Не е,оваа како лепеза е за правење на контури и сенчање на лицето со пудра во прав,руменило или бронзер.А за тоа околу очите...нема таква,има помали како оние за пудра и тие се за коректор нанесување и најчесто тие ги користат за отстравнување на вишокот сенка околу очите.
Јас ја пратам Пиксо или нешо така беше на јутуб,професионални шминкерки се со сестра и и имам читано по портали за шминка дека за тоа е оваа четка,ама нема везе,вие користете си ја за што сакате. Убава е што е лепезеста и тенка и тамам е за правење на контури,ма одлична.Јас имам една и прво со неа го сенчам лицето,па после со широка четка ставам руменило под јаболчниците повеќе и маааалку на нив,ама премногу малку (според формата на моето лице,така треба,под нив,а не на нив,дури и воопшто не се препорачува) и така...
Би сакала дололку можеш да ми пратиш линк во ЛП од каналот на youtube, јас побарав како Picasso ама не ми отвара нешто што ми личи на шминка
Оваа од орифлејм е пред околу 2 години е земена, јас ја користам за пудра во прав зашто и кога ја зедов беше во сет со пудра во прав. Убава е четката од природни влакна, некој ми спомна дека била била од козји влакна ама незнам
Пробуричкав низ интернетов и едвај најдов Објаснета функција на четкава.........очигледно дека ја користат за повеќе функции. Затоа сум ја запамтила како четка за чистење на сенката од под очите Четкава се вика Fun brush, се просветлив Clean Up Use a soft fan brush to lightly dust away stray eye makeup that has fallen onto your cheeks after applying. Најдов и сликовито објаснување на една страна Brush 12: Fan-Brush use varies. They include for colour wash on cheeks, foundation, etc. Most makeup artists recommend adding extra loose powder just under the eyes, to catch falling mascara and eyeshadow. So, mostly the fan-brush is used to remove these excess powder at the end and due to its nature, it will not ‘move’ already set makeup. http://www.a-squirrel.com/makeup-artists-brushes-supplies.html И мултифункционално објаснување Mistake eraser: By design, a fan brush fans away product. So if your powdered makeup products (especially eye shadow) are leaving flecks behind, a light swipe of the fan brush can easily wipe away the excess. http://www.bellasugar.com/How-Use-Fan-Brush-Apply-Makeup-13643154 Овие линкови ми ги разрешија дилемите и сега станаа трилеми, поради мултифункционалноста на четкава.
moze samo da se poracat od web sajtot na MAC Cosmetics: http://www.maccosmetics.com/index.tmpl mnogu se skapi -.-
MAC мислам дека не се нешто пре пре скапи, би ги ставила ја негде у средина, нит многу скапи нит ефтини.. незнам зошто ама секогаш сум имала некоја одбивност кон мас брендот незнам зошто.. инаку ја колку сакам да си купам еден голем убав сет за шминкање уф уф ама тие квалитетните и бројните скапички се а и понекад си викам, што ке ми се толку четки, не сум професионален шминкер..што ке им правам бла бла а мас четките ги имам видено во живо и ги имам допрено како и полно од нивните производи што ги разгледував во една продавница кога бев у странство..една четка мас отприлика накај 1500 чинеше Имам јас неколку четчиња за сенка, ок се ај, имам она блендинг браш, за спојување на боите она да ги смешаш едно у друо и многу сакам да си земам angled brush тоа накосената четка и да ја користам како туш со употребувајки кафена/црна четка мислам дека многу убав ефект ке се добие наместо секој ден туш да ставам некој имаше спомнато тука дека во џамбо имало и добри биле..вистина ли? Исто да прашам, какво е тоа нанесување на течна пудра со четка? имам гледано на интернет ова бјути гурусов на јутуб како ставаат али мене па не ми се допага тој начин..мислам дека после нанесувањето со четката, ке се гледаат траги, некако најубаво ми се чини со прсти се нанесува..или? има некој искуство со нанесувањето пудра со четка? извинете за долгичкиов пост
Нејм не се познаваат траги од четката ако ја изработиш убаво подлогата, со накрсни движења. Што да ти кажам - на некои повеќе им се допаѓа со четка, на некои со прсти. Јас лично повеќе го сакам ефектот што го дава четката. Треба да пробаш за да знаеш дали ти се допаѓа
Да бе,Пиксиву беше или како и да им се чита,јас цело време си ја викам Пиксо пошо ме мрзи да се трудам.
од мац само овие три сакам да ги имам, мислам доволно се за еден аматер, не ми се потребни сите бидејќи не занимавам со шминкање.
^ добар избор, но немора баш од мас да се...не е само таа компанија што прави четки ливинг, е да, треба да пробам, ама од каде четка?