Јас сум слушнала на телевизија дека на бебињата одкако ќе се родат, под постелнината каде што спијат во креветчето, треба да им се стави јагнешка волна. Со неа бебињата мирно спијат и не се будат многу често, затоа што во текот на целата вечер им ја одржува топлината на телото. Малкумина го знаат ова, меѓутоа пробајте сите вие што имате проблеми со бебињата.
Ајде мамички помош. Освен тоа што се буди навечер бебушот многу често, сега почна и да плаче. Ќе почне да мрда лево десно и ќе почне да плаче во сонот. Писка, се дере, како уплашен да е нешто. Ова се случува веќе четврта вечер. И преку ден кога спие исто така се буди со плачење. Таквиот вид на плачење е карактеристично, со пискање, викање... не знам навистина
Низ апсолутно истото поминуваме во моментов И јас никако да утврдам од што и` е.... Блонд, колку месеци ти има детенцето? Мојата е 9.5.... Се мислам да не е запчето, и` излегува горната двојка.....да не е стомачето, си има проблем со алергии....да не е што тргнав на работа, па вака манифестира...да не е комбинација од се` погоре, не знам, ама вака сме веќе 3 недели!
5 месеци е и додека не го земам или не го ставам на града, не престанува да плаче. И кога ке го ставам на градата, не цица туку само така да се увери дека е мама до него
Аааа, мало ти е блонд, и мислам дека ти поминува во Скок во развој Не бери гајле, наоружај се со трпение и сила, и за 2-3 дена максимум ќе ти се врати старото бебе како никогаш да не се ни променило Дали јади (цица) преку ден почесто од претходно? Дали е покенкав, сака во раце, па не сака, па сака да спие а не знае да заспие?
Не бери гајле тогаш, издржи уште малце и еве ќе прајме муабет за некој ден - старото детуле ќе ти се врати преку ноќ И набљудувај го, сигурно ќе почни да прави нешто ново - да седи, да се превртува, да лази итн итн
Мислев грчеви да не се но штом прекинува веднаш кога ќе го земеш-не се, а и касно е...Моето баш во тие месеци, кога почна да разбира колку толку, се будеше со плачење кога беше во креветче...Штом ја земам и ја легнам до мене прекинува, па така се научи да спие со мене, сама никако...Мислам дека може да е тоа штом прекинува со плачење кога ќе го земеш, бара твоја близина...
не сакав да отворам друга тема па затоа овде ќе прашам. постарите велат дека кога ќе го оставите детето само во собата треба до него или под креветчето незнам точно да оставите метла за да не био само а немам појма зошто тоа така, па ме интересира дали и што оставате до бебето?
Да постарите викаат дека треба да се стави перниче а во него да има 9 работи мастилце, ноже, метла лебче, огледалце и др. Не сум сигурна уште кои др работи треба али знам дека тоа треба да биде под чаршавчето до 40 дена
Овие се некако бабини дивотии Го има само кај нас на балканите ова бабите кажали тоа, бабите кажали онова. Не треба облеката да се пружи наобратно, треба да е така како што ја облича, за да не расте надолу, демек да не расте. Нели првите 40 дена се пере на рака, не треба да се врти при истискването на алиштата од водата, треба да се стиска со двете раце на топка дури истече водата, тоа се прави, за да не го болело стомачето...Не треба навечер да се пружат алишта, затоа што нема да спие цела ноќ. Како во селата да сме 21 век сме, децата како и да е ќе си израснат живи и здрави, без метли до нив и ножови и такви ствари. Просто гушни го, бацни го, покриј го со кебенце, пушти му музиче и ќе заспие слатко-слатко.
Епа бебињата комуницираат со плачење и со тоа ни даваат знак дека некои потреби треба да им се задоволат - гладно, жедно, мокро, грчеви. Е сега, некои бебиња повеќе толерираат и се помирни, а други воопшто не толерираат неудобност и веднаш не алармираат со плачење. Но, тоа е и вроден темперамент и затоа секое бебе различно реагира. А ако настојчиво плаче подолго време или заоѓа што би се рекло народски, однесето на лекар. Во тој период бебињата имаат потеба од сигурност, близина, допир. Затоа како што кажа Ивановска гушкајте ги, галете ги, пејте им, полека ке се смират. Знам дека честото будење и плачење знае страшно да ги исцрпи родителите. Но, тоа е, и минува. После кога ќе пораснат ќе ве бркаат од соба. Како мојов сега, а до 5 години не заспиваше без мене.
Е моето од 6 месеци така прави, ноќе често се буди и плаче... има ноќи кога спие без проблем и до 6 наутро, ама некогаш, после полноќ почнува да се буди на секои 15 минути или половина час. Мислам дека кога имаше грчеви повеќе спиеше, може само ми се причинува, ама тогаш вака не се будеше. Има веќе осум и пол месеци и на оваа возраст би требало веќе да спие по 10 часа во континуитет, значи без да се буди ноќе. Знам дека сите деца не се исти, нема правила во растењето и развојот, знам дека има фази кои секое дете мора да ги помине, ама веќе два и пол месеци не сме наспани како што треба. И дење кога спие доста често се буди со плачење. Веќе не знам што да правам, но се надевам дека брзо ќе му помине.
Добро, а како го објаснувате викањето на сет глас во сон? Бебушката моја од нигде негде ќе се развика. И плаче силно. Ниту можам да го заспијам пак, ниту пак се буди. И целата се правам како на трамболина да рипам за да го смирам. Го прашам педијатарот, ми вели: те бара тебе во сонот затоа е таков. Шо ќе ме бара, кога со мене си спие
Лажат тие што велат моето бебе си спие, не плаче и е мирно (исто како што за породување велат, ,,не боли,, да, да да...). Едноставно се поминува и се заборава со тек на време. Веројатно лош сон, затоа што како што растат ја осознајуваат околината и потоа во сон преживуваат. До 1 год ги поминуваат сите фази и сите бебиња различно реагираат. Некои реагираат и на нова воведена храна, прв заб и сл. Како и да е до 1 год се плачковци сите а од друга страна се 100% привржуваат за ,,мама,, и бараат сигурност. Јас често кажувам па и овде ќе си пишам дека 2 год ги буквално робијаш за тие мали слатки палавковци. После 2 год се др. фази и др. приказни и слатки маки
Благодарам за болдираново. А да прашам нешто плус, од што може да му е телесната температура намалена? Му немам измерено, ама еве два дена веќе го осеќам дека ми е ладен (иако е во затоплена просторија) и многу често се поти на челото. Дали сепак причината за сето ова можеби е вадење на запче?
blond претпоставувам додека спие осеќаш дека е ладен на челцето истото се случи и со мене само јас кренав паника нормално е додека спие температурата да му е помала. Kога му измерив имаше 35,7 ама ништо сташно нормално е тоа а викаш, дека плаче во сонот го имам истиот пороблем пишти на цел глас само јас увидов дека е од исплашено ние дома шепотиме оти ако зборуваме малку на шовисок тон одма плаче