А јас па си викам што ја нема да ми врати на пораката. Честитки Анаат, да ви е живо и здраво синчето, големо да расти!
Леле, отварам на мобилен фемина и гледам во сдк честитки. Трк се префрлувам на компјутер да честитам . Преубава вест, честитки. Да е живo и здравo синчето , голем да порасне и да биде фраерчина
Анат, честитки , големо да ти расне синчето и да биде среќно и весело. И ти најдобрата мајка што може да постои да бидеш!
Честитки и од мене,да е живо и здраво синчето.Премногу се израдував,иако не те знам лично,ама секогаш е прекрасно чувство да се слушне ваква вест.
Честитки до Blond, среќни и договечни да сте, да ве прати среќа, здравје, љубов, к'смет и еден куп дечиња да ви трчкаат низ дома. Честитки и за новата мамичка! Annath да е здраво и живо синчето, со среќни родители да расте и само убавини да ве пратат. Се најдобро!
Па на форумов има новости!!! Честитки на Анат!!! Нека живо и здраво, и многу радости да ви донесе! Честитки и на Блонд за легализацијата! Ви посакувам многу убави моменти поминати заедно! И на Лилитка сакав да и го честитам роденденот. Знам дека има посебна тема, ама еве сега тука сакам Да си жива, здрава и весела. И силна и независна како што си!
Анат честитки и од мене за синчето. Нека е живо и здраво и големо нека расте. Ај ние ќе си се почастиме со мекици. Ве гушкам.
Баш се израдував, Annath, честитки и од мене, нека е здраво и живо, големо да расте. Честитки и за Blond, само здравје, љубов и среќа да ве следат низ целиот живот.
Да му расне пачето како на фабрика оџачето.Ќе биде главен фраер Анатх,не се сомневам во тоа.Поздрав и до двајцата