но мене ми е дека оваа е за маска за лице.. ама нема врска ќе ја порачам ќе видам како е.. и така не е многу скапа.99 денари е.
Не пишува на неа дека е за маска стриктно, прекрши го тоа правило и пробај ја, после можеш да ја измиеш.
Овој сет на четки за очи.. предобри се ниедно влакно нема паднато , ги имам веќе две години. Можеш да ги порачаш од iherb.com http://www.iherb.com/Real-Technique...yes-Enhanced-Starter-Set-5-Brushes-Case/41371
Пред неколку години земав едни четки од Џамбо за багателна некоја цена не се ни сеќавам, сет беа, за руменило/камена пудра, за очи за сенка и една мала тенка мислам дека за кармин е. Значи од тогаш секојдневно ги користам, еднаш неделно ги мијам и верувале или не ниедно влакно им нема паднато ниту пак обликот е изгубен. Не очекував толкава трајност од некои чкљ четки.
@koritsaki дали има бесплатен шипинг за Македонија? Сигурен е овој линк за нарачување? Ако не ти е мака, пиши ми збор-два околу нарачката и испораката.
Јас Ги имам веке една година од Алиекспрес, јас го имам комплетот од 15 четки. Многу се слатки на лик. Минимален мирис имаа но после првото перење излезе, не се грижи од таа страна Е сега за квалитетот не се којзнае што, секоја четка различно но генерално нема паѓање на влакната а се перени безброј пати. Тие за блендање сенка се груби по малку а тие за руменило/бронзер се многу меки и нежни но не земаат многу од производот.Се на се ке завршат работа но немај преголеми очекувања
@Lemony Фала ти многу, преголеми очекувања немам за таа цена, ама што викаш би ми завршиле работа, плус ги порачав и тие кабуки четките за течна пудра, многу биле слични со тие од Sigma, така ми напиша една читателка на блогот, таа ги имала и тие од Sigma и овие од Jessup и разликата меѓу нив била минимална.
Руби , од оваа страна освен четкиве имам порачано многу пати и витамини , а и многу други феминки имаат порачувано од странава. Работите некогаш ми стигнуваат за 15 дена некогаш за 25 , но се секогаш ми има стигнато. Шипинг се плаќа , за мк не сум сигурна колку е но ти пишува кога ќе треба да го платиш производот на крај , јас плаќам 4 долари мислам дека толку е и за МК
Ја завршив мојата долга и макотрпна потрага по четка за блендањеСе превртив и се разочарав, додека случајно не влегов во една парфимерија, карши полицијата после Бит пазар.Има две не таа првата нешто мода козметика што пишува , него оваа вторава, пишува Импала по излогот.Имаше внатре четки на Импала и јас сум маанџика за четки ама овие ми се видоа солидни во согласност со цените.Јас оваа убава пуфкаста за блендање ја земав 110 денари, оние поголемите по 190, 200 и нешто беа.Сосема пристојно , пошто сум видела далеку понеквалитетни со надувани цени кај нас. Мека е и не ме иритира, пошто страшно мразам четка да ме иритира и да ми упропастува козметика(а четка со лошо влакно и те како може да ти го направи тоа).Ја пробав супер си ја врши работата, не се шминкав целосно, само пробав со сенка како бленда,кога ќе се нашминкам целосно, пак ќе пишам импресииСега за трајност не знам колку ќе трае, само што ја купив.Во принцип мислам дека последната работа на која треба да се штеди се квалитетни четки, пошто џабе скапа козметика ако користиш лоши четки, aма нешто ми кажува дека оваа ќе ми се погоди Желба ми е да си ја купам MAC217, ама ако добро се покаже оваа , којзнае може ќе се предомислам Инаку планирам да купам уште една четка за блендање по малечка.Гледам на фејсбук страната на Александар Козметик и имаше избор од 4-5.Сакам да одам наредна прилика кога ќе одам накај Скопје, па ако некој бил скоро да ми каже како се снабдени со четки ? По цениве што ги гледав на официјалната страна баш пристапни ми се видоа. *Ваму моливчињата на импала беа 80 денари,продаваат на големо и мало.Не знам колку се на други места ама како да сум видела цени од 100-110 денари по други парфимерии.Земав едно да пробам , убава кремаста структира ми се виде, меки се баш како што сакам.
Larasolare мoливчињaтa нa Импaлa се предoбри јaс пoрaнo пред 5-6 гoдини имaв еднo црвенo структурaтa им е мн мекa кo путер дa стaвaш нa устa Вo врскa сo четкиве oд Алексaндaр.к пред 2 месецa земaв четкa зa руменилo мнoгу е мекaнa збиени и се влaкнaтa мнoгу е густa - прoдaвaчкaтa ми рече декa мoже и зa брoнзер дa јa кoристaм. Сегa зa сегa е oк иaкo мене вo мислa ми е четкaтa blush brush нa РТ. Сaкaв дa кaжaм имa избoр вo прoдaвницaвa зa четки бaш рaзгледaј си
Коритсаки, да беше во Скопје ќе ти ја подарев blush brush-от на РТ, озбилно. Ти кажав што мислам за неа.