Јас ги имам од Србија земено, и стварно се многу убави. И досега милион пати ги имам миено, нема пропуштено лепакот или да се вадат влакна Единствено за сунѓерчето не знам ништо, пошо не користам никогаш пудра
@Elence93 и јас сум презадоволна од четките на РТ, овој поточно сет го немам ,имам неколку четки од нив, нема подобри
Истиот сет го имам купено од ДМ пред 3-4 години. Одличен е, четките сè уште се држат супер. Сунѓерчето не го користам. Цената му беше 1500-600 на некој попуст новогодишен. Јас сум презадоволна од четките на real techniques, некои помали сетови за очи и лице што ги имам веќе десетина години, сè уште се во супер состојба.
Четките на Real Techniques не сум ги видела кај нас но има четки од брендот Ecotools кои се од истиот производител. Ги порачав online на esence.mk и се одлични и на изглед и на квалитет, ги користам 8 месеци и презадоволна сум, многу се меки и влакната не им паѓаат
Јас го имам овој Сет за шминкање очи на Ecotools, првата четкичка од лево е за eyeliner, тенка и убаво нанесува. Ги купив online na esence.mk и сум презадоволна
Од каде можам да најдам квалитетен сет со четки за шминка? Ама онака сакам сите можни четки да ги има, и за сенки, руменило, пудра, хајлатер, бронзер итн.
Можеш од iherb да нарачаш Real techniques, има сет од четки за лице плус сунѓер и имаат сет за очи. Некои ги има и кај нас мислам.
Најквалитетни се Real techniques четките ги имаш во Дм, само одделно имаш сет за лице и сет за очи. Јас го имам класичниот сет за лице и друг сет лимитирана колекција prism glow и многу сум задоволна од четките.
Да прашам вие што користите од тоа јајцевидното сунгерче за течна пудра, прв пат зедов. Од која страна блендате од заоблената или рамната страна, и како ја нанесувате течната пудра на лице или на сунгерче па блендате. Досега со рака нанесував па ич не знам како со ова. И дали го перете или после неколку употреби во канта оди.? Како којзнае што да е ова ама па не знам како е најдобро, а многу попрактично вака ми изгледа отколку со рака, зошто досега немам купено и јас не знам
Од заоблената страна се бленда. Јас прво пудрата ја нанесувам површински со четка па потоа блендам со сунѓерот пошто и онака ја впива. Практикувам неколку пати да ги перам со сапун и жешка вода, така скроз се чистат ама често ги менувам. Нонстоп користам бјути блендер, јас па не можам директива со рака да ставам.
Не ставам пудра, ама коректор да. Се бленда со заоблената страна и го перам на секое користење. Ако не на секое прво, на второ го перам обавезно, ама ги имам неколку така да не е страшно. Пудрата можеш прво да ја нанесеш со четка па после за да легне на кожа или да го тргнеш вишокот блендај со сунѓерчето.
Искрено мислев дека по перењето ќе се расипе и земав неколку од Есенс, да видам како ќе биде вака шминката. Барем со перење 2,3 недели да заврши доволно е.
Ќе ти траат и подолго од 2-3 недели, може и со месеци, зависи колку ги користиш и како ги чистиш. Мене ми држат многу време иако периодов ретко се шминкам ама ги перам често, колку да ги освежам пред користење.