Честитки до брачед ми, и сега веќе, тазе, брачеда ми. Убафка таа.. И до нивното идно синче. Спојлер Уште една недела до свадбата.
Честит нека ни е празникот. Честитки и до Ики Олсен - Среќен Именден, воедно и роденден. Честитки и до оние кои слават именден... Вечно име!
Епа мажуле мое нека ни е среќна годишницата од бракот,да си славиме уште многу,многу години пропратени со здравје,среќа и повеќе пари. Честит празник на сите и срекен именден на сите кои го носат името на денешниов празник.
За многу години нека е празников. Честит именден на сите славеници. Сањичка21 честита годишнина, уште многу години исполнети со љубов, среќа и разбирање.
Честит нека ни е празников. Да живее Македонија ! И среќен именден на сите што го слават воедно и на Ики - Олсен форумска Нека им е вечно името на сите што го носат името Илија, Иљо, Илинка итн.
Честито име на сите Илини и Илевци. Уште долго да си го славите. И нека ни е за многу години празников македонски!!!
Денес Грл1985 ни е невеста. Денес е да кажам нејзиниот ден и и' знам дека ќе биде најубава невеста и ќе ја има најголемата и најискрена насмевка. Сакам да и посакам долг брак, исполнет со хармонија, љубов и многу, многу дечиња.
blond Честитки за синот да е здрав и жив пред некој ден разбрав и многу се израдував.Ти посакувам и тебе здравје и сите заедно да сте срекни.
Ани, доцниш, помина свадбата веќе ехехеее, глеј ги моите фотки од свадбарскиот аутфит впрочем Ама честитките на место и точно е, беше преубава невеста