И јас ја имам, ја користам за блендање и предобра е. Единствена маана според мене е што не е многу мека, али за тие пари и повеќе од добра е!
mene mi stignaa cetkite od oriflame onaa za tecna pudra i za rumenilo taa za pudra e dobra no za rumenilo nikakvaa samo sto ja otvoriv polovina vlakna i popagjaa neznam dali mene ne mi se pogodi ili.. Se izv za lat od telefon sum
https://www.facebook.com/gyouthcosmetics1 ме интересира дали некој има порачувано од оваа страна на FB, а особено ме интересира за четките за сенка, мислење дали се убави од некој кој ги има порачано
Не ти препoрaчувaм дa пoрaчувaш oд oвaa стрaнa, кaкo првo цените се превисoки зa неoригинaл кoзметикa и четки истите мoжеш дa ги нaјдеш нa ибеј и aлиекспрес зa мнoгу нискa ценa. Рaзгледaј ги четките нa Real Technques јaс ги имaм тие зa сенкa, мнoгу се квaлитетни и не се скaпи. Ги имa нa iherb
Еве еден линк, совети кои четки се најпотребни ако сте почетник во шминкањето. Мислам дека нема потреба купување на сетови со 20-30 четки од кои што половина од тие не ви се потребни. http://rosee96.blogspot.mk/2015/02/must-have-makeup-brushes.html
@zenska, оваа мене ми е премногу мека непрактична за ништо друго освен за камена пудра или пудра во прав. Не ми се допаѓа каков ефект добивам кога се обидувам да контурирам со неа, премногу ми е „расцветена“, не знам дали ме сфати. Ти ја препорачувам онаа повеќенаменската на Аура, но таа без белиот врв. Истото мислење го имам и за таа четка од Аура (со бели врвови), премногу мека за да успеам да извлечам фина контура. Оваа Studio+brush на Аура е одлична иако е голема! Поцврста е и полесно се манипулира со неа.
Девојки сакам да си нарачам четки...но немам големо искуство со истите па совет би било добредојден. Читав на Реал Техникс четките се со добар квалитет за таа цена, но не сум сигурна дали да одберам поединечни или еден од сетовите(стартер, кор колекшан). Доколку има некој искуство со овие, или предлог за други би било одлично. Сакам да набавам четка за течна, камена пудра и руж/бронзер. Не мора да е од оние сетови со многу четки, овие неколку ќе ми вршат работа.
@danichap , поединечно четките ќе ти испаднат многу поскапо отколку да нарачаш сет. Мене многу ми се допаѓа оној сет кој го има @Rose96 и навистина ги има сите четки кои ти се потребни за средување на шминката на лице. Во план ми е да си нарачам и за себе наскоро, ќе споделам кога ќе се одлучам. Патем, мене многу ми се допаѓаат EcoТools четките. Од природни влакна се и изгледаат многу фино низ туторијалите кои ги следам по youtube. Со цените се тука некаде како RT, можеби некои сетови се поевтини, некои поскапи, зависи за кои четки се работи. Јас ги имам единствено кабуки четката и онаа стандардната за руменило - презадоволна сум од кабукито, не се споредува дури ни со онаа на Bourjois. Многу се фини и нежни и имат прекрасен дизајн. А RT сметам дека се баш класика и штом не ти требаат многу четки, за почеток дури и овие четири од стандардниот пакет ќе ти завршат огромна работа.
@danichap погледни ги и четките на Zoeva. Ако бараш high-end производ, ова е тоа. Се продаваат и во сетови и поединечно. https://www.zoeva-shop.de/makeup-brush-sets/ Се надевам Мишела нема да ми замери но, морам да корегирам дека ЕcoTools четките не се од природни влакна. Баш затоа и се еко. Исклучително меки на лице, но изработени од синтетички влакна (ова никако не е негативна карактеристика). Во спојлер цитат од нивниот сајт. Спојлер EcoTools cosmetic brushes are what started it all! Our cosmetic brushes are beautiful and show respect for the earth. They have incredibly soft synthetic bristles, sleek bamboo handles, recycled aluminum ferrules, and are 100% cruelty free. Дури и PETA ги има набројано во една листа за cruelty-free четки. http://www.peta.org/living/beauty/synthetic-make-brushes/ И уште еден податок. Сопственикот на брендовите Real Techniques и ЕcoTools е ист: Paris Presents. Претпоставувам (немам искуство со RТ) тука некаде се и со квалитет.
Не сум гуглала нешто повеќе за брендов, обично немам таква навика кога се работи за алатки за шминкање; четките ги добив на подарок и ова еко ме потсеќаше на нешто природно, a информацијата патем ми останала во глава од една српска блогерка - откај неа го слушнав ова. Ниту на крај памет не ми падна дека се всушност еко френдли, good to know и фала ти, @do-re-mi.
Дефинитивно можам да потврдам за ЕкоТулз. Ги немам ама имав прилика да ги пробам и користам неколку пати, многу ми се допаднаа. Јас цело време си мислев дека се поевтини од РТ? За РТ скоро сите имаат добри зборови да кажат, мислам дека нема да згрешиш ако си ги порачаш. Инаку исто така имав шанса да пробам неколку пати четка на Сефора, помеко и поубаво нешто немам ставено на лице. Поскапи се од РТ дефинитивно ама ако некој некогаш се мисли дали да купи јас би рекла go for it! без сомневање.
Предлог сунѓерче за нанесување течна пудра и коректор? Моментално користам рамна четка за пудра ( слична ваква http://www.fruitylashes.com/wp-cont...tion-Brush-Full-Coverage-Bristles-480x320.jpg ), но не ми се допаѓа за делот околу очите.