Си ја купииииив и во право си, потврдувам дека закосенава четка на Аура е преубава! Се изненадив колку лесно и рамномерно се нанесува руменило/бронзер со неа, баш како што сакав. Претходно со ниедна четка не можев толку лесно и убаво да контурирам, а сега ми е 5 секунди работа... Ептен сум задоволна!
Мислам дека беше 250 или 270. Помалку од 300 ден. е во секој случај. Сите четки им се одлични, јас си ги собирам и ми фали уште онаа за пудра. Не знам дали да ја земам зашто имам веќе таква иста за нанесување на течната пудра, ама аздис си е аздис. Онаа рамната пак, е идеална за нанесување бронзер и камена пудра. Никогаш не ми изгледал поприродно на кожата, ептен се исплаќа за парите.
Девојќи како ги средувате веѓите навистина немам појма, ако може некој да каже некој молив или четка ??
И молив и четка. Имаш варијанта само молив, комбинирано со мала закосена четка и сенка за веѓи/очи или само четката и сенката, со тоа што со последното ќе добиеш ептен природен изглед. Јас користам: Aura молив за веѓи - 01 Aura закосена четка и Gosh smokey eyes сенки за очи (ова многу ми се свиѓа како изгледа, иако не му е тоа првичната намена ).
Со што ги чистите четките и како ги чувате?? купив цел комплет ја имам искористено само таа за пудра и пробував да ја исчистам четката со топла вода но ништо не излегуваше.
Женски дали оваа четкава на Real techniques е наменета за течна пудра? http://www.iherb.com/Real-Techniques-by ... =null&ic=2
Јас си купив двострана четка за сенки од Goledn Rose со природно влакно и многу е добра. Ако му треба на некој нека не се мисли околу 180 денари мислам беше.
да koritsaki али ако сакаш четка за пудра би ти ги препорачала или Buffing brush (ама ја нема посебно мораш во сет да ја купиш) или Expert face brush..овие две се премногу фалени додека за оваа ти што си ја постирана не сум слушнала ништо позитивно Buffing brush е таа големата http://www.iherb.com/Real-Technique...Flawless-Core-Collection-4-Brushes-Case/41367 Expert face brush http://www.iherb.com/Real-Techniques-by-Samantha-Chapman-Your-Base-Flawless-Expert-Face-Brush/42482