Јас живеев скоро 9 години во Италија, Рим и од таму ги земав од продавницата на Сефора цел сет го земав за ич пари на попуст им беше. А за онлине не знам дали испорачуваат.
Препорачајте ми сет од четки за очи, да може да се купи од Скопје без порачки, дали воопшто постојат кај нас сетови од неколку или стандард се по една до две за продажба?
На Аура има сет четки. А тебе за што ти требаат четки, какви сакаш? Може ќе ти е поубаво сама да си направиш сет, т.е. да купиш поединечно. Имаш ли некоја посебна замисла за што ти требаат? (Бронзер,пудра, за сенки?
Јас моето го чистам со маслиново масло и детаргент за миење садови...Ќе ставиш малку од маслото и малку детаргент и ќе го протриеш под вода ,потоа само изми го со вода и ќе ти се исчисти.
Дa прaшaм нештo вo врскa сo четкa кoјa штo јa имaм дoмa. Јaс земaв четкaвa oд Алексaндaр кoзметикс, ми требaше четкa зa руменилo пa oвaa ми јa пoнудијa. Јa кoристaм некoе време зa руменилo нo не ми се дoпaѓa мнoгу кaкo гo нaнесувa нa лице. Ме интересирa дaли мoже дa се кoристи и зa течнa пудрa?
Па да зашто да не можеш.Инаку сакам да те прашам каде точно се наоѓа Александар козметикс од кога го имаат отворено пошто мислам дека во Мк мислам дека до скоро немаше такво нешто
Јас мислам дека можеш, бидејки со секое наредно нанесување течна пудра влакненцата ке се згуснат и ке имаат исто дејсво како и четките за нанесување течна пудра.Па доколку не ти се допаѓа можеш да ја измиеш...
Da bidam iskrena, mene ovaa cetka poveke mi lici na cetka za tecna pudra otkolku na cetka za rumenilo... Jas vikam probaj ja so pudra
Мој совет е ако не се бавите професионално со шминка да не купувате веќе оформени сетови со четки затоа што голем дел од нив ќе ви останат не искористени. Најдобро е да си земате една по една, само тие што ви се најпотребни. Добро е да вложиш во добро четки затоа што и подолго ќе ги користиш и шминката многу подобро се нанесува. @koritsaki можеш да ја користиш за фиксирање на коректорот под очите ми изгледа камо добра за таа намена, или за контур.
Ми треба само за нанесување на сенки на очите, за нанесување на останатиот дел од шминка веќе имам. Како пример еве една која е со рамна сплесната страна за нанесување на сенка, потоа за блендање на која врвот ќе и е испакнат и да е помека, мала и тенка за прецизно истакнување на работ на окото итн.
Епа има на аура една од двете страни има четки, http://www.aura.co.rs/proizvodi/accessories/duo-shader-brush.html Има една со агол http://www.aura.co.rs/proizvodi/accessories/small-angled-brush.html и http://www.aura.co.rs/proizvodi/accessories/cetkica-za-nanosenje-senke-za-oci.html Исто така има на Импала многу убава четка за блендање, таа исто околу 100 денари е, колку што се и овие погоре претпоставувам. А сет од вакви за очи кај нас не верувам дека има, барем јас не сум сретнала, само со големи четки имам гледано.
Јас ти препорачувам да си одиш на Бит-пазар (ако си од Скопје) и од тезгите за козметика да си ги набавиш четките на Импала. Покрај стандардната за течна пудра и руменило, имаат и четки за очи и тоа баш онакви какви што сакаш - 100 денари парче. Поквалитетни четки од овие немам најдено никаде. Јас имам за блендање и четка со прецизен врв за гел-лајнер или нешто од тој тип, а имаше и онаква најобична за нанесување сенка и двостана, ако не се лажам. Провери ако те носи патот натаму, сигурна сум дека ќе бидеш задоволна.
Јас имам две- ги користам за течна пудра дава висока покривност,за камена пудра со тапкање ја нанесувам и за контурирање и за течно и за прашкасто
Пa фaлa ви женски мене мнoгу ми личи нa тaa жoлтaтa четкa зa течнa пудрa штo е oд РТ, зaштo е мнoгу густa пa си викaм зaштo дa немoже и зa т.пудрa дa се кoристи
Не сум знаела дека ги има и на тезгите.Tаму подобро стојат со цени или исто се ? Сите четки на Импала ги има и карши полицијата на Бит пазар во една парфимерија на мало и големо продаваат, на излогот пишува Импала нешто...И јас да кажам дека сум задоволна.Јас таа за блендирање ја имам и еве сега по повеќепати користење поубаво можам да проценам.Ептен убаво си ја врши работата,дека е таква со волумен поголема,многу убаво бленда и што е најважно убаво е влакното меко, не ме иритира.Јас 110 денари ја земав.За поголемите што прашав една закосена за лице беше190. Земав и една за блендање Cala од Александар Козметикс,пошто и помала сакав да имам 230 денари е, не е лоша ама како повеќе да ја апсорбира сенката и помалку остава,за разлика од оваа на Импала.Импала повеќе ми се допаѓа дефинитивно и кој му треба четка за блендање(а ако веќе се шминкате со сенки, на сите ви треба)нема да згреши,за тие пари е повеќе од одлична.Јас се препородив со четкава
Во Космо на промоција, со купена пудра одат четки гратис. Не ми е при крај пудрата ХМ ама ако вредат да ги земам. Шго мислите?
Не, овој сет четки не може да се најде во слободна продажба, туку е промотивен сет и обично пуштаат акции еднаш до два пати годишно во кои го вклучуваат. Јас ваков сет четки зедов преклани за 8-ми Март, но не сум задоволна од него. Не очекувајте којзнае каков дијапазон на четки - има една за руменило или камена пудра (премала за камена пудра, а малку непрецизна за руменило - контур во никој случај), една плоската ко за течна пудра, ама премала е и потребно ми е подолго време за да нанесам течна пудра (на крај резултира со менување четка, зашто секогаш ја баталувам). Не е за коректор - не е толку мала, ама подобра опција е нанесување коректор отколку течна пудра со така мала површина. Има апликатор за сенка - тотално непотребна четка според мене - подобро да ставеле некоја за блендање или нормална четка за нанесување сенка, онаа кратката бушава ми е фина како за не толку прецизно блендање и таа за гел лајнер е единствена која почесто ја користам. Фини влакна, ама тотално непрактични четки. Мојот сет е розев, се чувствувам како Барби додека го употребувам. Мој најискрен совет - ако користите некоја од пудрите на Боржуа и ви треба нова во моментов - земете, инаку не вреди да се малтретирате за овој сет. Поединечните четки им се неспоредливо поквалитетни од овие. Кабуки четката им е 500 денари, а толку е и онаа богато-бушава четка за руменило/контурирање. @LaraSolare , на Бит-пазар имаат доста избор, барем имаше кога бев јас. Не знам за која парфимерија збориш - не сум ја приметила до сега, но обично на Бит-пазар нештата се секогаш поевтини. Најскапата четка таму беше 200 денари.