Убаво ми изгледаа и тоа беше единствената причина што ги купив, искрено не знам дали воопшто некогаш ќе ги искористам.
JeniferLove се вљубив во твоите четките преубави се а и цената за девет четки е одлична. сакам и јас да ги порачам само ме интересира колку време отприлика чекаше да ти стигнат.
Нарачката ми каснеше зашто имав и др производи порачувано кои не биле во моментот на залиха,и околу месец дена чекав додека ми стигна. А ако е се ок, може за 15 до 16 дена да ти стигне
Јас ја земав оваа, знам дека намената и е за камена или пудра во прав, ама јас намерно земав волку голема затоа што си ставам нешто како бисерен сјај за лице од Севнтин и не ми се нанесуваше баш рамномерно со по тенка четка од оние за руменило, затоа што ова се нанесува на цело лице. Одлично врши работа, би била совршена и за оние кои користат камена пудра или пудра во прав. Се гледа дека е професионална четката, влакната се толку нежни и рамномерно се нанесува.
А каде можам да ја купам таа четката за нанесување алајнер, и колку пари е? И дали има негде до 200ден.?
Девојки ,мислење за четкиве? http://dx.com/p/professional-cosmetic-m ... pcs-148043 http://dx.com/p/5-in-1-professional-cos ... ige-130563 ?
Девојки, предложете ми солидна четка по нормална цена, за нанесување на гел-лајнер/туш (како сакате) ? Она на Essence по која цена е? Имам сет четкички за руменило, за сенка и уште една чинам од нив, а прилично сум задоволна па нема да е лошо да ја имам во предвид нивната, само ме интересира по која цена се сега. Или било која друга фирма, само да не е со вртоглава цена.
Четката за туш од Essence е 119 денари и не е повлечена од продажба - во Скопје ја има во DM, Unique, Шатци, а во другите градови би требало да ја има онаму каде што има Essence козметика
Каде да барам четка за гел туш?Оваа од есенс ја нема,продавачките ми рекоа дека повеќе не им стигнува.Препорачајте ми некоја добра а да не е многу скапа
јас искрено ги обожавам MAC четките ама реално прескапи се имам неколку од нив и секоја пилика ја користам да купам уште некоја од нив . но дефинитивно сум презадоволна и од SIGMA поевтини се дефинитивно со квалитет приближен ма MAC но поевтини и да најбитно можат да се нарачаат дирекно од официјалниот веб сајт. 100% оригинал ама имајтте на ум дека се плаќа добро дебела царина http://www.sigmabeauty.com/?Click=1905
Има преубава четка за гел ајлајнер на Гош, јас ја имам и супер е. Мека е многу и ептен лесно и прецизно се нанесува. 220 денари ја купив од Рима парфимерија во Бисер, ама сигурно ги има во сите парфимерии. Ваму имаше два вида четки за гел туш - една помала (таа што јас ја имам) и иста таква малку поголема. Поголемата беше 230 денари. 10 ден. разлика во цена, ама според мене со помала попрецизно се нанесува Бројчето на четкичката е 380 Еве линк, тука ќе ја видиш. Поголемата четка е бр. 372 http://www.goshcyprus.com/index.php/accessories/brushes
Сте забележале во некоја од парфимериите во Скопје да има аглеста четка од Есенс?Бев во Космо и во Дм и не најдов. Ако не ја произведуваат веќе,да ми препорачате некоја друга со фина цена?