ЧЕСТИТКИ ОФИИИ! Сношти го гледав Major Movie Star, (American Sweetheart) , и само што те прочитав ми текна на филмот Немаш гајле ти, и онака си тврд калибар Нека му ја мисли оној кој ќе ти падне под раце SALUTE!
Честитки Офиии !!! Да научиш таму некои финти, да ни кажеш после И честитки за Реинбоу, убаво ти стои розевко да знаеш
Што биднало со Реинбоу? Како и да е, честитки и од мене И честитки Офиии!! Браво за храброста, јас никогаш не би отишла
Oфи, ако тој избор е твоја одлука и те прави cреќна и задоволна.. Јас ти поcакувам cреќа војниче. Оружјето е моќно и го држат повеќе мажите во рака ... Но тоа не значи дека не може да го држи во рака и понекоја храбра девојка, жена .За специјална девојка , специјална единица
Ауууу Офиии секси војничка. Ептен ми е мило што имаме вакви храбри девојки. Секоја чест велешанке. Ти посакувам прекрасни мигови како војниче и се надевам ќе бидеш максимално исполнета. Виножитче честитики на новата титула И честитки на сите матурантки, полуматурантки и апсолвентки
аха, радувајте се и честитајте, кога ќе се вратам исчеличена ќе видите убаво по две три васпитни на сите има да ви удрам, само ако не ме слушате Има да научам кунг фу, нинџицу, аикидо и други кинески зборови Се шалам, фала на честитките, и со помин нека ми е
Oфи за арно нека е Ме изненади со одлукава но сепак, тоа си ти ! Brave girl, that`s our girl ! You are the man !!
Оффи честитки, ти посакувам да се пронајдеш целосно во светот на мажите и да им покажеш што значи женска сила.
Честитки Офи, големо браво за храброста! Не се ни сомневам дека ќе бидеш најсекси во редовите на армијата и во војничката униформа... man down! Ајде па еден ден да бидеш и командант, полковник или како и да им одеа титулите
Честит празник на просветните работници ''Св. Кирил и Методи'' Вечно име на сите кој вечерва слават Св Кирил и Методи.
првин нека и е честито модераторството на виножитка оффи нека те следи оваа храброст секогаш во животот честитки и до тебе за одлуката и нека ни е честито празникот
Сакам на мојата драга колегиница да и‘ го честитам името. Мила, вечер чекај не‘ со винце Воедно им го честитам името на сите Елени и на сите Костадиновци Нека е за многу години!
Вечно име на сите Елени и Костадинки Воедно, посебна честитка до мојата золва, нека ти е вечно името дадо!