Дека премногу личам со сестра ми!Нашите од дома не мешаат! Дека имам многу убави очи И дека се замарам за многу непотребни работи!
Откако сум прекинала да се дружам со одредена личност, сум била потполно сменета, 24/7 Насмеана!! ихуу
Често ми кажуваат дека...првиот впечаток за мене секогаш им бил погрешен. Дека сум дигната, дека се правам паметна, дека изгледам како надмена....а потоа излегувало спротивното. (ова од пријателки и колешки со кои сме паднале на муабет после долго време за моментите кога сме се запознале)
Ми го кажуваат тоа што е вистина.Дека сум затворена и емотивно цврста личност.За некои сум девојка со машки карактер.И негативните и позитивните особини ги признавам.Тоа сум јас
... сум многу заборавена. Многу заборавам, да сум си купела билобил форте. Не памтам ниту бројки, ниту имиња, ниту поими. Другарка ми ми вика: - Се сеќаваш во основно, кога се опрчи на сред главна улица. Јас ти се смеев, не можев да се соземам, а ти ми се наљути? - Не се сеќавам, ама сигурна сум дека си во право, во врска со паѓањето. - Па и јас треба сум нашла да те прашам, за пред три/четири години. - Се сеќаваш пред некој месец, кога ти кажував дека оној ми пиша? - А бе даааааааааааааааааааа. Како да не. Слабо ме држи помнењето, многу слабо. Додуша понекогаш сум среќна, што не сум како останатите девојчиња. Што памтат, кога ова им се случило, кога она... И цело време што прашуваат: - А бе се сеќаваш, кога....? Значи не, не се сеќавам! Не замарај. Еднаш дури, имавме наставно ливче, за една лектира. Јас ја прочитав, ама ги заборавив имињата на главните ликови. Си ги напишав на клупа. А немаше ни недела дена, откако ја прочитав.. Ама што да праиш.