Добро во кој ДМ ја гледаше? ЈА барав и ја нема кај беко, ја нема во ГТЦ, и ја нема во Џамбо. Каде да ја најдам???
Руменило за лице Да ми препорачате некоја убава четка за руменило ама да не е прескапа. Дали можда некој ја има користено четката за руменило од Есенс? Се мислев да ја купам и незнам зошто до сега не сум ја купила. Користам една никаква дома, трвда камен, ми го гребе лицето и секој ден викам утре да си купам нова четка и заборавам....
Руменило за лице Сите четки од Есенц се најдобри. Јас имам две за сенки и сум презадоволна. Меки се и нежни, нема да зажалиш воопшто.
Јас ја имам аглестата четка за контурирање на Аура. Најдесно е на сликата доле, многу е мека и прецизна и одлично бленда руменило, а си ја користам и за бронзер и за сите типови на пудри во прав. Мислам дека ја купив околу 260 ден. од Космо.
После долго мислење во ДМ, која четка да ја земам, се одлучив за оваа на Аура, аглестата. Се надевам ќе ми се погоди (дур да и ја најдам финтата) ќе пишам за некое време дали сум задоволна. Иначе фала ви за предлозите Мишела и Буба4е89
девојки само мене оваа четкава од ебелин за течна пудра не ми чини или? при секое наредно миење се повеќе и повеќе влакненца и паѓаат,прво мислев да не ја тегнам ја премногу ама не бе..дури сеа гледам скоро сите влакненца од страна се подигнати малце,можам да замислам сега кога ке ја мијам колку ќе испопаѓаат..при секое наредно миење паѓаат се повеќе и повеќе..до мене е или до четката?
Ја имаш ли миено до сега? Кога ќе ја миеш водата нека не тече кон рачката на четката,зошто навлегува во делот каде што се залепени влакненцата и лепакот попушта,па со текот на времето се откинуваат. Дополнително ако се слабо залепени,како кај оваа четка. И кога ја цедиш исто.Со нежен стисок кон спротивниот крај од рачката,за да не навлегува водата кон грлото на четката.
Посебно се продаваат Малите се движат од 100-150 денари Големите 200/300 денари Ги имаш скоро секаде низ маркети, парфимерии, дрогерии, Во Космо, Дм, Елексир, во Карфур, .....
Не знам зошто така е кај твојата четка еве мојава ја мијам еднаш неделно, два пати ја шампонирам дека е многу густа за колку што може поубаво да се очисти. Ниедно влакно нема паднато, нути некое влакно се подвиткало, прекршило... четката си изглда исто ко што туку купена да е. Ја мијам баш како што опиша Waka-waka дека треба да се мие.
па и јас така ги мијам сите четки,па на никоја не и испаѓале влакненцата ама на оваа.. штознам може до четката е,неможе од 20 четки само на една да и паѓаат влакненцата,а сите на исти начин ги мијам..
http://www.bgdomakinq.com/showfull.php?product=255722&bigimage=Monica_DSC04841_-_Copy.JPG Дали ја има некој користено оваа четка на импала, колку е задоволен од неа, од каде ја купи и која цена?
Воопшто не ми се допаѓа четкава не знам ни за што би служела како искубана ми е и мислам дека од едно до две миења ќе остане само со едно влакно Имаш широк спектар на поквалитетни четки и сунгерчиња за нанесување на пудра течна/ камена за скромна цена од 200-300 ден Оваа не!
^ Исто мислење. Премногу и се ретки влакната и најтанки веѓи имаат повеќе влакна од четкава. Во темава ја фалат на Ebelin Спојлер , ако си во план да земаш веќе подобро оваа купи ја.
^ И не само оваа четка на ебелин, покрај неа имаш и сунгерче за нанесување на течна пудра кое и тоа како добро ја нанесува пудрата и е најефтина ваијанта околу 100ден мислам дека беше. Четки имаш и на Гош Аура Есенс Сигма (ти ги наведувам најефтините можни достапни брендови)