Ги потпувам во чаша со млака вода, течен сапун и алкохолен оцет. Седат 15 минути и после ги плакнам - се вади. Не сум пробала - но последно шминкерката ми спомна дека ги чистела ос медицнски бензин - од патека се купувал - дезинфицира и чисти одеднаш и не требале да се сушат на крај....
Дали каменава ја нанесувате со четка или со оние сунѓерчиња? Некои камени беа заедно со сунѓерче и многу попрактични ми беа
Ја нанесувам со оваа пуфна за пудра на Ебелин. Пробав и со четка, ама мојата четка е ужасна, не се лепи ништо на неа, и повеќе пудра паѓа отколку што се задржува на четката. Со ова на сликава е супер, малку тапкам и убаво се нанесува.
Дали со овие сунѓерчиња може да се нанесе течна пудра? Кога користев камена пудра ја нанесував со четка. Ужас. Ич не се нанесуваше убаво.
Искрена да бидам немам пробано да нанесам течна пудра со ова и мислам дека ќе биде неуспешно. Овие пуфни имаат таква текстура како меките пешкирчиња за лице/раце, малку рапави и мислам дека нема да може да размачкаш течна пудра со ова. Ќе остане све на пуфната.
Зависи многу од квалитетот. Тие од пазар па и од дм што ги земав, како обичен сунѓер. Се упиваа, морав да шприцам пудра дупло за да остане нешто и на лицето. Едно на real techniques е доста фалено ама ми беше шубе да го земам после лошото искуство.
Ја течна нанесувам со прсти, или некогаш со ова: А пред некое време бев на едно предавање за шминкање и девојчево што ни предаваше ни кажа дека вакви сунѓерчиња/блендери треба да бидат поминати во вода пред да нанесеш течна, ама не апла да тече вода од нив. Туку го поминуваш во вода и го стискаш/цедиш, па нанесуваш со него течна пудра. Не знам колку има логика, после видов и видео на јутуб каде истото се применува. Уствари и на упатствово на сунѓерчево има на опаковката така напишано, ама не сум прочитала
Исто и јас имам гледано, ама не знам воопшто не ми е хигиенски, ако го оставам така влажно мислам мувла дека ќе ми фати
Јас тие што ги постирав ги користам за вадење маска. Ваква четка имав за камена пудра. Ама не од таа марка.
После шминкање го поминуваш пак убаво низ вода, цедиш, и се суши до наредна употреба т.е. следниот ден и сѐ така у круг
Некој да ми препорача навистина добра четка за коректор под очите? Не е важна цената само да е навистина квалитетна да бленда добро и да не се познаваат линии