Сте виделе некаде ваква четка за контурирање,гледам шминкерките на јутуб ја користат за нанесување на бронзер.. Видел некој ваква кај нас?
Јас нарачав од алиекспрес футрола со 9 четки и презадоволна сум. На таа за течна пудра душата ѝ ја извадив Баш имам пишано во темава забелешка за секоја четка од тој комплет.
Конечно и јас ја купив од Ebelin, вака на изглед и допир е супер уште да видиме како ќе се покажи на лице. Бев во ДМ за Beauty blender ама немаше и заминав со четкава
Морам да се подновам со комплет четки да ми го заличи куферчето. Најактивно користам скромен комплет од поединечните од Џамбо, задоволна сум. За течна пудра користам четка наменета за нанесување на маска за лице од Орифлејм, досега најсолидно поминав со неа.
Четката 2-ра од десно ми беше супер, значи супер ама последниве месец дена и паѓаат влакна и додека ја мијам и додека нанесувам пудра. НЕзнам дали некој има вакво искуство...или е до мене зошто додека не ја измив со масло (плус нежен шампон) ништо не и беше
штотуку порачав комплет од 20 четки од ebay, сега чекам да ми стигнат па да видам какви ќе бидат. А претходно имам и порачано други исто така од ebay што се навистина добри, се наоѓаат доста добри и ефтини работи таму.
Најубава четка за течна пудра која може да се купи кај нас ? Само не ми кажувајте Ebelin, еве и втората ќе ја фрлам.
Artdeco, ако си расположена да дадеш седум стотки. Зошто бе така ти се погодило со четкиве? Јас речиси пола година терам со оваа мојава, мака нема. П.С. Ако не мора да биде т.н. „боцкалица“, види ја таа со сплосната форма на Аура или Дебора. За Дебора ти гарантирам дека е одлична, ја поклонив на другарка пред извесен период и редовно слушам само пофалби.
Не, барем јас не сум ги забележала а уште од пред еден месец ги чекам . Кај нас колекцииве на Есенс секогаш каснат па и со оваа така ке биде.