Во следниот каталог на Oriflame ја има четкава за течна пудра Giordani Gold. Еве што најдов на нет за четкава: Enjoy effortless aplication of your foundation with this beautiful black and gold colored wooden flat-headed brush with very softnylon bristles. Flat shape promotes even coverage without streaking for a beautiful, blended finish. Што мислите, како ви изгледа? Имате ли користено некоја слична четка?
Девојки, некоја да препорача фул комплет четки? Од меки, тврди, за очи, веѓи, бронзер, течна пудра итн? За руменило ја користам закосената на Авон супер ми е, ја имам и таа за течна пудра но сепак нанесувам со сунѓерче од Орифлеим, подобро ми изгледа.
Го купив сунѓерчето за пудра од џамбо, мирисаше многу лошо, го измив со бебешки шампон, но уште мириса. Ми е страв да го пробам сега да не ми изреагира некако лицето. Дали и тоа поскапото мириса исто или ова дека кинеско? И ако го имала некоја од џамбо истото дали прави проблеми на лицето?
@rainbowec Дека е горе рамна одлично изгледа, мојата на Сигма е така и дава одлична покривност а не мора да ставам многу пудра. Инаку за течна пудра од Орифлејм јас би ти го препорачала сунѓерчето за течна пудра, многу рамномерно ја нанесува, плус одлично е и за коректор и за пудра а цената е смешна 100 ден. Многу е меко, ни малку не е како тоа од Ебелин, и плус многу лесно се чисти. Пробај го, мислам дека после тоа нема ни да сакаш да користиш четка хахаха
Го имам сунѓерчето од Oriflame, и се согласувам дека е супер. За четкава чисто ме интересираше мислење, многу луксузно ми изгледа. Изговор да се трошат пари.
Која цена ќе биде четката? Уште го немам видено следниот каталог, па да знам да си планирам. И јас како тебе сум презадоволна од сунѓерчето, го земав по набавна цена од 80 денари- за таа цена не очекував нешто посебно, а останав позитивно изненадена. Меѓутоа сега кога ја гледам четката си велам зошто да не ја пробам и неа.
Јaс кaкo штo знaм немa никaде низ Бaлкaнoв Сигмa четки , a мoжеш дa пoрaчaш oд ибеј aмa ѓaвoл ипoл ќе ти чини.. Знaм декa вo aмерикa скoрo сите ги кoристaт изгледa сaмo тaму ги имa. Зaштo не ги рaзгледaш нa iherb четките нa Real techniques јaс сум презaдoвoлнa oд нив
Devojki ve molam za sovet od kade da zemam komplet cetki? Gledav od aliexpress ama ima mnogu pa nemozam da se odlucam. Ve molam pomos itno mi e
@eatpraylove90 , ајде штом ти е итно Се шалам. Јас овие си ги имам ставено во Wish List, кога-тогаш ќе им дојде редот. Коментарите се позитивно, башка што за неполни $6 добиваш 20 четки. http://www.aliexpress.com/item/20-p...-Lip-Sponge-Eyeliner-Brushes/32221882327.html Ако ги порачуваш, кога ќе ти стигнат, сликни ги и објави ги во Онлајн производи (искуства и критики), баш ме интересира како ќе ти се допаднат.
http://www.aliexpress.com/item/10-P...Brushes-Kit-make-up-brush-set/1310720714.html Јас го имам горниов сет, сега гледам намален е дури,јас го зедов некаде околу 15тина долари ама вреди секој цент..ни една четка не ми пуштила ни влакно досега...зависи дали сакаш сет со многу парчиња,мене овој многу ми се погоди јас не сакав многу четки, сакав специфичен вид, со овој сет плус нешто четки што имав од претходно добив се што ми треба за шминкање.... http://www.aliexpress.com/item/High...essional-cosmetic-brush-tool/32264771855.html го имам и овој сет (не баш овој пошто селерот веќе не го продава), го купив слична цена како другиов ама воопшто не ми се погоди..четките за очи се добри ама тие за лице после неколку месеци повеќето ми се распаднаа
Овие четки ги нема у Мк, а ja нема веќе ни блендиг(или подобро можеби-за нанесување сенка на прегиб) лилата четка на Essence - ultimate favorite ми беше Ама затоа Catrice избаци некои четки на пазаров, фино изгледаат, на допир се исклучително меки, е сега дали добро си ја вршат работата-незнам Ако ги користел некој нека пише
Не сум пишaлa нa темaвa, јaс oвие четки нa Есенс ги нaјдoв вo Грцијa и јa земaв тaa лилјaкoвaтa зa пудрa штo е и е супер..a нa Кaтрис ги немaм прoбaнo.
Catrice Powder Brush Задоволна сум од оваа четка на Катрис. Ја користам за камена и пудра во прав. Мека е и флексибилна. Формата во вид на лепеза ептен ми е од корист да поминам буквално сегде, не дека со обична округла четка неможев ама оваа поубаво го фаќа секое делче од лицето. Цената не знам колку и е точно, јас ја земав на попуст за околу 100 ден. Исто сум многу задовона и од Duo Eyeshadow Brush поготово тоа помалото четче многу е добро за размачкување на молив за очи.
Добра, квалитетна четка за течна пудра, без оглед на цена тука во ск да ми препорачате? (Што ќе истрпи долго заради миење секој ден)