Честитки до Bright, нека се живи и здрави девојките, цел живот да ги прати здравје и среќа. Прекрасно е да бидеш тетка. Како ќе се викаат принцезите? Честитки и до сите бруцоши, многу среќа и успех на факултет, ова нека биде само првиот чекор од вашите иднини и кариери. Па да читаме низ темите за вашите положени испити и добиени 10ки.
Честитки и од мене до Adi888, Plavusa.17, LittleDevil, TeaB, starbucks, Lux, Ema.Sk, SimplyElegant, pupi.girl и до останатите идни бруцоши на форумов.Ви посакувам уште многу успеси,дипломи и секако многу 10ки
Честитки до сите тазе студенти.Горди сме на нив што успеале да стигнат до тука...да ги пратат само десетки и да не се откажуваат кога ќе биде најтешко...секогаш да се борат и да се качуваат се погоре и погоре....па утре ден да имаме големи луѓе феминки А кога ќе завршите...ве чека тортава....да си каснеме сите по едно парче
family reunion, ми се полни душава со среќа, знаев дека има светлина на крајот на тунелот! го поминавме! премногу сум среќна
честитки до сите кои успеале да се запишат на факултетот што го сакаат и многу среќа и успех во понатамошното школување да се редат само 10
Честитки до сите бруцоши да се запишат на факултет, честитки до Брајт и честитки до Талита за зеленото цветче
За многу години нека е денешниов празник Пресвета Богородица. На сите нека ни подари здравје, среќа, спокој и љубов. Вечно име и на сите кои го носат името Марија, да сте живи, здрави, среќни.
Честитки до сите тазе студентки! Ви посакувам се најдобро! Честитки на сите за празников. Честитки на оние кои го носат името Марија. За многу години да го славиме празников!
Честит празник Успение на Пресвета Богородица, среќна слава и честитки до сите оние што го носат името Марија
Честито за крштевката Марте и да и е вечно името на дада ти! Слатко малечко! И да ја учи дада на убави работи И честит да ни е празникот Пресвета Богородица и честит именден на сите што се викаат Марија