Ја немам баш оваа четка , но ги имам тие за сенки http://www.iherb.com/Real-Technique...c=en-US&w=real techniques&rc=33&sr=null&ic=12 порачај си ја , јас ги користам секој ден овие за сенки , на два дена ги мијам и ништо не им е , ниедно влакно не е паднато , и јас се мислав да ја нарачам оваа за течна пудра ама бидејки итно ми требаше и неможев да чекам си земав од сефора. Досега сум нарачувала 4 пати од странава и работите ми стигнувале до 25 дена и тоа во кутија се супер завиткнао , никаков проблем не сум имала
На пример еве мене ми се испратени Р.Т. четките на 17.02 и уште чекам.. пишува дека треба да ми стигнат од 28.02-16.03
Ќе ти стигнат и јас ќе си ја порачам четкава ама на некој попуст тешко да ја начекам... кога и да отворам е 9$.
на iherb се најефтини од сите онлајн продавници што имаат достава кај нас, башка и на првата нарачка имаш попуст така да не се двоуми...
Беше на 20% попуст и тоа 2 пати колку што се сеќавам.Мене не ми се брзаше кога ги купував четките и ајде реков попуст ќе чекам , ама никако да ги стават и ги нарачав.После една недела гледам 20% попуст.Малер невиден сум!
ја пробал ли некој четката за руменило од авон? или да ми предложите некоја друга добра со солидна цена?
Имаш на еssence со добри влакненца колку пати и да ја миеш нема да ти падне ниту едно влакненце. Е сега незнам точно цена околу 200 денари.
Денес ја зедов четкава, за течна пудра може ваљда? И ај некоја да ми објасни concealer од catrice како да ги користам? Фала ви.
@macovska четката ми изгледа како за пудра во прав, камена или руж. А за коректорот зелениот ти е за да ти прикриеш црвените делови на лицето, розевиот за подочњаци, тој до него за конутирање, па за флеки и слично и последниот како хајлајт. Најдобро е да ги мешаш, првите две со последните две, зависи од тенот, за всушност да се добие таков подтон, а не да биде баш зелено или розево.
Фалааа, а зошто на четката има од назад: Најфинтие,гсто спакувани влакна овозможуваат аплицирање како на течните производи така и на производите во прав. Некако ми делува како да е за течна и евентуално за камена.од досегашното мое искуство со четки... Или грешам?
Ова е повеќенаменската четка од Аура ако не се лажам, јас ја имам истава ОДЛИЧНА Е ама за течна пудра слабо... не дека не можеш да ја користиш и за тоа пробај си, али премногу некако се упива пудрата во самата четка и не се нанесува убаво на лицето. Али... за камена пудра, а поготово за руменило и бронзер е ВРВ!
http://www.ebay.com/itm/20-Pcs-Make...789?pt=LH_DefaultDomain_2&hash=item43d5c0716d Што мислите за овие четки? Дали да ги нарачам?
Предлог четки од алиекспрес? Има огромен избор, па не можам да се одлучам. Не ми требаат многу, за руж/бронзер и 2-3 за сенки.
Убави се овие четки, јас имам едни веќе година дека и се многу квалитетни од и-беј се само не се истите овие. Незнам колку пати ги имам миено, ниедно влакно не им падна.
@crazylady Јас би ти ја препорачала четката на Импала ја имам 2 години и ниедно влакно не е паднато, исто и другарками ја фалеше на Catrice дека и била предобра.
Јас ја имам таа закосената на Аура (што е за контур) и можам слободно да кажам дека не чини. Освен тоа што пушта влакна и некако млитава стана (а ја купив за 8ми март). Искрено изненадена сум. Користам и други четки на Аура (дуото за нанесување сенки) ама од неа сум презадоволна. Оваа не би ти ја препорачала, иако се изнаслушав позитивни критики за истата тука на форумов.
Мојата четка за руменило од Аура е сосема во ред, ја имам неполни две години и навистина е во одлична состојба. Јас имам обратно искуство - дуо четката ми се распадна од само неколку користења и дојдов до заклучок дека постарите пратки најверојатно биле поквалитетни, новиве се чкарт или на среќа ако ти се погоди четка која не е склона кон рапидно окелавување. Gosh имаат преубави четки, барем оние за нанесување сенка и руменило се прекрасни и не се скапи.