@girl1985, пак јас , дури и незгодно ми паѓа веќе, ти реплицирам како луда. Јас ја имам таа четка од Голден Роуз. Навистина е добра за нанесување на пудра, не ја замачкува и убаво ја бленда, не ја впива пудрата како бјути блендерите и убаво покрива и деликатни делови. Од искуство со онаа од Ебелин која ме служеше одлично повеќе од пола година и кога најмалку очекував - ми се распадна, мислев дека и со оваа ќе биде така, ама сепак не е лоша. Многу внимавам кога и како ја мијам и чистам, засега добро се држи. За цената е и повеќе од добра, ама јас на пример очекував многу повеќе. Можеби и затоа сум малку разочарана, ама сепак е солидна четка, ако те фаќа мерак купи ја и пробај ја, во секој случај е поиздржлива од онаа на Ебелин, ми изгледа покрута од неа.
А колку е таа на ебелин срц? И видов дека и Аура има ваква четка??? @Mishela И каква е разликата помеѓу сплесканиве за нанесување на течна пудра, и овие пресечениве?? Модератор: Ве молиме, не испраќајте две мислења едно по друго, доколку сакате да го дополните мислењето, редактирајте.
Таа на Аура не е добра за течна пудра, мнооогу е мека. T.e. две се од Аура такви поголеми, ама не се за течна козметика, повеќе се за бронзер, хајлајтер и сл. Ебелин ти е 295 денари. Се мислам дали пак да ја земам, ама при толку четки, ме фаќа срам од самата себе. Едит: Наводно, оние рамните не оставаат линии, поубаво се бленда пудрата и се попрецизни од тие што се сплоснати. И така е, ама мене оние најобичните ми се најпрактични за деловите кај очите, околу и кај носот. Со добра техника, мене не ми прави разлика како е нанесена пудрата, т.е. со каква четка. Онаму кај што ми се јавуваат линии, повеќе тапкам и се е рамномерно и фино.
Според мене Ебелин, многу е пофина и нежна, ама ужасно ме нервира тоа што треба да ја пазиш како очите во главата зашто многу брзо се распаѓа, девојките многу се жалеа од неа. Мене ми беше супер доста време, ама нагло останав без неа, почнаа да и паѓаат влакната како луди и тоа при само едно миење. До таму ни било со четкава.
Имам купон -15% во дм тој кај Веро2 и ќе и дадам шанса чим е помека А сакам и таа на ГР да ја земам во догледно
Ццц и јас веќе забегав Си викам што сега 250 кога погоре пише дека е многу поефтина Ебелин, а тоа да ти било пофина.
Јас си користам ваква со затворање, пред се затоа што се запазува хигиената, а плус е практична за носење во помало несесерче со шминки кои ми се понеопходни.
Феминки сакам да си купам сет со повеке четки(за сите нанени да има барем по една )но да не бидат многу скапи.Немора да бидат од позната фирма само сакам да имаат солиден квалитет .Ве молам кажете ми каде можам да најдам(во Битола) Фала однапред
Jas imam 2 vakvi za pudra mnogu se dobri za profesionalna upotreba se a se evtini http://www.alexandar-cosmetics.com/sr/category/blush-cetkice-za-sminkanje
Нискобуџетна четкичка за блендање сенки? Се мислам за Аура таа што е двострана ама незнам дали е наменета за блендање. Ми треба да е некоја баш за таа намена па препорачајте ми. Имам од Фреш Минералс ама не сум воопшто задоволна, многу е мека и само го гали капакот нит бленда нит ништо...
@mims-89 Ја имам на Impala четката околу 3 год, одлична ама малце е голема и незнам дали ке ти одговара евтина е околу 150 ден. Друга добра е на Oriflame 179ден баш е за таа намена, до сега не се паднати влакната а ја имам миено 2 пати, ама малце влакната погруби се и не се многу густи. И на Yves Rocher е исто така предобра, мислам дека е со придорни влакна околу 350 ден беше.
Многу е убава двостраната од Аура за блендање, ама јас немам баш убаво искуство со неа, затоа што многу ми паѓаат влакна од нигде никаде. Ја стеснував кај врвовите, ама иста приказна е. Меѓутоа, можеби пак така ми се погодило, ја имав купувано и порано и другата не е таква. Исти се, ама еве овие поновиве изданија можеби се почкарт. Ти ја препорачувам четката за бледнање на Гош, во Космо е околу 200 денари, не знам навистина колку точно ја купив пред повеќе од пола година. Мислам дека беше 179, не ме фаќај за збор. Многу е убава, има и помала, ја имам и неа, ама таа е многу тенка и е повеќе за некои попрецизни делови - ја користам за хајлајт под веѓите или прецизно блендање на сенката кога сакам да ми изгледа како да имам нанесено лајнер на аглите од очите. Ќе ја препознаеш таа за блендање, не е многу голема, ама се познава по самата форма на четката. Од квалитетот сум изненадена, Гош си е Гош, четките им се врв. Ваква некако е, спакувана е во кутивче. П.С. Исто и двете четки за блендање од сетот на Аура во ДМ се преубави. Не пуштаат влакна, доволно се густи, премеки се и многу прецизно блендаат. Не сум се сликала одамна, ама забележувам доста голема разлика во блендањето. Многу помек и по така smokey изглед даваат. Сетот е околу 400 денари - 3 четки + несесер и мислам дека навистина вреди, сите четки се убави.