Честитки Блонд! Да бидете вечни, заљубени и најсреќни за цел живот! И што убав топол ден сте одбрале за тој битен настан!
Честитки,Блонд ти посакувам хармоничен брак и Господ да ви даде муабет (ова имам чуено дека го посакуваат муслиманите кај мене во маалово,па кога ќе размислам има голема мудрост-здрава комуникација е клуч на успешен брак).
Блонди, се најубаво,па да даде Бог и дијамантска свадба да си славите.(и мене ми е годишнина од бракот на 12 март,преубав и многу среќен датум,веќе пробано) Ј.Ивановска, да ти е жив и здрав синот и да му расне пачето како на фабрика оџачето!
Честито Блонду! Вашиот живот нека изобилува со љубов и разбирање, и секако секојдневна хармонија. Ти посакувам се најдобро и најубаво.
Како тоа еден куп честитки се изнаредиле, а јас не знам? И честитав на Ј.Ивановска ама ајде уште еднаш нека е жив и здрав бебушот, кога ќе порасне нека ни се придружи на фемина и честитки до Блонд, да имате долг и среќен брак
Првин една голема честиотка до Ј.Ивановска и до нејзиниот бебуш да и е живо и здрави и да расте големоооооооооооооо големоооооооооооооо и да биде силно и памето мама блонд честитки и на тебе за регистрирањето и официјализирањето на вашиот брак и само среќни моменти нека ве пратат низ животот
Честитки Блонд! Нека заедничкиот животот кој го започнувате денес биде исполнет со многу бакнежи, силна смеа, добро здравје и непрекината љубов засекогаш.
Честитки до Пирамидка за парфемот, и зголемувањето на платата ... убаво е да се има некој денар повеќе Честитки до Блонд за регистирањето. Ете сега си негова жена Нека животот ви биде исполнет со многу љубов ,среќа и убави нешта ...па набрзо и со детски глас и смеа Честитки до Ј Ивановска, нека ти е здрав и жив синот голем да расне покрај мама и тато Јас со задоцнување не бев неколку дена тука ... но од срце ме радуваат убави нешта.
Блондинката наша, мажена жена... ма нек се угоде (што би рекле тие твоите ). Еднаш - за навек. Да ти испратам и една молитва што секогаш ја спомнуваат старите, а на која секогаш се смеев и мислев дека е на шега, но испадна дека е најкорисна молитва за брак - ГОСПОД МУАБЕТ ДА ВИ ДАДЕ!
Блонд честитики и од мене. Имајте прекрасен брак исполнет со здравје, среќа, љубов и повеќе детски гласови.
Блонд,нека ти е со среќа бракот, да трае уште многу, многу години и се најубаво! И многу дечиња да си имате.