Сега гледам дека Блонд ни се породила! Искрени честитки Блонд. Да е живо и здраво, а кога ќе потпорасне да се радува на братче/сестриче.
Блонд, честиткиии. Верувам дека сега си најсреќна. Лелее, девојки, тетки станавме. Сега си имаме уште една мамичка на форумов. Живо здраво нека е бебето. Големо да расте! - Парички за сон. (така оставаат кај нас) едит - Кога ќе не викаш на лангиди? (мекици)
Честитки до Блонд новата мамичка на форумов, нека е живо и здраво и големо да расте ! Туку форумов ни се поднови со тројца бебчиња и тоа машки пу пу да не ги урочиме(со пресметкиве не зна дали су точна), ајде нека ни се пофали некоја со женско феминско
Честитки Чирибирибела за ќеркичката! Да е жива, здрава и да биде наша наследничка за неколку години тука на форумот.