1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Често будење и плачење кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од whitedevil6, 5 мај 2010.

  1. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Оф леле и кај мене сеуште се буди навечер, гладен е, му се јаде, затоа се буди и јас сакам да си спие навечер цела ноќ ама ен знам како и до сега не сум успеала?? :tmi: А млеко си пие колку и да му напаравм цело ќе го испие и ќе продолжи да спие, значи не е од навика туку гладен е па се буди....што знам, не знам како да го решиме и ние ова :?:
     
  2. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    кој месец е малечкото? и јас го имав истијот проблем со черками ....ја доев до 6 месец..2 месеци беше ок и третијот месец почна душа да ми вади..нојче на секој 2 сати ми се разбудуваше за цицајне.мислев дека имам доволно млеко пошто преполни ми беја градите ама изгледа не беше квалитетно млекото и черками гладна си останувала.по 2-3 недели решив да си купам кашички за 4 месеци бебенце и мали детски овошни јогуртчина.навечер пред спиејне и давав јогуртче и почна да ми спија по 4 сати после и давав да цицка и си продолжуваше да спија така преку цела ден со цицкајне и за ручек кашичка и давав (и таа наручкана и наспана и јас задоволна и наспана :)
     
  3. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски


    И мојата се буди секоја вечер, на 2-3 сати обавезно станува и давам да цица, и пак ќе продолжи..Осеќам некогаш е гладна, а почесто само што ќе ј аставам на цице одма заспива... 7 месеци сме и јас и малото на Калиас...Нема неквалитетно млеко, можда си барала храна, не и стигало само млеко...
     
  4. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    :) мозно е да е слабо млекото ....мене ова док ми го кажа
     
  5. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    пробајте срцко прво со овошни кашички додека му се навикни мешето на храна па после можи и со другите кашички со оривче што се
     
  6. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    се извинувам што пишувам едно по друго ама не те прашав дали е детенчето само на чичајне моментално или му даваш да ручка ?
     
  7. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Му давам и тоа три оброци дневно...Незнам што да кажам, можда од топло па пе жедно...
    Гледаш секој доктор различно кажува, едни нема неквалитетно, други неквалитетно...
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.285
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно нема неквалитетно млеко, мајката или има или нема млеко. Трето нема. А било кој посовремен доктор ќе ви го каже истово, не верувам дека некој ќе каже оти млекото не е квалитетно. Ако веќе има таков, тогаш нека му служи на чест што шири дезинформации и школото што го завршил. Малите ќе се будат се додека им давате ноќе да пијат било што или да цицаат. Ноќта е за одмор, а не за јадење. Тие што се на ад млеко ќе пијат оти мислат дека така треба, оти така се навикнати, а не оти навистина се гладни. Исто и за тие што цицаат - јас приметував дека син ми одма заспиваше штом го ставев на града, не се будеше од што беше гладен. Додуша, и сега, на две и пол години се буди, што останува за бебчињата кои си имаат и друга мака, како вадење заби, грчеви од прерано воведени оброци и слично.
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    :) ако не се хранис здраво пример ако не јадиш овошје,месо,зеленчук доволно како мози млекото да е хранливо ?
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.285
    Пол:
    Женски
    Организмот на мајката си го прави млекото според потребите на самото новороденче. Без разлика што јадеш, ако се е во ред, и ако има постојана стимулација, млеко ќе има. И ништо да не јадеш, пак ќе се создава млеко, ако бебето често и добро цица.
    Ова може да ти го потврди и консултант за доење. Прочитајте повеќе на La Leche League. Информирајте се, немојте да верувате во заблуди. Јас не знаев многу за ова кога го родив син ми, ама затоа сега се информирам и се трудам да ги поддржувам мајките за доењето. Најтешко е кога немаш поддршка да доиш, кога сите околу тебе ти велат дека бебето е гладно затоа што плаче, а причините се сосема други.
     
    На kammam и katalina им се допаѓа ова.
  11. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски

    Да, и јас така знам, дека нема неквалитетно млеко...Без разлика колку време се дои...
    Можно да е од вадење на запчиња, но јас сепак највеќе мислам од топлото и дека ожеднува...
     
  12. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    можи се е можно :) пишав само што ми рече док. или и тој кутриот не сакал да се замара со мене ;) само и самата приметив додека и давав само да чича душата ми ја извади (уба на мама :lol: ) и кога почнав и храничка да и давам бевме задоволни и двете :) а неможам да кажам дека немав млеко 6 месеци и ја доев и морав плус да се измолзувам пошто имав стварно многу....а можи је и она што викаш навика на детето :) да си кемчи завраче.
     
  13. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Моето бебе е 7 месеци и неколку дена, јас му заменувам 4 оброци дневно и си ги јаде нормално без никаков проблем, навечер и насабајле млеко само пие пред спиење и во текот на ноќта кога се буди му правам пак млеко, се гледа дека е гладен затоа што му правам 150 мл и си ги испива сите и заспива пак, така да не е навика кај него туку од глад се буди.. :worried:
     
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.503
    Допаѓања:
    105.992
    Пол:
    Женски

    Каллиас, мало е, ќе се буди се уште, ќерка ми од крајот на 11 месец почна да ми преспива цела ноќ, дека до тогаш ја доев автоматски се будеше ноќе да цица потоа кога ја одвикнав , престана :) така и твоео синче и ќе потпорасне ќе ги зголемувате оброците секако, и нема да биде гладен па така и нема да се буди навечер ;)
     
    На danielka0507, kallias и zalosna им се допаѓа ова.
  15. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    А сереалии му ставаш во млекото навечер? Мене тоа многу ми помогна бидејќи млекото е похранливо и ја држи цела нок.
     
  16. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Го користев некое време и она ноќното млеко на Хипп со хељда и житни снегулки кои наводно ќе го држат сит цела ноќ ама не помогна кај мене, тој пак се будеше :tmi:
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.285
    Пол:
    Женски

    Па ти си му ја создала навиката да го испие тоа млеко што му го даваш. Затоа се буди. Кога ќе му го скратиш тоа млеко, ќе видиш дека ќе почне да преспива цела ноќ.
     
  18. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Незнам зашто се буди, ама јас едвај издржувам..
    Не е дека е гладна, еве и некоја навика да е, како би ја одвикнала?Или можда чим престанеме со цицање сама ќе се одвикне (како што кажаа погре некои мајки)...
     
  19. ghristina123

    ghristina123 Нов член

    Се зачлени на:
    4 септември 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    zdravo na site mamicki ... jas sum nova na forumov. moeto lepotice ima 1 mesec ama patime od nesonica spieme samo posle banjanje 3h i i posle nikako ne zaspivame do 12 nokta , celo vreme placime i sakame samo vo race, znam deka e malecka i deka ne razbirae nisto ama nikako ne mozeme da se spravime so ova. a isto taka saka da spie samo na mese nikako ne saka na grbche plaka i se plasi mnogu ... ve molam za pomosh ako nekoj go imal istiov problem ...
     
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    Грчеви најверојатно има.Даваш ли нешто против тоа?