Фала многу. Воедно среќен роденден на синчето на @darcy и ќеркичката на @pilenka да се живи, здрави големи да растат.
@darcy @pilenka Среќен Роденден на срцињата мали. @Nana19 @ilipili да ви се живи и здрав бебушките. @Beby $ имај лесна бременост. Ве гушкам ситее, и редовно ве читам @okcenzi Фала мила ќе дојде ред и на мене.
Сега ќе звучам како пензионерине што се јавуваа во Иселенички џубокс, ама гајле ми е. Тука сум за да и’ ја честитам свадбата на @Viktorijaaa5. Знам колку беше возбудена заради тоа, љубовта кон саканиот зрачи од секој нејзин пост, а и неодамна правевме муабет поврзан со нејзиното заминување од дома. Вики, од срце ти посакувам брачниот живот да ти биде исполнет со вечна љубов, бериќет, дечиња, взаемна поддршка, разбирање и доверба. Да си дочекаш златна свадба, па да пишуваш и за тоа тука, а ние да се радуваме со тебе.
Лелеее @Viktorijaaa5, те нема асално да се пофалиш, па зарем треба да те ловам случајно по мислења во +/-40 Честит брак Вики, многу се израдував за тебе, ти посакувам секогаш да сте заљубени и среќни, отсега па натаму љубовта да те прави уште попозитивна и поисполнета отколку досега @Majli.15 честитки и на тебе мила, ти посакувам лесна бременост
Честитки @Viktorijaaa5 Животот е поубав кога има со кого да ги споделиш сите составни моменти. Денот започнете го со насмевка и радувајте се на љубовта што ја имате без оглед на формата и содржината. Кажете си се што мислите ако е од полза за вашиот мир. Бидете се што треба да си бидете еден на друг. Игнорирајте ги ситниците и простувајте си. Учете од искуството и не ги повторувајте грешките затоа што добриот брак не се случува, туку се гради со взаемна инвестиција.
@Viktorijaaa5 Мила, ти посакувам да имаш прекрасен брачен живот и од среќа да не куртулите. Да ги делите деновите едни со други сè до старост. Еве вакви да станете: @Annath Многу се израдував кога прочитав, имај лесна бременост и малото душиче да ве прави најгори родители.
Каде сте бре во СДК да кажете вакви работи?!?! Ние што не ја читаме +/- 40 како ќе бидеме во тек со овие новости?? Случајно кликнав на темава, гледам еден куп честитки, јас ко и секад последна дознавам за сè Среќен брак @Viktorijaaa5!!! Ви посакувам безброј убави мигови исполнети со многу љубов и среќа! Ако по нешто те имам запамтено од форумов, е тоа колку си среќна со љубениот Многу ми е мило што во вашата приказна започнувате една нова етапа во која ти посакувам само убавини! Па и да има лоши работи, важно е секогаш да бидете заедно, сплотени и во добро и во зло. Една честитка и за мама @Annath Некоја топлина на душа ми дојде кога прочитав дека повторно си бремена Ти посакувам лесна бременост и уште многу вакви моменти за радост во твоето семејство.
@Annath Честитки мила! Лесна бременост, бебчето уште повеќе среќа да ви донесе! @Viktorijaaa5 Чееститки брак! Вашата љубов е посебна, ви посакувам уште повеќе љубов, да бидете секогаш така заљубени и среќни!
@Viktorijaaa5 Викиии мнoгу се изрaдувaв кoгa прoчитaв декa си се oмaжилa. Честитки и ти пoсaкувaм нaјмнoгу среќa вo брaкoт! @Annath леснa бременoст!
@Viktorijaaa5 мила честитки, преубава вест! Нека брачниот живот ви биде исполнет со љубов,почит и разбирање. Среќен брак @Annath колку убава вест,случајно дознав ама ептен ме развесели. Знам колку само е посакувано бебчево а и малиот батко којзнае колку е пресреќен Ти посакувам лесна бременост па да јадеме мекици!
@Viktorijaaa5 честито. Нека заедничкиот живот ви биде исполнет со среќа,љубов.И побрзо мекици да јадеме @Annath со лесно бременоста