Ви благодарам на честитките од се' срце драги мои Феминки и ви посакувам да си доживеете сите ваква радост, нема ништо поубаво од тоа на свет да донесеш ново суштество Крадам неколку слободни моменти додека малечкиот спие, само да ви се заблагодарам и да ви кажам дека ќе се потрудам да бидам тука колку што можам, иако времето ми е навистина ограничено. Ве поздравуваме и гушкаме и јас и Илија!
Комшике (бивша ) мила, голем да расти Илија, да е жив и здрав, секогаш насмеан, полн со живост и да те слуша многу.
Сме имале и бебенце на форумов ? Леле колку сум пропуштила ... Анат нека е живо и здраво бебенцето,големо да расте!
Честитки и од мене до сите младенки (младенци), само здравје, љубов и среќа да имате, и многу дечиња.
И го 4еститам на Трендафилка или по мое Руууужо (патем има ли бројче за ова Ж-во?! ) новото фризур4е со 6и6ки. Зена. Со сиски. Аде, ЧЕСТИТО!
Честитки за Божица, имај лесна бременост и убаво, здраво бебче! Ќе бидеш најдобрата мамичка, во тоа сум сигурна!
И Божица е бремена Ајде тази мамички инвазија, абе човек глава неможе да крене од вас, што ќе правиме со толку мали дечиња Се шалам секако. Честитки до Божица, секогаш ми е мило кога ќе слушнам ваква вест! Да сте ми живи и здрави сите, ми го разубавувате денов со овакви вести
Честитки Божица. Многу ми е мило што годинава имаме толку многу мамички на форумов! Се радувам многу на секој пост.
^ Тазе бремена е Штрумфи. Еве и јас ја користам приликава да и‘ испратам најубави желби и лесна бременост. Мучисимас мамаситас на форумчево, па нека ни се множат.
Честитики и до Божица за бременоста нека ти е со лесно, па да не израдуваш и ти тука со бебуле, ајдее плодна годинава ќе ни биде, ама и фемина Мучос бесос пара тодос нуевас и футурес мамаситас (ако убаво напишав, нека ме корегираат јазичарките )