Честитки Геа за работата и за првите чекори на синчето. Спојлер Честитки и до AziskaStrslenka. За „фаќањето“. Уште долго да си бидете заедно се до старост! Спојлер Барем се надевам дека е таков.
Честитки до makedonkamak! Драга моја, многу си ми мила и уживам да те читам, а кога прочитав за убавите вести кај тебе, искрено се израдував. Ти посакувам спокојна бременост, да бидеш дарувана со многу љубов, почит, внимание и разбирање од сите твои блиски во овој период, па на крајот од првото патување а пред почетокот на она потешкото со сила, здравје и насмевка да донесеш на свет здраво и силно бебенце. Исто така честитки и до Viktorijааa5. Нека овој среќен настан биде предвесник на нова пролет во вашите животи. ... а и до Gea за првите чекори на нејзиното ангелче. Нека чекори по вистинскиот пат.
Еве и тука официјално да честитам на една од најмилите феминки што обожавам да ги читам, за една прекрасна вест што ме израдува како за некој којшто лично го познавам Македонкамак, имај лесна бременост мила, ти посакувам се најубаво! Спојлер Честитки и на SuperGirl24 за дипломирањето, само успеси понатаму! Спојлер
Една официјална честитка за bittersweet,душата ми ја стопли со постот во СДК. Нека ти е жива и здрава ќерќичката,и да ве следат само убави моменти
Честитки bittersweet нека е жива и здрава Летиција, голема да расте Спојлер од мене еден предлог за аватар преубава ми е сликата таман ко за тебе
честитки bittersweet, нека ви е вечна малата, да е жива и здрава, многу многу радости да ви донесе заедно со батковците
Честитки за bittersweet за ќерќичката. Нека ви донесе само убавини. Спојлер Не се согласувам со она во СДК дај им одговорност.... Би ти порачала остави ги децата да бидат деца , да уживаат во детството.
bittersweet која среќница си ти,да сакаше по рецепт немаше да испадне. Браво за мајсторот Нека жива и здрава Летиција. Па што ако е убава на тато во душата знам дека ќе биде како мама Господ здравје да ти дава тоа е најбитно и да ве чува сите по ред. Ние тука во Маседонија чекаме мекици по брза пратка
Честитки и за Поента.Нека Бог ви подари здравје , среќа ,љубов и се разбира мали ангелчиња. Се радувам од се срце.
Честитки poenta драга. Ви посакувам долг и среќен брачен живот. И до мама bittersweet . Еднаш утнав, не честитав на време, ме излажа стикерот, не бев толку активна периодот, сега сум во тек и сега барем на време да биде. Трето па женско. Претходно прво (и второ де ) па машко, сега трета-среќа. Mилина. Да си растете и да си се радувате еден на друг.
bittersweet, честитки oд се` срце, верувам дека нема некој на кого не му го разубави денот со постот во СДК Нека е жива и здрава ќеркичката и многу да ве радува! Спојлер poenta, честитки и се најубаво во заедничкиот живот Спојлер
Честитки до Bittersweet, Абе душата ми се наполна со постот, ептен се израдував . Нека ти е жива и здрава ќеркичата, среќа здравје И љубов да ја пратат цел живот.