Здраво мамички Малата има 11 месеци. Изминатава недела станува навечер речиси на секој пола саат. Прво почнува да претка и јас ја осеќам, и веднаш се врти за лазење и седнува. Млеко не сака значи не се буди од глад. Се сомневаме дека се запчињата, но сакам да слушнам слични искуства. (Инаку веќе има 6 запчиња) Ве молам споделете ако има и некое решение.
Мамички дали сте се соочиле со уплав на бебе, 22 дена сме но кога спие мн се плаши наеднаш рацете ги крева и почнува да плаче и коа ќе го земам во раце заспива ама само што сакам да го ставам во креветчето заплакува . Цело време така во спиењето се штрекнува
Тоа не е уплав, нормален рефлекс е (моро рефлекс се вика, можеш да си прочиташ повеќе). Затоа новородено најдобро е да се повива. Мафтаат нагло со рачињата, и си се плашат самите и затоа се будат. Повиј го со рацете надоле, ќе се смири.
Мамички се надевам некој ќе ми даде совет што да правам. Мојава лепотица има 6 месеци. До сега спиеше најнормално, но не знам што се случува цела една недела, се буди ноќва во 1:00 и почнува да плаче да вришти. Секој ден вака во точно во еден по полноќ. Дали некоја има вакво искуство, не сум паметна што да направам. Ве молам за совет
Може да се исплашила во спиење. Јас имав таков проблем со помалиот. Му давав да цица и одма заспиваше.
Скок. Провери која недела ти е бебето од термин на раѓање и провери во табелата за скокови. Ќе мине само од себе.
Бебето мое има 1 месец и се навикна денски да преспива по три пати а навечер ич не спие, се навикна цело време во раце а мене очите ми капат за спиење. Дали ќе се смени понатаму?
Луѓе јас детево не можам да го препознаам.. За 5 дена прави 21 месец. Беше со воспалено грло, бевме на лекар, даваме терапија и сега е ок. Нема температура, јаде пие сѐ е во нормала. Но, последниве три дена знае да заплаче силно и прилично долго трае плачењето. Пробуваме со убаво да ја смириме, нудиме играчки, цуцли, цртани и сл но одбива да се смири и уште посилно плаче. Веќе живци немаме. Ни дава наредби за доле во дневна, ја носиме.. Па плаче уште посилно. Бара за горе во спална, и таму ја носиме. Пак плаче. Ја шетаме цела куќа, па и цел двор во 1 по полноќ. И така бесконечно... Во круг од кој ти чини никогаш нема да излеземе. И знае да каже во плачењето.. Ова мое еее.. Моее.. И пак си плаче. Дали е фаза, скок? Кога вадат 4ки? Долните ги има извадено. Но досега со вадење на заби вакви трауми не сме имале.
Фаза е. Моето исто правеше. Нешто како ноќен терор. Многу брзо им се развива мозокот и го преживуваат она што било дента, што им оставило впечаток, што ги исплашило... Дури мислам дека ако е со отворени очи, спие. По 10 минути може да се разбуди.
И моево вака се будеше тој период и викаше мое е, мое е. Избезумени бевме. И преку ден се случуваше, ама и во сон се будеше. Преку ден се случуваше, ама не толку интензивно со плачки. Пробајте преку ден да работите со неа. Ова е твое, ама тел е на мама, на тато. Децата учат за припадност и им треба само мала насока. Брзо минува.
Истото го поминавме. Страшно изгледа. Скроз исто не тераше да го носиме долу во дневна, па вриштеше, не горе во спална. Таман ќе заспие да го спуштиш, пак... Дури и езиво беше, страшно плачење у сред ноќ
Неколку месеци мила траеше.... баш сега зимава беше , шетавме на смени со него еден ќе поспие ,па ќе се сменевме.... Потоа престана само од себе.
Zdravo mamicki bebe mi e 1m denski ne saka da spie samo edvaj po 1h a na vecer si spie se budi samo za da jadi Dali e vo red bebe od 1 m tolku malce da spie denski , grcevi nema najadeno naigrano se probano i samo za vo race saka okokoreno vo ocinjata dali ke se promeni ova se plasam toa sto ne spie deka mnogu h bez son
Period e ke projde neka ti spie vo race de bebe e 1 mesec odmori i uzivaj. Jas ja stavav mojata vrz mene na mese taka si dremese i jas si dremnuvav so nea