1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Често будење и плачење кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од whitedevil6, 5 мај 2010.

  1. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Славица тебе ќе те цитирам., бидејќи не се согласувам со болдираното. Имам бебе од 2 ипол месеца и баш е бубачка, за разлика од сестраму којашто до 3 години вриштеше во сон. Син ми иако е толку мал заспива во 19:30 часот и се буди за цицање дури околу 04:00/05:00, а сестра му на секои два саата се будеше и уште два вриштеше.Нема правило, се е индивидуално.
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Затоа што се поти е ладен (нели со потење се намалува температура на тело), не е страшно тоа, нормално е. Обично кога вадат запчиња им течат лиги, дигаат температури, некое бебе има пролив некое запек, индивидуално е.

    Па и затоа кажав дека секое бебе реагира различно до 1 год, прочитај убаво.
     
  3. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Мојата лепотица има 8 мееци и последниве два се буди во сон и кенка, некогаш мислам гладна е, ама и правам млеко, не го сака. Значи сонува или е испотена па кога ќе ја преслечам си продолжува мирно да спие (или полн е памперсот).Исто и нема уште запче, понервозна е, па може и затоа. И мене ми е потешко сега почнав на работа, а со неа се будам 2-3 пати навечер секако и џоа зомби сум на сабајле. Ама слатки маки се тие :)
     
  4. mamma

    mamma Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    мојата малечка има 14 месеци.до годинката не стануваше вриштајки а сега 3 пати има стането вришстајки
     
  5. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Ех, дури ги нареков слатки маки, ќе побудалив сношти :) До 4 сабајле плачеше на секои 20-тина мин. И спиеше и плачеше и само се исправаше да не лежи. Дали ја болеше мешето не знам, ама се измачи кутрото, а јас останав безз спиење.
     
  6. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Sovet do site vas novopeceni mamicki ako bebeto place vo son ili go boli meseto il igo bolat nepcata od sto mu ispagaat zapcinja ili pak ne vi kosta nisto odnesete go do nekoja baba da mu pobae od upla ili urok najcesto samite majki si gi urocuvame decinjata
    a pak moite UBAVINI sinot e prvo bebe i do 3 celi meseci stanuvase na 3 saata za mleko bese na vestacka hrana a prvata den u cetvrtiot mesec pocna da si spie 10 efektivni casevi najmalku
    a kerkami od 4 celi prestana da stanuva za jadenje ama napomenuvam pred da pocnat da spijat po cela vecer si jadea od se od ovosni i zelencukovi kasicki do rukekot od doma sto e izmikiran na blenderot
    SE E INDIVIDUALNO I SEKOE DETE E PRIKAZNA SAMO PO SEBE

    [mod-kirilica:36uwo0pe][/mod-kirilica:36uwo0pe]
     
  7. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Мартин си спие по цела ноќ. Кон 8 му облекувам пижамка, ставам го во врекичка, го легнувам во кревет до мене и му давам 200-250 мл млеко да пие од шишенце. Во 9 го ставам во креветче, давам му цуцла, пуштам му музиче тивко и приспивно, гасам сијалица го галам по чело и одма излегувам од соба. Тоа е ритуал секој ден! Така тој веќе знае, кога му облечам пижамчето што следува. Ако случајно не може да заспие, плаче и е немирен, чекам да поминат 5-10 мин да видам што ќе се деси. Ако во тија 10 мин не престанува да плаче, и почнува да вришти, влегувам во соба и му пеам, или го земам во раце и го шетам низ соба. Смирувам го, пола саат си се занимаваме нешто и пак го ставам во креветче и пак истата процедура со музиката, цуцлата и сијалицата... Кога запчињата го нервират, одбегнувам да му давам топла храна. Ладното смирува болката. За среќа немаме многу проблеми со болката, само е нервозен по цел ден и тешко заспива. Бебето треба да си има график! Така то е спокојно, кога знае, дека от кога ќе го однесеш во неговата соба, е време за спиење.
    [​IMG]
     
    На AlekSandra12345, Annath, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Ferhunde-87sk

    Ferhunde-87sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    41
    Од која возраст го оставате да спие само во соба? Чисто информативно :) си читам и си правам планови за во иднина :)
     
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    ^Син ми, сега е скоро 4 месеци од прв ден кога дојдовме од болница спие сам во соба.
    Јас не спијам многу доволно ми се 4-5 часа ама тешко спиење имам, не би можела да спијам на раат ако е син ми во кревет со мене, на штрек би била цело време да не го повредам во сон, налет такво спиење.
    Мониторот ми стои до глава веднаш се будам кога почнува да кенка и на два чекора ми е собата, таман да се расонам за доење, во кревет со нас го земам на сабајле да се мазиме, галиме ама строго кога сум будна.

    И потполно се согласувам со Ј.Ивановска,на бебињата им треба ред, рутина.
    Нашата рутина за спиење е секој ден иста, го бањам околу 8-30-9.00, (зимоска ќе почнам саат порано) го облекувам во пижами, доење и на спиење, обично ми заспива во тек на доењето, ако не е заспан му пуштам музика, оставам столна ламба и си заспива.
    Се буди 2 пати во текот на ноќта за доење и тогаш некогаш сам заспива некогаш го нишкам дури да заспие.
    Преку ден е по проблематичен, само во раце заспива и тек после да речеме саат време можам да го ставам во кревет.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Многу се радувам кога ќе прочитам дека некои бебиња имаат ред Со првото мое дете имавме ред и беше прекрасно,ама со второво :x Преку ноќта станува 100 пати цицка малку и си продолжува да спие. Првото беше на вештачко млеко и беше супер во текот на ноќта еднаш ќе станеше и тоа беше се а сега со второво немам врзано сон повеќе од 3 сати јас мислам дека цица и моето млеко очигледно е слабо па поради тоа станува не му држи. Сега сме во план да го одбивам по малку па ќе видиме како ќе биде :worried:
    Јас мислам дека до 1 роденден се случуваат повеќе промени во развојот на децава па после тоа е полесно ;)
     
  11. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Првите 2-3 месеци е тешко да се направи режим, затоа што новороденчето е сосема мало да има таков. До тогаш Мартин ми беше стално на градата, му беше топличко, се чуствуваше заштитно. Кога детето почнува да разбира кога е ден и кога е ноќ, кога е време за играње , за цицање и за спиење, тогаш е убаво да се научи на правилен режим. Да го научиш во 9 наверер да заспие, а преку ноќ ако се разбужда редовно, обидувај се со тек на време да ги скратиш будењата. Ништо не може одеднаж да биде. Треба трпение! Јас, например го заучив да спие по цела ноќ уште 3 или 4 месец, така успевав да се одморам и јас. Кога го ставав во 9 да спие, ме разбуждаше во 12, после во 3, после во 6...во 8...првите неколку дена во 12 го цицав, во 3 само му давав цуцла и заспиваше или музиче, во 6 го цицав и пак заспиваше...После некое време се трудев да мавнам и будењето во 6 по истиот начин. Со цуцла и со музиче. (цуцлата и музичето ги користам, само кога е време за спиење, во текот на денот не!) И така за 1 месец се научи во 9 да заспива и во 8 сабајле да се разбужда. По пладне во 12 заспива и во 3-4 се разбужда. Кога плаче, не оди кај него одма, остави го минута-2. После некое време удолжи го времето со 4-5 мунути. Така то ќе се научи да заспива само. Труди се секогаш пред да го ставаш да спие да е нахрането, пресоблечено и во добро разположение-насмеано :) Така ништо нема да му фали.

    Со Мартин сме во една соба моментално. Но ние со Миле си легнуваме доцна. Јас неможам да го оставам во друга соба, затоа што на сабајле тешко се разбуждам. Длабоко спијам и неможам да го слушнам од другата соба, кога тој плаче. Прво нешто кое правам, кога на сабајле ме разбужда е да го нахранам, потоа да го пресоблечам и го враќам пак во креветче да си играе со играчиња.

    Сето тоа го напишав, не за да налагам мнение. Овие „финти“ ги научив не од неговите баби и дедовци или некој, кој што ми е помагал, туку од едно списание „Мое бебе“. Многу ми помогнаа нивните совети и сеуште го читам, има многу информација, која ми е од корист се уште и ќе ми е за напред, дури Мартин е бебе.
     
    На DeMelo и Annath им се допаѓа ова.
  12. Ferhunde-87sk

    Ferhunde-87sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    41
    Ти благодарам многу за одговорот! Јас уште немам поим што и како треба, се трудам да читам и од форуми и од списанија...:) и полека да се подготвувам. Читам на колку време се менуваат пелени, на колку време треба да се храни бебето и слично...Малку ме фаќа страв од тоа што многу работи не знам, ама ќе се научам, се надевам :) Значи списанието се вика Мое бебе.... Ќе го земам и тоа.... Ти благодарам уште еднаш, позз :)
     
  13. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Ќе се научиш, нема кај да бегаш, хехе :P Само да ти е живо и здраво бебето, со лес да го родиш! Другото лесно се учи. Не се плаши, да си родител не е лесно, но е најслаткото од се :inlove: Избегнувај паниката. Кога летоска Мартин ми крена температура од ништо (така и не разбрахме од што беше) зачував самоконтрола и не се испаничив (мојата мајка е голема паника и секогаш, кога ја видев испаничена, јас се плашев уште повеќе).Верував, дека тој е добар, и дека све ќе биде ок, и кога помина, сопругот ми заблагодари, што бев смирена цело време. Што и да ти се врти во глава, прашај, некој кој што знае (доктор, мајка, некој со искуство) со тек на време све ќе научиш. Како што вели мајка, не е срамота да се праша, срамота е да те прашат и да не знаеш :D
    Уживај во бременоста, ти посакувам убави моменти :*
     
    На AIT и Annath им се допаѓа ова.
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.508
    Допаѓања:
    105.995
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми често се будеше кога се одвикна од доењето и плачеше, но сега најдов финта како да ја заспивам кога ке се разбуди - ја галам по образот и под брадичката и ги затвора очите и заспива , убаво и доаѓа хаха :D
     
  15. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    А, кога сме кај спиењето, што значи кога бебето се штрека на спиење...? :^) :?:
     
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Гирл1985 и ние го правиме истото, само неможеме да се видиме, но има ситуации кога се осеќаме.
    А еве што вика чичко гоогле за проблемот “подрипнување во сон“ -штрекнување


    Покрај физичко се поседува и астрално тело,ментално и спиритуално тело. Одејќи од физичко до спиритуално тело структура на супстанцијата е се пофина. Фина во поглед на ниво на вибрација, но во крајна линија иста,Духот е најголема,најсуптилна форма на материја.
    Материја е најгуста, најгруба форма на духот („Како е горе,така е и долу„)
    Во состојба како што е сон, астралното тело се одвојува од физичкото тело и свест егзистира само во астралното тело. При сон свеста,користи како носач на астралното тело,се движи слободно и врши активности сосема независно од физичко тело,кое во тој период е во максимална неактивност.
    Сонот има својство на четврта димензија. Во сон човекот без своја волја се проектира од телото и го напушта телото без свесна намера и извесно време се наоѓа во астрално тело.Неможе додека сте во астрално тело да идете каде сакате и да правите што сакате. Пасивни сте додека сте во сон,вашата воља е елиминирана од состојба на сон, а воља е клулучен фактор на психичка магија..
    Издвојување на свеста од телото се нарекува астрална проекција или проекција на светлосно тело.,но некаде се сртеќава и под екстериоарација. Разликуваме-намерна или сакана астрална проекција,и несакана спонтална проекција која најчесто се случува во сон,состојба на наркоза,несвестица,под дејство на дрога и ткн.Во спонтална проекција астралното тело на човекот е пасивно и не ја контролира ситуацијата и не е свесен што се случува..
    Астралното тело е точен дупликат на физичкото тело,или по прецизно физичкото тело е дупликат на астралното тело,затоа што во процесот на космичкото создавање физички план на егзистенција е формиран последен во склад со Хермесов закон„Како е горе така е и доле„(кај мене важи и закон „Како е доле така е и горе„сите наши мисли дејствувања се бележат,и затоа треба да внимаваме како се однесуваме поради кармата)
    Астралното тело служи како модел на изградување на нашиот физички организам.
    Астралното тело има двострука функција.Тој е канал со кој либидално(Либидо во Јунгов смисол) космичка енергија протекува во физичкото тело,за да го одржи во функционална состојба,и друго астралното тело служи како врска помеѓу човечкиот мозок и центар на свеста во останатите тела( ментално и спиритуално)Супстанцијата на физичкото и астралното тело сосема се разликуваат.Разликата се сведува на различита фрекфенција на вибрации.Тука лежи причината зошто е тешко да се запомни активност и искуства од астралниот план,затоа што преминување на земјина будна свест значи преминување на сосема друго ниво на вибрации,затоа соновите ни ни изгледаат така нестварни,затоа што припаѓаат на друг свет.
    И самото астрално тело има неколку компоненти кои представуваат различни вибрации на флуидна астрална супстанција.Кога активноста се одвива во астралната
    компонента која е тесно поврзана со физичко тело,резултат е сонот на кој добро се сеќаваме.Во самиот миг на будење се врши трансформација на еден вид во друг вид на вибрации и тогаш сонот може најверно да се репродуктира:веќе после неколку минути деталите во сонот бледеат. Човекот поминува отприлика една третина од животот во астралната свера.
    При сонот астралното тело се одвојува од физичкото тело и знатен дел од времето лебдее непосредно над него.При будење астралното тело се враќа доле и точно се уклопува во физичкиот дупликат.-отаму е и честата содржина на сонот падање(обично е проследено со тикови и подрипнување).Непосредно пред падот на земјата човекот се буди.Во тој момент астралното тело повторно се вклопува со физичкото тело.


    Мада ова некако не ми е соодветен одговор, и јас би го објаснила како ситуации , случки и моменти кои ни останале во потсвеста, а кои сме ги доживеале во текот на денот, па сега со првиот сон излегуваат(т.е. се повторуваат и ги сонуваме), не треба ова да те чуди, ако е мало бебе, сепак се работи з ачовечки организам.
    Не верувам дека е нешто страшно или невообичаено, нема бебе , дете, човек кој не го доживува овој момент
     
  17. mama.23

    mama.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    25
    zdravo na site. imam since 3,5 meseci navecer si ja prespiva cela nok otkako ke go izbanjam cica i bez lulkanje mu pustam muzika i sam si zaspiva ama zatoa denski e haos...ke go uspijam i po 5 min toj e stnat i pak isto stanje lulanje nosenje natamu navamu zosto ne zaspiva sam kako navecer. nekko ke go uspijam i pak isto mu davam da jade go presoblekuvam proveruvam da ne mu e ladno,toplo i konecno ke zaspie i ako izlezam od soba pak se budi i po cel den taka dodeka ne dojde vreme za banjanje...mu se zatvoraat ocite za spienje ama ne spie. sum probala i da n vleguvam vo soba koga ke pocne da place ama zaludno toj uste poveke place dodeka ne me vidi i pocnuva da se smee i guga. neznam veke sto da pravam kako da go nateram barem ednas vo denot da prespie barem 2-3h.
     
  18. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    39.397
    Пол:
    Женски
    и моето е 3 месеци , навечер кај 8 ипол 9 ја легнувам веке избањатка , цица и спие. Денес спиевме и двете до 11 :nod: :nod:
    За денско спиење ја оставам со мене во дневна . Си има посебно место на софата со играчки , мечиња ... пошто детската соба не ни е уште средена :^)
    Од кога ке станеме ја заигрувам , и пуштам музика и си седи си игра ама сака и да ме гледа :!:
    По некое време гледам дека е уморна , и ја намалувам музиката и ја оставам на мир .. ке покенка ке сака или во раце или др ама не ја оставам на раат и ке си заспие . Не спие многу пола саат ама пак доволно и е ... Еве сега си заспа :?: до коа ке спие не се знае ама сепак

    После еден час како е будна пак ја шеткам малце да смени не само да лежи и се здосадува , на носам на тераса и пак гледам дека е уморна ке си дремне некоиј пола саат и така ..
    И така денски биоритам со спиење Сега за Сега ни е
     
  19. mama.23

    mama.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    25
    da pospie barem pola saat jas ke bidam srekna :D go stavam i vo kolicka go vozam,go setam nadvor,go igram da go umoram ama dzabe,non stop e so igracki so mu svetat,mu tropaat,sedi so mene vo dnevna ama koga ke treba da spie...taman ke pocnam so nekoja rab ete go on se budi kako tempiran e...uste sega ne prespiva ami ponatamu...neznam veke so da napravam se probav
     
  20. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    39.397
    Пол:
    Женски
    Исто и кај нас е така понекогаш :| Ама коа гледаш дека е уморен остај го малце сам и ке видиш како ке е .... ке кенка ке плаче ама ке се навикне сам да се успие
    јас ја оставам сама да се успие ..ке кенка ама не реагирам само полошо и правам
    ја навикнувам така
    Морам и јас по дома да фатам нешо да раскренам, јадење да напраам. :sweat: