Има некоја мамичка на која и спие бебето да ни го каже рецептот за спиење? или ако познавате таква прашајте ја и споделете и ние сме хаос со спиењето,некогаш( ретко) си спие ама затоа после 5-6 дена ми надоместува со неспиење
и јас го имав тој проблем и сеуште го имам кога ке дојди ај 5,6 да спие ке предреми и ке си стани и ке квичи за спиење ама нема да заспие
бидете срекни шо ви спијат бебушките ноке, денски ке си се дружите, барем и вие ке сте така одморени и синко мој не спие ич дење се буди кај 5-6 сабајле ке му дам млекце, го земам на спална и спиеме до кај 8-9,ама после тоа спие само од кај 2-4 стандард секој ден исто и после тоа заспива во 20 , и искрено јас сум сега најнаспана, еххех веке 2 месеци го имаме овај ред фатено , се надевам дека вака ке си тера
Браво за вас Љубичице! Како успеавте да го воспоставите овој ред? Таман и преку ноќ си спие и малку преку ден
Додека се помали бебињата и повеке ке се будат и навеЧер и преку ден Моево додека цицаше се будеше навеЧер Од кај 4 месеци некаде ја науЧив и да си преспива денски убаво по саат ,во креветЧе НавеЧер престана да се буди кај 09 месец , имаше ноки кои се будеше ама поретко Кога ке се прекине нокното цицање , или шишенце порано ке се навине да ја преспива и нокта Инаку редот е многу битен , децата си сакаат ред Ние имавме и сеуште се водиме по тој ред , веЧерање бањање и кревет сега веке најкасно во 21Ч и така ја преспива и цела нок , станува во 08 А порано ја заспивав во 20Ч и Често се будеше , сабајле стануваше во 6ипол 7 Вакаа подобро ми е
Мамички не знаев каде точно да го поставам прашанјето па затоа ви пишувам овде. Мојата принцезичка често се буди и плаче овие две вечери и многу лигави а има само 2 месеца и на јазикот и се направи такво беличко како плесна несто како да ја мачи дали е нормално толку да лигави уште сега и што да правам со тоа на јазичето ке ве молам за помош
Нистатин капки (мислам дека е точно име )ќе си земеш и со чиста газичка ке и го чистиш јазичето,а за лигавењето рано е за запчиња,но еве пред некој ден прочитав како се родило и бебе со две запчиња така да нема правило. На малиот мој одеднаш на 4.5 месеци му излегоа 4 запчиња.
http://www.motika.com.mk/index.php?opti ... t&id=40954 Ова го видов сега...мене малку ми е смешно но....
I mojata ima bela naslaga na jaziceto od sto e sekoj saat na siska.Jas nisto ne i stavam,ne sakam da upotrebuvam hemii dodeka e epten malecka.
фала богу дека кога се роди па некое време и ние немавме ред фатено, ама за срека мн брзо го фативме од почеток бевме на цицање и ад млеко, и баш заради тоа ад млеко му давав под саат да јади, речиси секој ден во исто време, па после продолживме само со ад и пак му давам под сат сите ми викаа давај му кога ке посака тоа, ама јас си продолжив вака и ете сега немаме мака а исто и секој ден од кога е родено го капиме кај 7-8ч, па пие млекце и в кревет , и не заспива во раце со нишкање, туку му ги пуштам играчињата над креветчето и на 3 круг веке е заспано и исто секоја вечер му давам кај 23,-24ч млеко во спиење без да го будам, и така спие до сабајле пробај секој ден во исто време да ги правите работите, мислам јаденње, капење, ке видиш дека ке си фатите ред
Kaj нас тоа правење нешто секој ден во исто време е мишн импосибл просто детето не дозволува на пример му давав да јаде на3-4 саати потоа од кај 6 до 12 ми преспиваше ако и давав во сон се будеше пиштејќи , кога се намдина ова дојде ред на бањањето ја бањав кај 6 и почна да ми заспива во 5 и спиеше до 11 потоа ми беше касно , сменив порано пладневното спиење почнуваше во 3 и траеше до 5 , пробав меѓу тие две спиења ама тогаш јадеше и многу ми повраќаше ако ја бањав по тоа а бидејќи од сон стануваше со пиштење по шишето немав простор за пред јадење и морав да менувам . Нас редот и ден -денес ни се менува на пример она спие 2 пати дење еднаш сабајле кај 8-9 станува во 5и 30 и еднаш околу пладне 14 -15 часот некогаш од овие може да спие по 2 саати а некогаш едвам 10 мин ако е ова ред .... Навечер станува но колку да скрши сон значи не отвара очи само пишти и и давам млеко чај зависи од времето некогаш ништо не сака само ќе се гушнеме и толку ,а откако почна да неспие по 15 саати во континуитет заради грчеви на нејзини 3 месеци ,оттогаш нема заспиено сама се е со нишкање и пеење има да завива додека не падне во сон ама да заспие нема , тоа трае 10 мин и потоа завивање со саати отпочеток и ништо не ја смирува така да нишањето е подобра варијанта
пробуваме и ние да и воспоставиме некој ред ама таа пак по свое си прави и јас сум и давала млеко во сон, околу полноќ ,ќе си го испие и кога ќе дојде саатот 2 после полноќ (како и што се буди за млеко) пак се буди и бара пак млеко,ќе се напие малку,колку да си го држе нејзиниот ред и пак си заспива ама важно ќе се разбуди по обичај а не оти е гладна. истото го прави и во 5 саати и после до 7 со кенкање и нишкање ќе лежи па после 7 саат нема спиење а преку ден е лудница! несака повеќе од пола саат ,2-3пати на ден да спие. како може бебе да спие олку малку не ми е јасно
има разлика од бебе до бебе, јас можам да кажам дека синко мој е мирен, во смисла не плачи, немавме мака ич со грчеви. е сега некогаш ако закемка јас му давам и чајче во мегувреме, а и синко знае редовно да се подразбуди кај 4ч сабајле , мислам дека се навикна во тоа време, ама јас не му давам тогаш млеко, ке му ја дадам цуцлата лажачка ке го наместам на страна и така продолжува да спие јас искрено сум против тоа да се остави детето да плаче додека заспие само, ама можиш да пробаш да ја оставаш по малку сама во креветчето, можи ке покемка и ке заспие, пробај и така
Каталинче тоа е многу болно и го болат тие наслаги од бело затоа некогас можи да не ти цица од со го боли или да е кенкав. Ако несакаш хемикали земи во едно филџанче превриена вода стави едно лајче сода бикарбона и мачкај си ја градата пред цицање т.е одмивај се, и на бебуско кај шо можиш намачкај се. Ова со содав ми го препорача педијатар. http://www.ringeraja.mk/statija/soor--- ... a_485.html
Dosega sto go nosev na pregledi,pedijatarot redovno i go pregleduva grlceto i mislam ako imase nekakva infekcija ke mi kazese
И моето има бела наслага во устето и тоа од само една недела откако се роди.Педијатарот ми даде нистатин капки.Тоа му смета и неможе доволно да се нацица па може да плаче од глад потоа.(се става од капките на едно лажиче и со чепкалка за уши се премачкува целото усте внатре)Капките се благ раствор .
zdr bebusot sega ke mi pravi godinka ama imam problemi so spienjeto navecer mnogu cesto se budi ne e gladna post jade pred spienje.koga ke se razbudi bara cicka obavezno za da zaspie pak a ne vlece za da pie mleko kako pomala se budese na 2 ili 3 casa za da jade a sega se budi mnogu cesto ke legne vo 11 ke stane za pola saat i potoa na 15min mi se budi se do 5nautro taka mi pravi koga ke pomine 5 si spie ubav do 9 bez budenje i vo krevece i do mene istoto go pravi pomagajte mi se spie mi se place veke godina dena ne sum spiena poveke od 5 casa pozz
Најверојатно станува навечер заради топлото време. И син ми го прави истото. Кај нас дома многу е топло и обавезно станува секоја вечер.
Кога ќе прекинете со ноќните подои ќе престане да се буди. Нуди вода или незасладено чајче кога ќе се разбуди, ќе плаче, ќе одбива, ќе трае тоа неколку ноќи, па ќе престане будењето, или ќе се редуцира на едно, max. две будења. Само упорност мора. И син ми така правеше цели 8 месеци, издржавме три ноќи со плачки и помина. Додуша, и сега знае да се подразбуди, еднаш-два пати, ама тоа не се мери со она често будење додека цицаше. Се буди од навика, ништо повеќе. Додека е помало, полесно ќе ја искорениш. Само не давај друго млеко или сок.