Бирам четка за течна пудра како од неа да ми зависи животот Ja отупев скроз знам ама ме интересира дали некоja од вас користи четки на Голден Роуз? Како сте задоволни? Скапи ли се?
Женски а овие четки ги има во Мк? Кај нас таа двојната е 25евра, а за руменило 16евра па викам поевтини да не се
Ми стигнаа четките од Jessup Brushes лелее не можам да ви опишам колку се прекрасни, утре ќе ставам слика на темава. <3
Јас ги видов во Тавталиџе. И таму сетот го нема. Веројатно само што беа изложени и немаа цени. Ако купиш некоја, сподели впечаток
Важи Баш утре сакав да одам во Дм А четкиве, штом ги видов на страната на Есенс, август месец, одма се заљубив во нив Шаренки, интересни, да ти е мерак да ги купиш! Е сега, немам гаранција за квалитет, ама сите производи на Есенс, според мене се и повеќе од одлични, па и четкиве би требало да бидат квалитетни.
Еве ги четките од Jessup Brushes Ако сакате да напишам и рецензија на блогот, од тие неколку што ги пробав пријатно сум изненадена.
Ги купив четките на Есенс од колекцијата Make me pretty- таа за кармин и таа портокаловата, повеќенаменска за сенка. Влакната се многу меки и не иритираат. Сеуште не сум ги испробала многу, кога ќе ги испробам, ќе пишам
И јас денес конечно купив четка за течна пудра на Аура, всушност сакав да купам на Голден Роуз затоа што прочитав доста позитивни коментари ама дека ја немаше таа па ја земав оваа на Аура 240 ден. Сеуште не ми е испробана ама вака на допир е убава, меки се влакната и нежни. Штом ја пробам ќе пишам како е.
Не знам дали си се збунила нешто, ама ние неколку постови нагоре дискутираме за четка за блендање, никаде не спомнавме за нанесување.Јас за малку ќе ја купев Мac 217, за да се предомислам да ја земам за блендање на Сигма, откако ја земав на Мac 242 за нанесување на сенка, ептен ептен сум задоволна и се мислам сепак да ја земам МАC здравје при некое одење некаде надвор од Македонија. Ама пошто ја имам пробано МАC 217 и мене ми нема никаква сличност со влакната со оваа на Cala.Оваа на Cala и се како живи лизгави влакната, а на Mac имаа некоја блага крутост, не иритира четката мека е ама покрута ми се виде од оваа другава.Оваа за никаде ми е баш што вика Фроси како да ја брише сенката, а не да ја бленда, дури некогаш имам чувство дека едвај и нешто прави.
Луѓе што трошите повише од 1000 денари на четки, одете на алиекспрес, ибеиј или амазон и нарачајте си за 300 денари имате цел сет и тоа се многу квалитетни, ви зборам од искуство.
Се согласувам да, но еве на моите нарачани од и-беј после 2 години на поголемите четки им паѓа по некое влакненце