Истото го помислив и јас, затоа од една страна не би инвестирала за ваква четка. Подобро со истите пари ќе земам сет RT, па тогаш навистина ќе бидам фул-опремена.
Во никој случај не би дала 30-40 евра за една четка, со тие пари пудра ќе земам или крема предобра. Или пак ќе земам цел сет со четки. Дајте линкче од Real Techniques од каде нарачувате, конкретно од четкава, или од некоја друга ваква било да е копија или не. Јас како што читав оваа на Есте е наменета за нанесување течна пудра, контурирање никаде не беше спомнато, а и не е таква каква што постираше @doubleinfinity на видеото. Еве погледнете: Се вика sculpting foundation brush.
Јас на ајхерб ги нарачав , гледав и на други страни , ама или шипингот не ми одговараше или беа по дупла цена. http://www.iherb.com/Real-Techniques-by-Samantha-Chapman/Cosmetics-Makeup http://www.iherb.com/EcoTools-Face-Body-Sculpting-Brush-1-Brush/46976 , нешто слично ...
@mims-89 , од iHerb ќе ги нарачам четките, мислам дека со попустот од 5% кој може да се искористи при првата нарачка испаѓа околу 850 денари (не знам дали има шипинг, мислам дека нема), што и не е воопшто лоша сума како за така квалитетни четки. Во сетот беа 4 или 5, најосновните.
5 долари е попустот за првата нарачка , од 1 декември има нови тарифи за шипинг , па ако нарачаш над 20 долари и тежи помалце од 430-50 грама , шипингот ти е 2.23 долари
Имав многу стари кои им заврши функцијата и влакната им испопаѓаа па ги фрлив.Видете до сега што испланирав да купам. Сега правам колкеција на четки оние најосновните кои ми се потребни а гледам да поминам поефтино. Четка за пудра и руменило планирам да ја земам аглестата четка на Аура Прочитав дека е околу 200 и нешто денари. Четка за коректор имам од Орифлејм синтетичка и ја користам само за апликација на коректор а за течна пудра и блендирање на коректорот планирам да ја земам на Ебелин Сега за сенка,ја имам обичната на Есенс Ја умрев од користење ама задоволна сум уште.Можеби уште една да си земам, се исплаќа за таа цена. Ми треба убава четка за блендирање ама не знам кои се така подобри.Се мислам помеѓу и Оваа на Гош мислам дека е околу 170 денари ако не се лажам,само не знам дали ја има уште во ДМ. И,за гел-лајнер планирам да ја земам на Bellaogi двојната четка Ако ја најдам добро ќе биде а ако ја нема или онаа на Есенс или на Аура ќе видам дали има.Колку што знам оваа е околу 200 денари така? Дома имам и една синтетичка за кармин ако некогаш ми затреба и тоа бибило сега за сега мојата мини колекција Е сега, пошто не сум од Скопје може ли некој што бил во Дм скоро ако знае да ми каже дали се наоѓаат овие четки и дали сум точна со цените да знам колку да одвојам за четки. И уште нешто beauty blender -сунѓерчето во ДМ е 180 , а во Џамбо? Знае некој да ми каже или истото е ?
@Brojce јас ќе ти ја препорачам четката за блендање од Есенц. Незнам колку време ја имам ама уште си ја врши својата функција, колку пати сум го миела ниту едно влакно не паднало. Предобар е за таа цена дури. А што се однесување за сунѓерчето на ебелин дм, ако мислиме на истото розевото тоа служи за контур ама можеш да го користиш како помошник за нанесување на течна пудра. Инаку во било кој ДМ дали во Џамбо, ГТЦ итн. цените се исти.
Ги препорачувам четките за блендање сенка од Yves rocher. Јас ја имам пошироката, по флафи што е, и сум презадоволна. Неможам слика да ставам затоа што сум од мобилен. Побарајте на страната на Yves rocher, околу 350 денари се, но вредат за секој денар.
Real Techniques немаат таква сплосната четка за скулптурирање за жал. Со таа на Estee Lauder тешко дека може да се нанесе течна пудра, мислам дека би било мачење плус не така добар финиш. Јас ја имам на Nars и ми е ОДЛИЧНА за контури, презадоволна сум. Пред да ја земам се двоумев меѓу таа и оваа на W7 ама разликата во цена ми беше не толку значителна и се решив сепак за првата. @mims-89 имам гледано дека некои користат ваков тип на четки за нанесување на течна пудра. Демек супер биле за брза апликација ама немам пробано и не ми е во план зошто мислам дека постојат и поседувам многу подобри за таа намена. @Mishela ако мислиш на овој сет жалам што ќе те разочарам ама веќе е повлечен од продажба. Редактирам: Имаат Real Techniques сепак сплосната од новава колекција ама не е достапна за купување онлајн. Инаку информативно четките може да се порачаат и директно од нивната официјална страна.
@Artemission , не станува збор за истиот сет, тој беше помал, многу помал од тој и имаше само 4 четки, воедно беше и поевтин. Го чувам некаде линкот, ако го најдам низ мобилниот ќе го постирам. Фала сепак за известувањето.
Бев љубопитна како ќе изгледа пудра нанесена со четка и бидејќи купив сет четки, не видов некоја ко оние што ги постирате за пудра, па една ко овие подоле почнав да ја користам за нанесување на пудра. Има многу голема разлика него со прсти. Пудрата на Аура ја критикував во темата за Пудри, но со четкава супер изгледа на лице. Ни се собира, ни се прават лушпи, баш порцеланско го прави лицето. Секако ми е во план да купам четка што е баш наменета за течна пудра, но до тогаш ќе се бојам со оваа.
Зависи од тоа што планираш да нанесеш со четката. За кремасти и течни производи на пример, не се препорачува да се користат четки со природни влакна бидејќи тие впиваат доста од производот. За суви производи можат да се користат четки и со природни и со вештачки влакна. Доколку четката е квалитетна не е многу важно од какво потекло се влакната
Ми треба четка за разнесување на сенката...и многу тенказа делот под очите ... По колку се движат цените и сакам некоја квалитетна да земам..така да препорачајте.. Може и сет да ми препорачате.. http://www.painted-ladies.com/wp-content/uploads/2012/02/DSC_0739.jpg
@marama ако ти ја размачкува убаво пудрата да си ја користиш Се зависи од пудрата и покривноста што сакаш да ја постигнеш. Тие четки со погусти влакна се користат за поголема покривност, додека поретките за лесна/средна и даваат многу убав финиш. Јас ги користам двете четки подолу во зависност од тоа колкава покривност ми треба во моментот. MultiTask четката како што можеш да забележиш е слична на твојата и таа ми е за секојдневен изглед и ми одговара како со потечна така и со погуста пудра.
Девојки има ли шипинг до Македонија од iherb, гледам многу од вас порачуваат , јас не ја пронајдов Македонија меѓу државите наведени на сајтот па затоа прашувам
http://www.iherb.com/Real-Technique...Flawless-Core-Collection-4-Brushes-Case/41367 На овие мислиш?Јас ги имам , предобри се , дури и на втората четка и најдов начини за користење.