Проблемот со токсична средина не датира од сега. Отворањето на повеќе работни места прави да имаш избор и да го избереш она што е правилно за тебе. Една од најголемите компании во светот, дозволува да земеш одмор најавен за само еден ден. Истата таа компанија дозволува да работиш од дома кога веќе има можност за работа од дома. Повторно истата таа компанија во целост е посветена на работникот и неговото добробитие. И да, не смее шефот да врши притисок врз тебе по ниедна цена. Затоа што, да не се заборави, фирма без добри и задоволни работници не е успешна фирма. Кога работникот е задоволен, ќе имаш и исти работници со децении, а ќе бидат воедно и попродуктивни. Затоа секој може да биде газда на фирма, но не секој вистински менаџер.
Дали ти тоа споредуваш фирми со по милион вработени по Америка каде што менаџерот секако ќе најде некој да го замени вработениот, со фирми со 20-50 вработени во Македонија што еве на пример кол центрите ќе ги земам - работат на проекти и мораш да си таму оти ти си на проектот и уште неколку души и ако од денес за утре кажеш дека ќе одиш на одмор нема кој да те замени? Или во фабрика каде што ако ти шиеш ногавици, друг шие џебови, трет шие петљи за панталони и ти текнало да одиш на одмор од утре... Нека чека работата.. И да има 50 други што шијат ногавици, еден да замине ќе има помалку сошиени панталони за денес бидејќи џабе другите ќе шијат останати делови, ќе има помалку ногавици а со тоа и нормата нема да се запази... Или на медицинска сестра и текнало - ма јас брате од утре одам на одмор, цркнете ако сакате кој ве прашува дали имате одма замена за моите смени.. Или доктор му текне - јас одам од утре на одмор, откажете ги сите операции... Некои од нас сме нашле па сме зашле.. Во Македонија работните места се сведуваат на маркети, угостителство, аутсорсинг компании, 20-30 фабрики, трговски центри и мали компании.. Ние да сме држава нема да се вртат истите огласи на порталите, државата ќе ја регулира експлоатацијата на луѓето, ќе имало производство и извоз. Ние домашниот пазар не можеме да си го задоволиме со добра и услуги што веќе ги имаме во МК, а не па за извоз.. Ние сме една пропадната држава од која и Господ кренал раце.. Кога за голема инвестиција од 50 милиони евра господата од општина карпош ти викаат дека е зградата што одобриле да се гради, ти за држава ја сметаш дупкава? И ја споредуваш со една Америка? Кога огромен успех е да се изгради зграда или мол, ама производствен погон за било што е табу тема? Рече младите можат да бираат? Што да бираат кога сите се исто зло? Изгледа уште си млада или евентуално не си поминала низ барем 10 фирми било како вработена било како надворешен соработник.. Затоа викаш дека има избор Изборот е ист. Помалото зло..
Што искуство како вработена си имала ти досега? Цел живот едно работиш? Како си станала работодавец? Си имала пониска па повисока позиција? Вработениот треба да се обучи, од каде ти ќе препознаеш кој ќе кидне, а кој не? А зошто да не се тргне и да не почне свое? Зошто да не си замени коа нашол подобра фирма од твојата? Не значи дека ако сменил фирми, не е сериозен и не знае што сака. Грешни заклучоци. Какви услови таа фирма му понудила? Каква е средината каде работи? Многу има за дебатирање тука.
Фала на комплимент, но не се сметам себе си за млада. Имам и јас долгогодишно искуство на македонскиот пазар на трудот. Можам слободно да се изразам дека ниту еден не ги запазува правата на работникот. Основните, да не зборувам за нормални права. Затоа и Македонија е таму каде што е. И странска инвестиција не може да просперира кога менаџментот е од македонско потекло. Не зборувам за Америка како е, бидејќи не знам, туку фирма во Европа. Во Македонија се уште владее сива економија, плата на рака или пола пола, се работи неплатена прекувремена работа, менаџерот врши мобинг врз тебе, ама како да докажеш. Затоа сум таму каде што сум. Подалеку од исфрустрирани македонски газди што појма немаат како е да се раководи со фирма. Тука сум, на место каде создаваат нормални услови за работниците. Не знам како да ти кажам, но работникот е целосно заштитен од државата. И нормално младите ќе бараат подобри услови. Македонија за жал не ги нуди и нема да ги понуди. Затоа што сме научени да бидеме експлоатирани како работници и да експлоатираме како газди. Мене воопшто не ми е ред флег во Македонија некој често да менува работно место. Ред флег е кога правата на работникот се регулирани.
Никој не менува работа од убавина! Кога си ценет, респектиран и валидиран од работодавецот нема простор за дилема за промена на раб. место. И секако, солидно платен за твојот труд. Македонскиот Job hopping тотално го оправдувам и мене лично тоа е знак што ми укажува дека личноста се цени себе си, својот труд и влог, и е во потрага по вистинската работа, па ако треба и 10 пати да променил работа. Достоинство повеќе од живуркање и трепкање со очињата. Факт е дека мак. job hopping се однесува на експлоатација и шут карта на работникот, искористување за личен профит на работодавачот, не се однесува од аспект на можност за избор на работникот каде сака да работи, и да се развива лично и професионално, тоа е утопија тука! Просто кажано - Завршува работа, и добива отказ, кога веќе е искористен! Борете се за себе, секогаш!! Нека не ве етикетираат просечните како птици преселници или несериозни.
Имам колешка со која студирав, ги помина сите скопски фирми, а богами и во регионот Охрид - Струга. И си одеше за банални причини, како што рече @Dust, се е токсично. И рекол шефот во понеделник да отиде во сестринска фирма на истиов газда по работна задача, таа ниту се појавила таму, ниту рекла не сака да оди, исклучила телефон, ја нема никаде, практично си дава отказ на сред месец без да се најави. На што личи тоа? Отказен рок има ли? А така правеше оти беше од ситуирано семејство, имаше поддршка од дома и си игра играчки. Друг случај, колешка на сегашново работно место, си дала отказ на сред месец преку СМС. Пријавени сме сите, на цела сума, плата редовна, ма и предвреме ја земаме 2-3 дена пред 1-ви, К-15 годинава беше екстра и секогаш бил многу повисок од минималниот, бонуси, компензации, ама девојката си била некој таков нестабилен карактер, секаде заминувала ненајавена, само со СМС. Во сите претходни фирми се дозна истото го правела. Да има критериум кај нас, ама вистински критериум, пола газди не би биле газди, пола работници не би ни биле вработени. Има секакви работници, во првата фирма имаше еден што му дале отказ за неизвршување на работни задачи, ја земал опремата што чини 2.000 долари, ја однел дома, па одеа колеги да му ја бараат, да не викаат полиција. На што личи тоа? И ми текна сега на една колешка, ја среќавам на семинар, ми се жали како по затворањето на првата фирма, некои добро се продале, а таа не, и за тоа требало да знаеш да се продадеш. Седнуваме на пауза на маса, правиме најобичен муабет за работата, која не тангира никого, женава почнува хистерично да ми се дере пред сите „престани, тоа е срамота, прекини“, буквално некој паничен напад. Јас онака ладна „а што реков? па така е“, женава хистерично „прекини, прекини“, со цела фаца напрегната и после 10 секунди сите на маса не погледна бледо како да се трезни од некој сон и заќуте. Следен семинар, поучена од ова искуство, си реков ќе се дистанцирам од неа, не сакам сцени пред луѓе, а немаме лошо со неа, ама ете се вади од колосек некако. Женава доаѓа по мене, иако ја одбегнувам, фина, ми кажува ќе снимала документарец во Лондон. После некое време, друг помлад колега исто ми кажува го нападнала пред сите со муабет „Прекини, што знаеш па ти, заќути“, а темава била Дојранско езеро, нешто општо си зборувале. Психички проблеми се тоа, а никој не е должен да трпи таков колега на пример. За една Нова година, од ништо никаде почна да се дере по келнерите во ресторан, да го викнат газдата, да сменеле музика, музиката не била добра, среќа па не ја ни слушнаа, никој не виде дека нешто хистеризира и тоа помина за некоја минутка. Кој стигне работи во Македонија. Има секакви газди, секакви работници, ама затоа се прашува пред да се вработиш некаде, макар и на форум ако не можеш лично. И ако осетиш дека нешто не е ок, бегај после 2 дена, недела дена, а тоа искуство нема потреба да го спомнуваш во ЦВ. Што е помалку од месец, не е вредно за во ЦВ да се набројува. И си правите споредби со Европа, Америка, небаре има бог знае каков избор овде. Фирмите се тие, денес ќе си отидеш од солидна фирма, ќе ги оставиш на цедило во 5 до 12, утре ќе сакаш да се вратиш, нема да те вратат. Имало и такви примери, ќе избега, ќе поверува на лаги, на бајки од кои нема ни 50% да се оствари, таму се ќе се изјалови, сака назад, ама назад веќе има друго лице кое е поефикасно и толку.
@Tanjamm види, некогаш луѓето имаат и лични проблеми и не е убаво вака што зборуваш за бивша колешка. Мислам дека треба малку да олабавиш и ти, зашто (без навреда, да не се сфатиме погрешно) освен работа немаш друга тема. Ова најдобронамерно.
Работодавачите (газдите) секако ќе бидат први видени како некоректни зашто превземаат одговорности колку што имаат вработени. Тука расте и нивната гордост и суета да е признаат и извинат кога ќе згрешат и работниците што си одат 1-2 може да се исклучоци, но ако тоа се случува често со многу работници тоа значи дека нешто со условите за работа во таа фирма не е во ред.
Па има совршени работници, зашто сум видела. Има и совршени надредени што имаат знаење, имаат напредувано ама не се однесуваат во стилот види кој сум јас.
Ако не ти одговара, а најдеш подобро, зошто да не? Само треба со сигурност да знаеш што сакаш и менувањето да не е за ситници.