@Majjja 4 месеци е возраст кога многу менуваат во спиењето. Во 4-тиот месец создаваат трајни навики за спиење за понатака во животот. Бебиња што се буделе само еднаш ноќе за млеко сега се будат почесто и тоа е нормално, период е и ќе помине. Истото со ќерка ми го поминав пред два месеци, сега е 6+ и се буди само еднаш за јадење како порано. Стисни заби, брзо ќе пројде, само нишкање и гушкање сега, тоа е
Мајки нз што да направам, едново бебе почна цело време да плаче во сон, не можам да го смирам цела вечер ја врви немирно, па еве денеска и преку ден. Најаден е, нацицан, покакан нз што да преземам ама мн е жален. Спие и плаче, немирно спие.
Моето е 2 месеца и 7 дена цело време тешко заспива,кога заспие некогаш мислиш готово убаво цврсто си спие нема 15 мин.или со плачење се буди или така без плачење,цицаше ама сега повеќе е на хип комбиотик,најадено чисто и пак нема сонче срце маленко како за бебче многу малку ми спие душичка тешко заспие миже трла очиња и се врте цело време.
Здраво детето ми има 7 и пол месец, втор пат се случува да ми се буди со силен плач проследен со млитавост и нејасен поглед, по 10 мин се смирува и пак се е нормално, но се плашам, утре ќе го носам на доктор, но сепак ме интересира дали имала некоја слична ситуација. Поздрав
Нормала појава е. Се вика ноќен терор. Повеќето бебиња прават така во одреден период од животот. Со син ми сме имале десетици такви епизоди досега и како бебе и поголем. Сонуваат, ги преживуваат работите кои им се случиле во текот на денот, сум приметила обично се случува кога дента бил многу возбуден за нешто, се радувал многу и се смеел. Иако изгледа страшно, не е, само гушкај го и не се обидувај да го разбудиш, ќе му помине само од себе.
Денес бевме на педијатар, вика на 8 месеци бил мал да сонува, вие се сеќавате од колку месеци сте имале такво искуство?
Да сум се консултирала со детски невролог, да не имал нервни грчеви, а не го ни виде детето. Со многу мајки што им го кажувам проблемов ми викаат дека и они го поминале тоа со децата. Докторката ми кажа мал бил да сонува и ја бунело што плачењето било по 10 мин.
Истото ни се случуваше со малата, и тоа наќ 5-6 месеци.. Упорно скоро секоја вечер тој период. Еве ја сега е 15 месеци и е супер, сами ид себе поминаа тие будења и плач во сонот.
Мајки ве молам за совет. Бебе е 5м. Од 3,5 месеци наваму ноќе се буди на секој сат. Максимум што спие е 1,5-2 сати. Не се издржува. Немав доволно млеко, воведив ад и пак истото. Не знам веќе што да преземам.
Оооо срцка. Да не те плашам, ама назад ти е зимата. Мојов е 2год и 2 мес уште се буди на секој 2-3 саати.
Едноставно такво си е бебчето .Исти бевме и ние ,само цело време беше на мајчино млеко .Сето ова кај нас се смени дури кога престана да цица ,не сакав ништо да му давам преку ноќ . И после страшни 3 ноќи поминати со плачење ,веќе почна да си спие цела ноќ. Повеќе од навика се будат ,од колку што се гладни
Мајки совет, бебчо вчера и денес мн се плаши дали се возиме или спие дома во количкс наеднаш ке ги отвори очите ширум и рачињата и силно вриснува.. Незз зашто такс почна да се плаши