MAC четки има во сите земји низ светот во кои што има MAC продавници, не само во Америка Јас МАC како бренд го сметам како нешто измеѓу drugstore и high end make up. Точно е дека цените им се малку повисоки, но не се толку скапи како што се Chanel, Dior, YSL etc. Морам да ги пофалам четките од Jumbo Баш се изненадив! Јас ги купив и рамната и таа аглестата на која што пишува дека е за нанесување на кармин. Толку ми се допадна таа аглестата што си купив 3 и си ги користам за нежно пополнување на вегите на места каде што имам дупки, или пак со црна сенка поминувам на горниот капак и изгледа како да имам туш ставено
Сакав да ве прашам, каде сте ги виделе четките на Аура што се комплетот од три за 350 денари??? Некој знам спомна таква цена. Инаку ги имам сретнато за 400 денари.
Грл во Ким ги видов четкиве на Гош, баш ја видов оваа и си викам на фемина ли ја видов Јас денес од Ким си купив сет од 5 четки, ги барав оние на Аура ама ги немаа моментално и ми ги понудија овие Flormar што ми се виде исплатливо 5 за 450 денари.
да да 2$ поштарина ништо.. ама бааги касно ми стигнаа..скоро еден месец ги чекав.. а иначе ги нарачувам преку еден братучед, он е во странство и има некоја картичка што е потребна за нарачување преку странава.. не се оригинал, ама многу се убави.. мекички..
Да ве известам дека четките на Аура изгледа се најефтини во Зегин. Јас ги земав од Зегин под Железничка станица и таму се 361 денар.
СДгиП тие што користат четка за нанесување на течна пудра, дали ја мијат после секое користење и воедно ме интересира како се грижите за четката.
јас не ја мијам секогаш одвреме на време слушнав дека има специјална течност за миење на четки и сунѓерчиња за шминка,имало во џамбо,незнам колку е а на друго место не сум сретнала... јас моите четки ги мијам со млака вода и малце бекутан и ги оставам да се сушат на крпа
И јас така ги мијам другите, ама за оваа за течна пудра не знаев како. Инаку мноооогу е закон нанесување на течна пудра со четка. Мене ептен ми се допадна ефектот! Инаку си ја земав од Орифлејм четката за течна пудра, 299 денари што беше на попуст во тековниот каталог. Спојлер Ја земав по набавна 230.
Еве ги сликнав моите четки. Во план ми се неколку што ги гледав од претстојните каталози на Авон и Орифјелм и доста ми се. Ќе имам секаква, секако аматерски се, ама за мене и за аматерско шминкање, дефинитивно и повеќе од доволни! Сребрената ја имам одамна, ја добив како подарок со Пантен шампон. Таа ми е прва четка воопшто.
Грл супер ти се четките, особено ќе ти ги пофалам тие од Аура, знам дека се добри Ти како си задоволна од нив? А четката за течна пудра се трудам да ја мијам после секоја употреба, ама кога нанесувам секој ден пудра не ми успева да ја измијам, па му доаѓа на секое второ. Со пенливо Бекутанче ги перам инаку.
Jа имам четката од burjois за руж и ептен сум задоволна, сеуште сум во потрага за добри четчиња за сенка гледам тие од аура не се лоши вака само да не испаѓаат влакната, исто се мислам да си земам и четка за течна пудра
И јас сум ептен задоволна засега. Супер им е цената за квалитетот. И буржоата е супер, јас ја користам за камена пудра.
Од оваа четка од Авон сум многу задоволна. Имам дома еден мизерен сет на четки. Има повеќе, ама искрено не ги користам многу-многу. Во идинина морам да си купам некој доообар Гледајќи ја темава си барав сетови со четки на интернет. Од секогаш сум ја сакала онаа за течен креон и онаа за отстранување на правта од сенките околу очите. Морам да си набавам нешто вакво во иднина
FBI јас ке си ја земам баШ оваа четка од Авон и уШте една за руменило. P.s.за Што злужи последнава четка од кај ФБИ?
Грл 1985, нема да зажалиш, многу е квалитетна четката. Заедно со ружот се секаде со мене Па јас колку што знам тоа е оваа последнава, сплесканата во форма на лепеза Ја користат за тргање на правот ос сенките кој паѓа на образите. Таа е таа што ја сакам. Ако сум грешка f*ck !!!