1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Четиридневна диета

Дискусија во 'Диети' започната од Ma4u64ence, 19 февруари 2011.

  1. Ma4u64ence

    Ma4u64ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    8
    Леле значи кога прочитав дека барате диети, а згора на сите диети им наоѓате маана, незнам не била здрава докторски, па што ти знам, и кафето и цигарите и благото и солта и алкохолот и што ли уште не е штетно...Вие не барате диета, туку ве мрзи ај да не кажам газот да си го кренете, и само барате некакви начини да не почнувате со било што.Додека само седите пред компјутер и на интернет барате некакви диети, килограмите нема да се намалат :) ...Па ако е до толку еве ви диета:

    Доручек: 1 банана
    Ручек: јогурт + парче црн леб + парче сирење
    Вечера: 50 гр соја

    Доручек: 1 банана
    Ручек: порција варен ориз + салата + парче црн леб
    Вечера: 50 гр леблебија

    Доручек: 1 банана
    Ручек: половина кухинско чоколадо( значи 50 гр)
    Вечера: 50 гр бадеми

    Доручек: 2 јаболка
    Ручек: 1 порција корнфлекс со чај
    Вечера: 1 банана

    Сега и бананите да не ви сметаат во диетава, како многу јајца и слично? ... Пресметајте ги калориите ке видите дека се е како што треба, башка не мешаш храна (белковини, јаглехидрати ...)...Поздрав пробајте ја па ке кажете резултати ! :)

    П.С: Пробајте барем да чистите по дома, или да се движите барем еден час дневно...!!! :) Резултати сигурно ке има, минимум 2 кг за 9 дена :)
     
  2. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    ЗА СИТЕ ДИЕТОМАНКИ !!! :)

    Оваа диета ја препорачуваш од лично искуство ? Ако е така те молам сподели го твоето искуство со нас бидејќи мене искрено до сега ми е најлошата диета што сум ја прочитала . Еден цел оброк нема во диетава, а не за цел ден да ме држи. Многу, многу ми е екстремна за разлика од некои други што даваат резултати и нема толкаво изгладнување.
     
    На tigrica92 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ma4u64ence

    Ma4u64ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    8
    ЗА СИТЕ ДИЕТОМАНКИ !!! :)

    Епа вака...Значи јас сум инструкторка по фитнес и аеробик.На оние кои вежбаат не ја препорачувам, затоа убаво напишав подолу, „обидете се барем по дома да чистите нешто или движете се“....Ја препорачувам затоа што...Јадејќи од јаткастите овошја, како што се бадеми, ореви, лешници, фстаци, потоа овде би ја ставила и леблебијата и сојата на еден начин...вие внесувате здрави масти и јаглехидрати кои многу повеќе би ве држеле отколку еден тост, или печено или варено месо...Не дека варивата и вареното месо не се добри туку, ова е природно..и во диетава имаш многу повеќе што би те држело во текот на денот одошто било што....а сите оние кои бараат диети по интернет, повеќето од нив не се занимаваат со било каква активност, за жал...Јас ја користев 2 ипол недели и изгубив 5 кг, значи времето не е баш кратко и кг не се баш многу, но не можеш да ги повратиш, а башка тој месец неможев да се движам многу поради здравствени проблеми :)
     
    На soncka2 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    ЗА СИТЕ ДИЕТОМАНКИ !!! :)

    Банана, чоколадо 50грама и 50грама бадеми.
    Па ако не умрам јас од глад па еве јас.
    Недај боже додека се држи оваа ригорозна диета да се вежба, оснесветување од изнемоштеност.

    Многу погрешно го сваќаме зборот диета. Диета не е изгладнување, диета е правилна исхрана.
    А овде не само што нема правилна, него нема ни исхрана. Има некои мини оброци со кои ќе гладуваш и по 10 дена ќе седнеш на маса изнемоштена, анемична и ќе изедеш се што имаш во фрижидер.

    Искрено кога ги читам овие диети се чудам на глупавоста на жените. Ќе уништат едно здравје кое не знаат да го ценат и за што? За 2 килограми помалце |(
     
    На calliope, AhThatFemaleProblems, blue.rose и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Ma4u64ence

    Ma4u64ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    8
    ЗА СИТЕ ДИЕТОМАНКИ !!! :)

    а ти россонер, имаш време за варење и правење оброци во текот на денот? Па дајте живееме во време кога повеќе сме надвор, на факултети или училиште, би немала време за многу разноразни оброци...Да е ригорозна диетава...не е!Зошто, затоа што количински внесуваш помалку храна, но богата со разни фибер влакна и се што му е потребно на организмот да ги задоволи дневните потребни количини за како физичка, така и умствена способност ;)
     
  6. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    ЗА СИТЕ ДИЕТОМАНКИ !!! :)

    хранава што е за цел ден јас понекогаш ја јадам на еден оброк :rofl: обично појадок
    прво овошје нешто... па по 20тина минути ржен леб, сирење, јогурт.. и патувајки со автобус до факултетот грицкам соја или сончоглед..
    ручекот го прескокнувам и вечерам на крај..
    со оваа диета јас не би издржала ни 2 дена.. и мислам дека ако би ја следела ке се дружам после некое време со доктори....и така крвта не ми е баш најјака..
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    ЗА СИТЕ ДИЕТОМАНКИ !!! :)

    Не е ригорозна?
    А што е за тебе ригорозна диета баш ме интересира?
    Вода да пиеш само?
    Мене ми е диетава еднаква на гладување до смрт. Не дај боже да си активен да пешачиш дневно, да вежбаш па ова ќе те исцрпи и ќе те залепи за кревет.

    А извини доволно сум паметна да се грижам за своето здравје да си купам поздрава храна за доручек и да си спремам за 30 мин дома нешто. Немој да ми речеш дека нема секој човек 30 минути до 1 час во текот на денот за да си спреми јадење? Одземи од времето преседено пред компјутер и готово добиваш време за да си направиш ручек. А не да не го мрдаш газот и да очекуваш да ослабнеш.

    Јас се чудам ти како инструктор не даваш подобри совети, да вежбаат девојките да се хранат здраво?
    А ти даваш нездрави диети.
    Чудно ми е сериозно. Обично правите инструктори треба да се пред се доктори и да кажат што е добро и здраво за исхрана.
    Со вакви совети младиве девојчиња желни за 2-3 килограми помалку ќе си го расипат здравјето.
     
    На lolyta777, tigerlady, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Ma4u64ence

    Ma4u64ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    8
    ЗА СИТЕ ДИЕТОМАНКИ !!! :)

    Не е ригорозна?
    А што е за тебе ригорозна диета баш ме интересира?
    Вода да пиеш само?
    Мене ми е диетава еднаква на гладување до смрт. Не дај боже да си активен да пешачиш дневно, да вежбаш па ова ќе те исцрпи и ќе те залепи за кревет.

    А извини доволно сум паметна да се грижам за своето здравје да си купам поздрава храна за доручек и да си спремам за 30 мин дома нешто. Немој да ми речеш дека нема секој човек 30 минути до 1 час во текот на денот за да си спреми јадење? Одземи од времето преседено пред компјутер и готово добиваш време за да си направиш ручек. А не да не го мрдаш газот и да очекуваш да ослабнеш.

    Јас се чудам ти како инструктор не даваш подобри совети, да вежбаат девојките да се хранат здраво?
    А ти даваш нездрави диети.
    Чудно ми е сериозно. Обично правите инструктори треба да се пред се доктори и да кажат што е добро и здраво за исхрана.
    Со вакви совети младиве девојчиња желни за 2-3 килограми помалку ќе си го расипат здравјето.[/qu

    Гледај, немам намера да се расправам, зашто убаво напишав дека не ја препорачувам на луѓе кои вежбаат, зашто ако им напишам дека дневно јадеме може и по 10 јајца и пак сме вити или успеваме да намалиме килограми.Убаво кажав и напоменав дека НЕ ЈА ПРЕПОРАЧУВАМ НА ЛУЃЕ КОИ ВЕЖБААТ...

    И да би дала и други совети, смао прочитав некои теми и гледам дека бараат брзи диети, кратко време и резултати....е баш е таква оваа и не се враќаат кг...

    Инаку кога би сакале диета, сите би можеле да забележиме што не поправа и едноставно да му ја намалиме количината и ете ти, со малку вежбање и резултати....Живееме во такво време да само бараме изговор, како диетава ми е ригорозна, ке стигнам до доктор, многу јајца, многу банани... а не и начин...а начини има многу :)
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    ЗА СИТЕ ДИЕТОМАНКИ !!! :)

    Не можеш да ги повратиш? Оваа диета како магична ми делува, еднаш ја држиш и немаш гајле. Па кога ќе престанеш со диетава, ако пак продолжиш да јадеш ко што си јадел, килограмите нема да се вратат? Е ќе се вратат и тоа на голема врата.
     
    На Annath, blue.rose и rossonerka им се допаѓа ова.
  10. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    ЗА СИТЕ ДИЕТОМАНКИ !!! :)

    Со оваа диета само ќе го изгладуваме и исцрпиме организмот. Ова не е за личности кои се постојано дома и во кревет па камоли за некои кои во текот на денот се постојано во движење и трошат многу енергија.
    Сестра ми од ваков тип на исхрана заврши на лекар и на снимање на мозокот па кога ги зедовме резултатите ни рекоа дека јадела храна која ја заситувала а не ја најадувала. Па затоа мозокот регистрира дека е сита, а организмот е гладен.
    Јас не сум ниту слаба, ниту дебела... Мислам дека го најдов клучниот фактор поради кој јас изгледам вака. Пред секој оброк пијам по половина литро вода (имам голема чаша која собира половиона литро течност)
    Си јадам колку ми се јаде, се до 8 часот навечер после 8 јадам само јаболка доколку почувствувам глад.

    Не смееме да дозволиме да гладуваме, тоа не е исправно!
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ma4u64ence

    Ma4u64ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    8
    ЗА СИТЕ ДИЕТОМАНКИ !!! :)

    Јас само предложив и кажав дека имав резултати, значи искуство... Натаму е ваше
     
  12. Ma4u64ence

    Ma4u64ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    8
    ЗА СИТЕ ДИЕТОМАНКИ !!! :)

    Еве нешто...Бидејки гледам дека сакате да се НАЈАДЕТЕ отколку да се ЗАСИТИТЕ !!! :)


    Следи листата на поени и обрици кои ги носат:

    Појадок - 3 или 4 поени

    3 поени - 1 портокал, цел или исцеден, 1 пециво со јогурт, со малку краставица, чај или кафе.

    3 поени - Освежувачка овошна салата (портокал, грејпфрут, киви), 3 парчиња салата со малку не многу масно сирење, чај или кафе.

    3 поени - Гриз со варено млеко (200 мл.), суво овошје (20 гр.), чај или кафе.

    3 поени - 1 банана, шоља шлаг, чај или кафе.

    4 поени - 2 парчиња интегрален леб (40 гр.) лажичка путер и 2 лажички џем, две киви, чај или кафе.

    4 поени - Чаша сок од портокал, палачинка со малку џем, чај или кафе.

    4 поени - 2 парчиња леб (60 гр.), 2 парчиња стопено не многу масно сирење, 1 грејпфрут, кафе или чај.

    4 поени - Двопек со мармелад, шоља малку масно млеко, две киви, чај или кафе.

    6 главни јадења (ручек) по Ваш избор

    6 поени - Парче варена бела риба, чинија зелена салата со оцет и масло, крем од ванила со карамела и една круша.

    6 поени - салата од домат со лажичка маслиново масло, лук, парче варено пилешко (бело месо) со лажичка маргарин, 2 лажички пире од компир, 3 мандарини.

    6 поени - 1 парче варена риба, чинија шампињони, 2 компири варени на пареа или 4 лажички варен ориз, 1 овошен јогурт.

    8 бодови - чаша вино, 10 крекери, кељ варен на пареа, 2 мали компири, 1 топка сладолед.

    8 поени - 1 парче лосос печен на жар со лажичка тартар сос, 2 лажички варен ориз, 1 лажичка кисело млеко, 1 праска или јаболко.

    8 поени - 1 полнет домат (со не масно сирење), печен бут од зајак со темјан, сатараш со лажичка масло, 4 лажички палента, 1 кришка свеж ананас.

    6 поени - 1 тањир супа од зеленчук без тестенини, 1 бифтек печен на жар (отстранете ја маснотијата), 4 лажички тестенини, чинија компот.

    6 Поени - Лазањи со тиквички и сирење, 1 јајце, кришка леб, зелена салата со малку масло, оцет и зачини, чинија боровинки или капини.

    8 Поени - краставица со 2 лажички кисело млеко, 1 кришка леб, 1 јунешка шницла од бут (60 гр.) 6 лажички грашок, 1 круша или јаболко

    8 Поени - супа од зеленчук со лажичка кисело млеко, варен зеленчук (по избор) и 2 варени пилешки филети, 1 овошен јогурт.

    8 Поени - 1 телешка шницла печена на лажичка маргарин, 250 гр. грашок со морков, чаша вино.

    Додатна напомена

    Во случај на глад, некои од следниве ужини можат да помогнат, но тоа ќе ве чини 2 поени:

    1 интегрална кифла
    1 кришка прелиена со 15 гр. топено чоколадо
    2 мали палачинки со малку путер
    1 парче пита од сирење
    1 помал чоколаден колач

    Јадете риба 3 пати во неделата

    Благодарение на белковините и здравите масни киселини, рибата е една од најдобрите продукти на Вашото мени. Не носи многу бодови, а изобилува со здрави состојки. Немојте да се одрекувате ни од "масната", плава риба (туна, лосос), бидејќи содржи само корисна маснотија.
     
  13. Ma4u64ence

    Ma4u64ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    8
    ЗА СИТЕ ДИЕТОМАНКИ !!! :)

    а да и : .........


    При држењето на оваа диета дозволено е сè, нема некое преголемо одрекување, но треба да останете во рамките на зададените поени и комбинацијата на орбоците - што понекогаш може тешко да се одржи. Оваа диета, инаку, влегува во "брзите" диети и губењето на килограмите се движи околу 5 килограми за седум дена.

    Сè што треба да направите е да го почитувате правилото, во рамките на еден ден да имате на располагање одреден број поени и ништо повеќе. Како ќе ги комбинирате оброците е работа на изборот, но, не смее да премине преку бројот дозволени поени во текот на еден ден (18 - 20 поени). Можете дури и да "штедите", па да речеме еден ден изедете продукти во вредност од 15 поени, а во утрешниот ден разликата да ја надоместите на некоја забава. Кога сè ќе сумираме, вреди да пробате. Ако се впуштите во оваа "авантура", погодно е да имате некој бележник при рака, на кој ќе запишувате после секој оброк колку поени сте искористиле.
     
  14. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    ЗА СИТЕ ДИЕТОМАНКИ !!! :)

    Добро можеби си имала ти позитивно искуство , но темата ти е поставена многу иронично некако, со потсмев , а не е точно дека секоја од нас не се поместува од столче или дека сака да се прејадува и да биде слаба. Јас лично 2 пати сум згрешила со вакви слични диети и еве крвта уште не можам да си ја средам и нормално дека си ги вратив сите килограми па ако не и повеќе. Секакво лишување од некоја храна што ја сакаме има спротивен ефект. Во моментот кога ќе се заврши со држењето на некоја диета сите си велиме ќе пазам , нема да јадам ова- она , ама џабе е лесно се губи контрола. Најдобро е умерена исхрана и намалување со некои продукти , но не целосно исфрлање.
     
    На Ma4u64ence му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ma4u64ence

    Ma4u64ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    8
    ЗА СИТЕ ДИЕТОМАНКИ !!! :)

    На некој начин беше иронично поставена а зошто ли, епа затоа што периодот кога неможев да вежбам качив 6 кг, а јас сум навикната на движење постојано...Ја применив и имав позитивни резултати...И мене периодот ми беше тогаш таков, да ги намалам кг за кратко.Не дека сакав да се потсмевам, туку напротив сакав да укажам со коментариве дека ако некому му предложив ваква диета како вторава, немаше да се потруди никој да ја проба...А гледам дека повеќето пробуваат кратки, значи бев револтирана од мислењата на девојкиве... :wasntme:
     
  16. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    ЗА СИТЕ ДИЕТОМАНКИ !!! :)

    Ова ако е диета.... |(
    Повеќе ми изгледа како да те спремаат за на некое место каде што ќе нема воопшто храна, па да се навикнеш.
    Полоша диета во животов не сум прочитала.
    Па каде се тука другите овошја и зеленчуци, портокали, мандарини, јаболка, цреши, домати, краставици, моркови?? Каде има месо тука? Компир? Тестенина?

    Се кладам дека после ова гладување човек кога ќе си ја провери крвта ќе му биде катастрофа!
    И ќе има последици, тоа сигурно! И после тоа е тешко да си ја доведеш во нормала повторно крвната слика. За што? За ништо!
    Кога јас ослабев со јадење на секаква храна но во помали количини, и малку вежбање, може секој!
    Ем симнав килограми, ем крвната слика ми е супер. Здравјето е на прво место!

    И да, ако немам време за готвење, ќе си купам некое пециво. И не, нема да ме здебели ако биде само едно.
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    ЗА СИТЕ ДИЕТОМАНКИ !!! :)

    Мене, лично, ме навреди начинот на кој што темата е поставена... ако ти си спортски тип, и уживаш во движење и спорт, јас не сум... но не значи дека не се трудам барем два - три пати неделно да ги извртам 30 мин на орбитрек.... последно време немав којзнае колку време, но дефинитивно не сме сите мрзи кои седиме пред компјутер.... па каде е тука учењето, одење секој ден до училиште, испаѓање, шетање.... не е добро да се имаат стереотипи.... :up:

    а да не спомнувам дека има многу, многу здравствени нарушувања и многу лекови од кои тешко се слабее... ( јас сум ви лично пример за тоа ) затоа, не рекле старите за џабе,... двапати мери, еднаш сечи.... :!:
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    ЗА СИТЕ ДИЕТОМАНКИ !!! :)

    Уф,
    Ma4u64ence
    не знам за другите, ама мене како ме иритира твоево феминско име. :devil:
    :D

    Нејсе, благодарам на твоите напори за диетиве, посебно за ова со поени.
    Можеби има логика, ама не би го правела, зашто многумина што ги знам и со броење калории забегуваат - ти поземаш парче портокал, они како под команда ти рецитираат калории.
    Толку се иритирачки за околината, просто вратче да им скршиш.
    И 6 кг не се крај на светот, за тебе можеби да, па првата диета ти дошла убаво на организмот, сепак не е препорачлива за некои со повеќе од 10 кг вишок.

    Храната треба да се намалува полека количински и за почеток да се внимава на нејзиниот квалитет, т.е. да се внесува повеќе здрава храна, многу вода и диететски влакна.

    А во право се девојките кои се лутат, како си настапила во воведот, ем одвисоко, ем како некој месија - чекајте јас да ви кажам инструкторкава по фитнес како се слабее, кутри дебели души!
    :^)
    Мислам... осет девојче.
    Осет.
    Можеби некој си се допаѓа со облини и не паѓа во депресија за 5 кг вишок, ниту пак на ручек со дечкото порачува салата без масло, сол и зачини.
    Не сме сите исти мајке му.
    Или тоа грев е?
     
    На Annath, ana-banana, rossonerka и 2 други им се допаѓа ова.
  19. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    ЗА СИТЕ ДИЕТОМАНКИ !!! :)

    Лично искуство :
    1 ден : зеленчук
    2 ден : варено месо
    3 ден: варени компири
    4 ден:овошје
    5 ден : јогурт
    6 ден : варен ориз
    7 ден : јогурт и компири варени
    Задолжително конзумирање на вода (може и чај и кафе )
    Неможам да кажам конкретно колку кила се намлува тоа зависи од организмот, но можам да кажам дека барем диетава е здрава не гладуваш а со тоа што цел ден јадеш едно исто организмот многу полесно ја вари храната.
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    ЗА СИТЕ ДИЕТОМАНКИ !!! :)

    ^искрено, би се ставила на некоја ваква диета, од проста причина што едно те исто се јаде,и немаш потреба да се замараш да готвиш и готвиш :rofl: :lol: ама за 7 дена тешко дека повеќе од 1-1.5 кило се слабее :)