Добро четки такви работи се лесни горе долу , вака од искуство ако си порачувала може ли да ми кажеш дали и за такви лесни работи е скапо или ? Благодарам многу на одговорот
Да @cooll , токму тие се четките. Колку време ги чекаше? Јас се мислам кога да ги нарачам, ама најверојатно ќе биде при крајот на месецот.
Штом имаш план само четки да нарачуваш може да поминеш и со 2 доларчиња шипинг .Ама во случај ако нарачката ти тежи до 400-тини грама и изнесува над 20 долари, што сигурно ќе изнесува ,ако не можеш да вметнеш некое лабелце.Стави во кошничката што ти се допаѓа и автоматски ти го кажува шипингот.
Real techniques четки можете да порачате и од нивната официјална страна realtechniques.com. Јас лично немам порачано од таму, но има шипинг до Македонија кој прилично евтин. Баш сега проверив за Core collection сетот на ихерб шипингот е 4,45 долара а на страната на Real techniques е 2,67. Па кому како одговара
Нема врска, јас понекогаш ги чистам и со обичен течен сапун. Но, убедливо најубави ми се кога ги оставам да стојат во смеса од малку вода и регенератор за коса. Најмеки се и најубаво ми се аплицираат сенките тогаш. Можеби и си замислувам за тоа со нанесувањето, ама убедливо помеки се тогаш.
Јас секогаш со маслиново масло и антибактерискиот течен сапун на Алкалоид. Убави се и меки после тоа. И нормално со млака вода и секогаш свртени надолу, дури и кога се сушат. Пред да ги ставам да се сушат во чиста чаша, ги бришам нежно со палома/салфета и на дното на чашата ставам тупфер за лице. Се сушат за побрзо време вака.
Убава и прецизна четка за руменило? Ги имам една од Avon и една од Real Techniques и не им има паднато ниту едно влакно, ама имам чувство како да не ми се баш прецизни, а пробувам секако. Си умислувам дека имам премало лице и дека руменилото ми стои како шлакнато онака. Сакам попрецизно нанесено. Да ја купувам таа на Аура или преголема е?
Не е многу голема, ако мислиш на онаа косата. Јас сум навикната на поголеми и побујни четки, па оваа во споредба со претходната од Орифлејм ми изгледа како бебешка. Мене ми е стварно прецизна, се случувало со неа да блендам и бронзер, хајлајтер, ми нема утка.
@senza.parole мала и прецизна четка за руменило можам да ти препорачам од E.L.F. Со некои појаки руменила и јас се нервирам кога ми се распространети насекаде, а оваа баш ми одговара за таа намена, има перфектна апликација и одлично го нанесува производот. Сплосната е, влакненцата се многу меки и нежни и не паѓаат.
До скоро единствена четка што ја користев беше онаа големата за руменило и никаква друга. Пред некое време си купив една двострана четка од аура(пишува дека е за smokey eyes) и една од gosh и не можам да објаснам колкава разлика има во шминкањето со такви четки наместо оние класичните што ги ставаат во сенките. Бидејќи често гледам туторијали за шминка на youtube и си реков дај и јас да пробам некоја слична четка,иако изборот кај нас е доста помал. Сега дури сфаќам колку попрецизно и порамномерно ја нанесувам сенката и навистина изгледа многу поубаво,па и добив многу комплименти последниов период.
Девoјки ми требa дa ми препoрaчaте четки, aмa зaеднo дa oдaт, не бaшкa и дa не бидaт зa пoрaчувaње oд интернет. Ми требa зa сенкa, зa блендирaње нa сенкa, зa руменилo, зa кaменa пудрa имaм, aмa нa смртнa пoстелa е. И дa не бидaт некoи oд ДМ или Верo итн. oти сум oд Велес и не плaнирaм зa брзo дa oдaм вo Скoпје. А @xxAngelxx мaскa мoжеш дa нaнесувaш сo четкa зa течнa пудрa, aмa сaмo зa мaскa дa јa кoристиш
Се сложувам. И јас имам од e.l.f само што е поинаква. http://www.iherb.com/E-L-F-Cosmetic...0&lc=en-US&w=e.l.f brush&rc=131&sr=null&ic=19 Следна ми е оваа за купување http://www.iherb.com/E-L-F-Cosmetic...0&lc=en-US&w=e.l.f brush&rc=131&sr=null&ic=11
@naturally ја имам и втората, E.L.F. Cosmetics, Angled Blush Brush, и да ти кажам право од таа не сум баш воодушевена особено не е добра за руменило. Не ме сфаќај погрешно, четката е квалитетна ама многу е густа со ептен цврсти влакна и ако со нејзе ставиш нешто над течна пудра веројатноста дека ќе ја избришеш или размачкаш после тоа е многу голема. За контурирање и блендање на крем бронзер е одлична и супер легнува под јаболчниците ама за намената баш и не ја бива.
Од четки имам неколку, главно на Орифлејм, Авон и Аура. Користам за течна пудра и коректор на Oriflame, за руменило закосена на Авон, а од Аура го имам оној сетот што се продаваше порано во несесер (три четки, за руменило, за сенка и за блендање што викате) и тој сет на времето во Зегин беше околу 300 денари ако не се лажам и искрено е предобар според мене, очигледно денес им се доста поскапи четките на Аура? Инаку сакам да си купам поинаков тип на четка за нанесување на течна пудра, и меркам една четка во Голден Роуз па ако имате позитивно искуство споделете Чини 250 денари. Кабукито ми е на Bourjois, имав уште едно Кабуки на Авон ама и го дадов на мајками да си го користи. Имам и една многу мала закосена четка за сенка за веѓи обично ја користам, заборавив да ја сликнам