Јас ја имам оваа од авон, многу е убава влакната не и паѓаат и не остава линии , ја земав околу 300 денари
Моите Боби Браун, презадоволна сум, конечно да се нашминкам ко што треба и која разлика еј, најбаналната работа, ставање руменило ми го направи уметност
Моментално си порачав едни од интернет, од AliExpess беа околу 16 долари, ми изгледаа доста квалитетно и примамливо, со природни влакна од коза, и имаше позитивни коментари од оние кои ги порачале. Во сетот имаше околу 20тина четки. Кога ќе ми стигнат ќе ви пишам колку и дали сум задоволна
И јас ги земав од Алиекспрес, само што моите беа многу поефтини од на Емилија, некои си 5 долари, ептен се убави и многу сум задоволна.
Tumbs up и од мене за Боби браун Јас скоро 6 месеци ги користам и презадоволна сум од квалитетот. На таа за течна пудра душата ѝ ја извадив, ниту едно влакненце не падна. И многу убаво се нанесува пудрата, воопшто не остава линии. Тек па тие за очи - колку прецизни четкички се, сенката делува како со моливче да е нанесена. Не очекував толку добар квалитет како за кинески четки.
Имам пишано поназад ама еве сега ќе ти одговорам после година дена користење. Големите четки ми се преубави ги користам ако не секојдневно барем преку еден ден Таа за пудра ја користев се додека не ја зедов од Ебелин и моментално таа ми е holly grail неможам без неа за се си ја користам и досега е супер. Е сега со малите за сенки е друг случај, не се убави воопшто и не ги користам така ми стојат. Некогаш му наоѓам намена за нанесување коректор и крем сенки ама тоа е ептен ретко. Јас ги зедов околу 500 ден со супер слатка футрола, и за парите се супер. Ако не ти требаат сите земи си помал комплет или разгледај коментари на другите сигурно има и поубави. Јас исто на амазон читав дека се одлични а ги зедов од ибеј ама ете малите не ги користам. А од големите неможам да се пожалам, досега ни едно влакненце им нема паднато и после миење си се пак исти меки.
AngelOfArh ќе може да ми дадеш линк од селерот од каде што ги порача. Благодарам однапред.[/quote] http://www.aliexpress.com/item/Professi ... 59352.html Еве јас најодв линк, се мислам дали и јас да ги нарачам??? Значи вие сте задоволни од овие четки!!
http://www.aliexpress.com/item/Professi ... 59352.html Еве јас најодв линк, се мислам дали и јас да ги нарачам??? Значи вие сте задоволни од овие четки!![/quote] Овие се Оленце, истите, за тие што прашувавте, овие се четките мои
Женски,се мислам за четка за течна пудра. Сплескана или таа како со боцки шо е,која е подобра варијанта за нанесување?
^Мене најубава ми е таа што е рамна горе имаш на Аура и Ебелин. Уште со сунѓерче не сум пробала како изгледа
Јас не би порачала четки од алиекспрес,некако незнам шубе ми е,а може и грешам. Јас ги купив четките дуо на аура и сега за сега ми се допаднаа.А за течна пудра сум пробала и четки и перничиња и ништо не ми се допадна.
Овие се Оленце, истите, за тие што прашувавте, овие се четките мои [/quote] И ти задоволна си нели???? Да ги нарачам.....
четките од орифлејм ми се погодија доста добри и квалитетни...и на гош секако кои се незаменливии др не сум користела,не сум имала потреба да ги менувам овие ,осбено еднаш кога земав од базаро колку да ги пробам затоа што беа ефтини мн, а и несесерчето беше преслатко во кое беа ставени ,но одма се покајав,жива катастрофа ,влакната пагаа а и мн лошо мирисаа..така да сметам дека за четки а и општо за козметика нетреба да се штеди,сепак ставаме на лице и треба да е нешто квалитетно !
Можам ли да ги изчистам четките за шминка со сапунче и топла вода? Или треба нешто посебно? Фала однапред
^Со некој поблаг шампон и млака вода. Може и со сјај за садови, така барем имам читано. И со маслиново масло само четките за сенки. А јас ги имам исчистено и со сапун и немаат гајле http://www.huffingtonpost.com/2013/09/1 ... 53086.html Во видеово има повеќе објаснето