Мене ми е поубаво да нанесувам пудра со четка, сунѓерчињата никогаш не ги засакав, не ми се по вкус. Ја имам четката за нанесување пудра од Real Techniques, во сетче одеше комплет со четка за руменило и уште една мала четка која си ја користам за нанесување сенки, хајлајтер.
Во ДМ маркет ја има, од таму ми е купен сетот пред 4 години отприлика. А четкава за пудра ја има и одделно да се купи, мислам дека беше 500-600 ден. Вака изгледа сетот, имаше и сунгерче со четките. уште го има во ДМ само не знам колку му беше редовната цена. Јас 1200 го купив, на некоја акција.