Морам да си ја пофалам четката за руменило од Катрис. Ептен е прецизна, руменилото ми се нанесува точно таму кај што сакам, без остри и нагласени рабови што мора дополнително да се средуваат, доволно е со два-три потези да го средам цело лице. Средно голема е, малку плосната, не сосем полна, мека и со практична амбалажа. Ова после неколку денови користење, ќе видиме како ќе се покаже со честото миење. Ваква е јас можеби и не сум некој репер за четки, пошто не се шминкам како повеќето тука на темата, барем не толку интензивно, ама многу ми е важен основниот секојдневен изглед, а руменилото е составен дел од тоа, па секако и четката за нанесување руменило е важна алатка. Голем плус од мене, за сега, ќе видиме понатаму.
Девојки, еве гледам некои од вас ја користат четката за блендање на Yves Rocher, некој поопширен коментар, дали е вредна да се купи, компарација со други четки? Инаку цената е 309ден. Јас ја користам најниско буџетната на Essence (лила боја) и ја препорачувам ама сакам и морам да си земам и друга.
Незнам колку пари си ги платила но за 100+ имаше подобри, на овие им паѓаат влакната искрено и не ќе можеш да ги миеш. Тоа е мое мислење.
[QUOTод ка"buba4e89, post: 2328015, member: 62470"]Незнам колку пари си ги платила но за 100+ имаше подобри, на овие им паѓаат влакната искрено и не ќе можеш да ги миеш. Тоа е мое мислење.[/QUOTE] таму од кај што ги купив само овие беа комплет за еднаш ке ппслужат150 ден ги зедов. Инаку ако знаеш каде можам да најдам комплет а да не се ммногу скапи пиши. Позз
Feminki, dali imte iskustvo so cetkite na biofarm? Kvalitet na vlakna,ncin na odrzuvane i slicno...? P.s. mobilniot ne mi dozvoluva da vi pisuvam na kirilica Sekoj sovet e dobredojden
Јас ја користам закосенава четка од Аура, и за бронзер а и за руменило е супер. Исто така ја фалат четкава од Essence, а и за овие од ELF имам читано добри критики.
Јас сум презадоволна од четките на Макс Фактор особено од четката за кармин и за сенка, предобри се. Не се ни споредуваат со тие на есенц
Јас имам скроз обични четки, ги земав од една продавница се за 100 и супер се, ми бркаат работа не дека јас се шминкам кој знае колку, aма ете ги купив колку да ги имам
Претпоставувам дека добар дел од вас форумџики ја имаат четкава од Real Techniques - Еxpert face brush, па би сакала ако може да ми напишете кратка рецензија. Одаааамна ја меркам и сакам да си ја купам за да ја користам за течна пудра, видов дека ја има на IHerb па се мислам да ја нарачам... и за колку време стигнува отприлика? Фала!