Во последно време сè поактуелни стануваат овие четки и уреди за чистење и пилинг на лице, па мислам дека е време за нова тема во која ќе споделуваме сè околу нив. Јас не сум љубител на оние ротирачките четки со влакненца. И најмеките ми се чинат малку груби и некако што знам, не гледам потреба за нешто такво. Не би купила ниту ротирачка, ниту пак некоја верзија на овие силиконските Форео. Имам една најобична како силиконско сунѓерче од ДМ. Нежна е ептен, ама не ја користам нешто многу често. Ептен ако сум ставила некоја потешка пудра, па да осетам дека ми треба нешто плус покрај тоа што правам вообичаено за да извадам шминка од лице. Убава е и за масажа, ама сепак многу ретко ја користам. Пишете дали користите ваква алатка при негата на кожата на лицето. Дали е потребна и дали нешто менува во негата на лице? Споделете нешто повеќе за моделите кои можат да се најдат кај нас, цени, ефект, ваши искуства, препораки и слично.
Дали имате искуство со ваквите четки и дали би сакале да споделите мислење ? Јас се двоумам, не знам дали да си купам и каква да биде, од кој бренд и сл.
Јаа имав една ваква купено од Лидл порано , на почетокот ми беше ок за користење потоа не можев да најдам никаде иста таква четка ,мора да се менува четката зошто фаќа бактерии по почесто користење. Мене не ми беше воопшто практично ова, ниту тие чистачи што се полнат во вид на силикон што се (како познатото Foreo). Се е залудно фрлени пари
Хмм.. не размислив на моментот за менување на четките (ама сум смотанааа). Во право си, четките мора да се менуваат. Викаш, залудно фрлени пари, а? Не знам.. многу ме фаќа ќеф да пробам некоја. Само ми е страв да не е многу груба и агресивна. А, на пример.. да барам некоја со променливи четки? Сатисфакција ми е кога ги гледам како се мијат на јутјуб. Ептен ме има фатено ќеф, ама не знам што да правам..
Ако ти е ќеф , пробај , има на пример од попознативе фирми Clinique, Clarissonic (овие последните не знам дали ги има во Мк) и имаат четки за менување за секој тип на лице различни четки. Само тие се вака скапи, не знам колку пари би дала. Друга опција ти е Алиекспрес, некое апаратче доколку има плус резервни четки па да си ги менуваш. Мене ме мрзеше потоа да одам да барам резервни четки , поготово за овој апарат што го имав требаше да нарачувам , и баталив
Ахам.. ќе разгледам сега и низ понудиве на Нептун, Сетек дали имаат..Па, можда и ќе прашам мислење и за нив...
Имам ваква и ми фаќа прашина, премногу груба и немам потреба од неа. Доколку се решам да купам би земала некоја од типот на Форео бидејќи се силиконски, односно лесно се мие и не се наталожуваат бактерии. Плус зафаќа мал простор.
Ако подобро размислам.. логично е и сите други силиконски четки да можат убаво да се измијат / исчистат. Или јас сум грешка ??
Тоа силиконското вака изгледа. Јас имав негова копија, вибрира и ти го триеш лицето , не е грубо ко четка ама пак мене не ми беше нешто посебно.
Ах, Foreo.. Се чувствувам “инфлуенснато“ од јутјуберкиве. Значи, сите бјути влогерки го користат. Хахахх.. Го меркам долго време. Скапо ми е, па почнав да разгледувам и по четкиве.. Но, од друга страна си викам ова е инвестиција, можда и вреди.. хахах Ти колку пари го зеде? Тешки дилеми си имам
Може повеќе штета да си направиш него корист. Треба ептен мека да биде. Миење само со раце е сосем доволно и така се доаѓа до блага ексфолијација. Многу внимателно треба со вакви работи, особено за чувствителна кожа, лесно може до иритација да се дојде. Имам пробано ваква од алиекспрес, за мене груба беше, дури и сестра ми ја откажа а сосем нормална кожа има. Тие брендираните можеби се подобри. Сепак, не мисли дека ќе имаш некои огромни придобивки од четки за лице. Истата работа ја вршат што и обично миење без користење на вакви препарати.
Не си фрлајте пари за џабе, подобро природен пилинг да направите на лице отколку со четка, и јас бев загреана да земам па среќа не се излажав. Братучедка ми имаше една и скроз и се иритираше лицето, почнаа како лишаи да и се прават, оставете ги инфлуесерките што рекламираат.
Задоволна сум од обична четка за лице со нежни влакненца, ефектот е ко пилинг да сум правела. Не ми се иритира воопшто кожата мене, секое утро ја користам со пена за чистење. И не гледам предност ако е на батерија ко сликите погоре, а за силиконските не знам ама не би зела, грубо ми делуваат.
Користев околу 3 месеци четка за лице од ДМ, океј ми беше ама ја користев еднаш неделно. Не смее да се претерува за да не се иритира лицето. За жал ја скршив и од тогаш не сум купила.
Можда, сепак ќе пробам од овие, па ако не и одговараат ќе ги оставам : Во секој случај, ќе споделам искуство.