Да...четкиве се од природни влакна (Така пишува на нив) и доста се меки. Јас кога ги порачав беа 20 долари,сега гледам дека се 16 И да не забаравам не се порачани од МК,така да не знам колку би излегле од кај нас да се порачаат....
Пудра за лице Tinkerbelll, ја зедов денес пудрава од Шатци во City Mall, 4-ката од нијансите. Арно ама... никаде не можев да ја најдам кабуки четката на Essence, ја немаше во Шатци и продавачката упорно ми тврдеше дека таква четка никогаш не ни имале, не ја видов ниту во ДМ ниту во Cosmo (или јас сум нешто изгубена ). Те молам, кажи ми каде точно ја имаш видено, да ја земам утре. Вака не можам ни да си ја пробам саглам. И кажи ми што мислење имаш за кабуки четката на Gosh, 849 ден. беше во ДМ. Јас од Gosh имам четка за коректор и за сенка за очи и сум многу задоволна.
Пудра за лице Малце непоканета да се убацам во муабетов, таа на Bourjois е многу добра и околу 400 денари е. Кога веќе ти треба добра кабуки четка
Јас пак воопшто не сум задоволна од кабукито од Боржуа, ја добив со камената пудра кога ја купив и многу брзо почнаа цели снопчиња влакна да паѓаат.
Денес ја видов кабукито на Bourjois, 480 ден. во ДМ. Арно ама ич не ми се свиѓаше на изглед и не ја купив. Гледам, не згрешив. Ако не ја најдам кабукито на Essence, изборот ќе падне на таа на Gosh.
Јас ја имам и таа што идеше со пудрата и таа кафеавата што се продава посебно. Ниедно влакно не паднало веќе откако ги имам, а кафеавата ја имам веќе една година сигурно. Ама се имаат жалено повеќе од неа, веројатно сум само среќна.
Имам неколку, нискобуџетни , ама и освен таа за камена пудра-другите ги користам поретко. Оваа ја користам секојдневно и затоа сакам да се подновам со нова ама никако да најдам некоја убава што ми е по мерак. Ја барав онаа на есенс во Шатци, ама продавачката ми кажа дека најголемата никогаш и ја немале. Оставан на тоа да си купам во Џамбо кога ќе идам накај Скопје, и онака ми ги пофалија другарки. Инаку, четкиве ги одржувам и чистам како косава. Најголемава ја чистам на месец дена и тоа прво со шампон, маска за коса и на крај ја ставам да отстои некое време во чаша со омекнувач за облека растворен во вода. После тоа откако ќе се исуши ја чешлам со крупен чешел и како нова е. Само мислам дека и влакното веќе и впило пудра и дека колку и да ја чистам само ќе излегваат прлавштини. Дефинитивно ми треба нова. Препорачајте ми некоја од оние најголемите со цена до 300денари.
Девојчиња ај некоја четка за течна пудра предложете, ама убава да е, цената е дискутабилна но не најбитна. Јас си ја нанесувам со прсти, ама по нетов читам како со четка било подобро, поинаку се истакнувала пудрата и бла,бла,бла... Нејсе, нели со четка поише пудра се троши или јас сум во заблуда, м? Иначе за камена и руменило користам едни големи слични на ова кабуки (или како и да се вика) , за сенки имам од Џамбо едни и некои други појма немам од каде и сум воглавно од сите задоволна, јез да некои од тие од Џамбо ми се измитарија. Ги чистам со сјај и им ставам малку регенератор, следечи пат ќе пробам со омекшивач. И така.
^ Со сунѓерче ако нанесуваш се троши повеќе пудра, а со четка трошиш исто колку и со прстите. Јас пред 2недели си ја земав онаа на Орифлем и сум повеќе од задоволна. Мека е, влакненцата не паѓаат по петтата употреба како кај некои други четки и што е најважно не остава линии. Не е ни многу скапа, за парите си е одлична. Нема да погрешиш ако ја земеш.
GOSH 324 Не можам да се сетам за цената, ама колку и да било, вреди. Најмеките влакненца и затоа шт не е сплескана ја користам и за нанесување камена пудра. 10 пати подобро нанесува отколку четките наменети за тоа. Со четка се троши повеќе пудра. Исто како и со сунѓерчиња. За секој изглед се користат различни техники на шминкање. Јас кога сакам поприроден изглед нанесувам со прсти, затоа што според мене најубаво така се нанесува. Кога ќе нанесуваш пудра не ја влечи нагоре надолу четката како повеќето девојки кои прават туторијали на youtube, туку тапкај. Ако влечеш од влакненцата ќе се појават линии па пак ќе мораш со раце да поминуваш.
Цена 680 или 780 не ми текнува точно, али тука се двишеа цените. За друго нема да должам, сефора и повеќе од добро одговорила. Али не жалам пари 2-3 години ја имам како нова е.
Не мислам на четки од Џамбо и слични глупости. Моите ги купив во космо, беа на попуст и баш спротивно не испаѓаат влакна, а редовно ги чистам, мене ми е некако претерано тоа 400 ден, ајде може 200, 250 ама не и 400
Јас за 40ден. си купив 10 четки од бит пазар и ми се одлични Од аптека кога купив (мислам дека беа околу 150 ден 3 четки) одма памукчињата се извадија и не послужија за ништо, а овие од бит пазар ги имам повеќе од 1 година и сите 10 се цели Edit: Зборувам за мали четкичиња за нанесување на сенка за очи
Си купив комплет четки за 190 денари од базаро и за тие пари се прекрасни...на таа само за руменило пишува МАС и на кутијата во која беа ама не дека стварно се мас...зашто се што беше испишано на кутијата беше на кинески..нема врска одлични се и не паѓаат влакненцата како кај повеќето четки