Девојкии да ви кажам една прекрасна вест.Сигма има денес по повод black friday free international shipping, си има и за Америка ама и за секаде во светот.Јас сум пресреќна, долго време сакав да си порачам, ама премногу им беше скап шипингот *Инаку само 24 часа им трае понудава @Mishela Јас тогаш кога бев прошетав прво низ тезгите, ама сите четки ептен никакви ми се гледаа, не видов на Импала, има конкретна тезга на која се наоѓаат или ?
Девојки, направив видео за како ги чистам моите четки и како ги сушам за да не го изгубат квалитетот на влакното. Како ви се допаѓа?
Немам поим која точно е тезгата, но веднаш спроти неа има друга тезга со накит, во таа област се наоѓа отприлика и само кај тој дедо имаше четки за шминкање Импала. Е, ако во меѓувреме и некој друг донел вакви четки - не знам, неколку месеци не сум била натаму. Немаат некој којзнае каков дизајн, но многу се добри и ептен профи изглед се добива. Ако не другите, онаа за блендање мораш да ја имаш, мене ми е омилена.
Денес си се подновив, само што ќе ме поклопеше багер додека да ја најдам продавничката (ја поправаат улицата) али еве здрава и среќна ви пишувам
Четката е плосната , поточно еве линк : http://impalacosmetics.com/en/category/impala-accessories/impala-foundation-brush-8/ Има уште една бр.4 али мислам дека и двете нема баш рамномерно и без траги да ја нанесат течната пудра. Сметам дека не би се добил тој flawless ефект, како на пример со Expert Face Brush од RT да речеме. Можеби грешам, поправете ме ако е така меѓутоа тоа е моето мислење. Инаку да знаете релативно нова сум на форумов ова ми е прв пост па поздрав до сите
Новите четки од Аура конечно стигнаа (во ДМ Веро ги видов), има и една за блендање. Исто така можеш да земеш од Импала (2 е бројчето)
Прееска ја земав новата,голема четка од Аура,таа за руменило/контурирање што може да се користи. Ама ја немаше малата четкичка за блендање сенка, во Дм Веро,па ако може да пишете ако ја видите некаде.
Што мислите која е подобра за нанесување бронзер? Оваа како пресечена што е... http://www.ebay.com/itm/FLAT-ANGLED...676885?hash=item1ea08df595:g:9CQAAOSw-vlViiYj Или оваа бушавата: http://www.ebay.com/itm/Bamboo-Bronzer-Soft-Cosmetic-Foundation-Powder-Brush-Makeup-Blusher-Beauty-Tool/141743306908?_trksid=p2047675.c100005.m1851&_trkparms=aid=222007&algo=SIC.MBE&ao=1&asc=20131003132420&meid=49683dcf59024829aea446aaad647b67&pid=100005&rk=1&rkt=4&sd=261714232507 Јас моментално ја имам само четката од Есенс со розеви влакна и ја користам за бронзер, а понекогаш и за руменила, друга немам.И една со козји влакна, од сет, првичната намена и е за бронзер ама преголема е и нефункционална, па ја користам за нанесување камена пудра.