов. http://www.youtube.com/watch?v=nkPv5RHk ... _embedded#!
Пуфи Цуфи, да е жива и здрава ќеркичката и да биде фотогенична и згодна на мама Лолита, лесна бременост, знам дека сакаше второ детенце и се радувам што желбата ќе ти се исполни Шана, да си прославите заедно уште многу годишнини
Шана, честитки за годишнината, дај Боже уште многу годишнини да си дочекате заедно! Пуфи-Цуфи, честитки за ќеркичката, голема да расте, да е здрава и жива!
Шана,честита 10 годишнина,да ви се множат! anastasija85 честито за годишнината на Фемина,уште долго да пишиш и да не дружиш
Анастасија Честито една година на форумов, да си тука уште една, уште една ... и да ја шириш твојата позитивна енергија и милост!
Значи колку сум заостанала со новостите на форумот, бреј . Пуфи-цуфи нека ти е жива и здрава ќеркичката, ти посакувам многу убави моменти заедно со новиот бебуш . Честито Шана за годишнината, да ви се множат годините и да споделувате уште многу хармонични моменти. Анастасија85 нека ти е среќен фемина роденденот, биди ни поактивна .
Girl1985 и Пуфи Цуфи - нека ви се здрави и живи ќеркичките ,да растат големи и да ве направат горди мамички ! Shana - честита годишнина , уште многу многу години да бидете заедно ! Divinebutterfly - да ти се множат успесите во животот , па за дипломска да ни се фалиш !