@Viktorijaaa5 со задоцнување да ти ја честитам свадбата. Да сте вечни и заљубени, а бракот да го крунисате со еден куп дечиња. @1209 честито дипломирање и ти посакувам што побргу да си ја уновчиш дипломата. Од сега животот ќе почне да ти се менува и да се чувствуваш чудно зашто си завршила со дрвените клупи, неудобните столчиња и амфитеатрите, ама те очекуваат поголеми предизвици. Затоа ти посакувам да си најдеш работа од соништата која ќе ја пополни оваа празнина која сега ќе ти се отвори. Патем, прекрасна си била, еве и на @Summerlover да и' кажам, да не му ја мисли премногу.
@Lady Phoenix баш ти фала, се надевам и јас дека побрзо ќе ја уновчам од струка, оти од оваа виповска работа ич не ми се радува срцето, ептен сум и благодарна само оти ме научи да бидам опуштена пред луѓе што ми беше од голема предност денес, многу бев релаксирана и без голема трема што беше карактеристично за мене. И така, фала ти и на коментарот за изгледот, не бев верна на стилот али морав малку поформално.
@1209, честитки за дипломирањето, ти посакувам уште многу успеси понатаму и што поскоро да си се вработиш по струка
@Adina Милааа, многу се израдував мор Како вчера да беше кога ти честитавме за бременоста Нека е жива и здрава малечката принцеза и многу да ве радува, да израсне во весела, откачена и позитивна убавица како мајка си (и тетка ѝ @Elissa )
@Adina Lepotooo da e zdrava I ziva princezata. Golema da raste I sekogas da e srekjna. Guski eden kup za dvete
@Adina ептен се израдував кога прочитав. Нека е жива и здрава малата. Голема да расте. <3 А, @Elissa да се појави на чет и да части! <3
@Adina да сте здрави, живи, весели, да се сакате и слушате, па за некоја година и братче/сестриче да има со кого да се дружи малата.
@mirandaa, честитки од сѐ срце за веридбата убавино, многу се израдував за тебе! Ти посакувам многу среќа, секогаш да сте насмеани и заљубени