Јас ја имам и никако не можам да ја користам за течна пудра многу ја впива и некако ретка е со влакна јас повеќе ги сакам кога се со многу густи влакна така поголема покривност добивам. А оваа и линии многу ми правеше. За камена пудра или пудра во прав е предобра.
Јас прво користам една друга четка за течната пудра ама колку само да ја разнесам на цело лице и потоа со оваа четка и ми е одлична. @x.Daisy.x
Девоjки дали може да ми препорачате четка за течна пудра. Од моб сум и страшно кочи па не можам да листам наназад
Можеби сум заостаната и информацијава не е нова, но денес ги видов новите четки на Есенц во Дм, едни преслатки, шаренки, како бонбончиња се Сега знам што сакам од Дедо Мраз на Нова година Да не ги користел некој да ми каже какви се?
Имам приметено дека вакви закосени обично користат некои YT блогерки, ама не знам, може бива и рамна (заоблена) Спојлер Damn...
Оваа четка е за руменило, доколку контурираш со стикови доволно е со сунѓерче да ги соединиш боите. Доколку контурираш со камени пудри тогаш ти требаат четки
Јас купив една за блендање и не сум многу задоволна.Јас сакам меки четки, но сепак да не ти го задржуваат продуктот премногу.Таа од Александар Козметик е таква, уште тогаш си помислив, ама си реков ај да пробам и така не е толку скапа.Може вода да и носи на оваа од Импала.Слабо некако и бленда и како да ми ја "пие" сенката.Не знам може и до мене е, сакам да кажам дека за тие дупло помалку пари мене другава ми е подобра.Баш и сакам да видам што друго имаат од Импала ептен пријатно ме изненадија со оваа за блендање. Колку што видов влакното на овие Cala јас што ги имам на сите беше слично така да не верувам дека се многу компактибилни за продукти во прав, ќе ги цицаат.А тие на blush уште понепривлечно ми беше влакното некако, ама може подобро ќе беше таква да земев. @MiloMalo @malecko5 И јас сакам некоја закосена четка за полесно правење контури(другарка ми зема на Дебора една слична, задоволна е, ама јас сакам помалечка,повеќе прегледност имам така), исто и оние големи што потсеќаат на blending brushes гледам ги користат во видеа за контурирање.A и flat kabuki што се користи за течна пудра исто така, гледам посебно на инстаграм со нив ги блендаат потемните пудри или коректорите. И мислам дека и кога се контурираш со оние cream коректори или потемна пудра или стик било што треба да сетираш одозгора со вакви компактни пудри, што сум гледала на видеа поубаво и поприродно изгледа одозгора кога ги фиксираат со сетови за контурирање како камени пудри што се.Мислам може и со транслусцентна,камена ама да не е без ништо , онака ми изгледа како cakey .Веројатно си зависи тоа и до типот на кожа.
Има четка за блендање на Импала? Јас имам една на Аура не знам дали сум грешка ама осеќам дека е голема. Оваа на Импала помала е? И каде се наоѓа на битпазар продавничката на Импала точно ? Читав дека е кај полициската станица , но не знам каде е .
За блендање на сенка зборам, не за лице, веројатно на исто мислиме ? Инаку ако знаеш каде е полициската станица на Бит пазар нема да ја промашиш(ако не знаеш каде е aко сакаш и детално ќе ти објаснам само не знам од која страна би одела), карши има 2 парфимерии едната е со натписи Мода, другата е со натписи Импала по излогот.Не знам какви точно четки имаше ама имаше доста избор.Инаку за блендање на сенка само оваа беше и да прилично е големка и јас божем за помала ја земав оваа од Александар козметик ама ништо оваа на Импала e повеќе од одлична, ме служи супер и секогаш по неа посегнувам.Еве ти слика А најдобрата работа е што чини 110 денари Фалена е неколку страници наназад, можеш да читнеш ако те интересира. Исто овде ги имаш сите четки на слика http://impalacosmetics.com/en/category/impala-accessories/impala-make-up-brush-1/
Јас ги имам и двете и различен ефект даваат оваа поголемата повеќе "брише" некако. Баш кога ќе можам ќе ја купам оваа на Импала па да направам споредба.
Е баш за таа зборам од десната страна, поголемата.Не знам брише ли , го впива ли продуктот па не пушта ама не сум задоволна, баш што викаш кога ќе се поминам како помалку да имам, не ми се допаѓа во секој случај Ја користам минимално пошто е помала и ми ја треба некогаш.
311 на Кала - како што и пишува на неа служи за блендање на сенката а не за нанесување. Оваа четка служи за 1.нанесување прелазни сенки , сенки помеѓу капакот и под веѓата. 2. блендање односно ублажување на интензивни и темни сенки, smokey eyes look Ова е една од најнежните и најдобрите четки кои ги имам за блендање, oваа и МАС 217 ми се омилени за блендање