Подолу кај опцијата за поштарина имаш да одбереш DHL или International Airmail. Инаку доколку прв пат порачуваш од тука можеш да искористиш 10$ попуст на првата нарачка ако ти е над 40$ или 5$ ако е под. Кликни само на линков и автоматски ќе ти го пресмета попустот.
Девојки, а како најчесто ги миете четките? Поцнав и јас да користам за пудра па да прашам за одржавање
Jas na 3 dena gi peram so sapun i voda. I toa so sapun na Dove. Posle toa se pre meki cisti i epten ubavo mi mirisaat
Било кое бебешко шампонче ќе ти заврши работа, а за самата постапка има доста видеа на youtube. Во основа, млака вода, шампонче, плакнење и сушење.
Парче рај. Немам коментар. Едвај чекам другиот месец да си порачам и други три. Ги сакам тие златните, бронзените и сребрените, ама со нив ќе се частам кон нова година. Јас подобри четки не сум пробала. Одамна имав една на клиник -стиплинг браш (или не знам дали беше клиник, ако знае некој од космото карши новото министерство за финансии што марка стои после касите веднаш од лева страна, епа од тој штанд, ич не ми текнува кои беа) беше, но ја изгубив, мислев дека подобро од неа нема да најдам, се излажав. ПРЕ-ДО-БРИ!!!
Ги имa нa iherb јaс тие зa сенки oд тaму ги пoрaчaв мислaм и lilit oд тaму ги пoрaчaлa. А и јaс сaкaм дa јa прaшaм лилит тие нoвите РТ oд кaде дa ги пoрaчaм дaли знaе?
@koritsaki мислам дека на официјалната страна може да се нарачаат.Паметам лани си ставав во кошничката и шипингот не беше скап , само што тогаш немав пајпал и неможев да нарачам. Realtechniques.com
^ Не се природни, но се далеку подобри од природни. Колку што знам јас од брендов ниту една четка не е со природни влакна, ама не би да тврдам.
https://scontent-vie1-1.xx.fbcdn.ne...=95944331433a06a3533a5de3b4ff8c96&oe=564459FB дали некој можеби ги има овие? се мислам дали да ги порачам..2990 е комплетот
Од каде ќе ги порачаш? Ако ти ги нуди некоја фб страна да знаеш дека не се оригинал , 100% оригинал се само тие што ги продаваат во продавниците MAC (имаш во Грција , Бугарија)
Четките со природни влакна (посебно оние за течна пудра), наводно имале способност да впијат повеќе продукт. Јас сум имала и со природни и со синтетички влакна, секогаш се одлучувам за втората. И мене ми изгледаше дека ми ја впива пудрата, а на четката ми останува минимална количина од земената.
Никако неможам да си ја исчистам четката за нанесување течна пудра од Аура. Ја заборавив неколку дена да ја исчистам одкако нанесов пудра и сега ми е ко закоравена, мрсна, ја миев неколку пати и со средство и со топла вода и ја оставив да кисне и џабе несака. Совет или да ја фрлам?
Направи смеса од масло (било какво), вода и малку регенератор. Остави ја некое време и потоа пробај да ја измиеш со топла вода. Јас вака ги чистам сите четки, многу се убави и меки, како нови ми се. Го имав и средството од Ебелин, ама по миењето четките трујат на хемикалии и го фрлив.